Изреки 13:1-25

13  Мудар е синот кого таткото го опоменува,*+ а потсмевач е оној што не слуша кога го укоруваат.+  Од плодот на својата уста човекот го јаде она што е добро,+ а душата на оние што постапуваат неверно е полна со насилство.+  Кој си ја чува устата, си ја чува душата.+ Кој зборува непромислено,* пропаѓа.+  Мрзливецот е полн со желби, но неговата душа нема ништо,+ а душата на трудољубивите ќе се насити.+  Праведникот го мрази лажливиот збор,+ а злите прават срамни дела и си навлекуваат срам.+  Праведноста го чува оној што е незлоблив* на својот пат,+ а злобата го соборува грешникот.+  Некој се прави богат, а нема ништо;+ некој се прави сиромашен, а има голем имот.  Богатството на човекот му е откуп за неговата душа,+ а сиромашниот не слуша остри зборови.+  Светлината на праведните весело сјае,+ а светилката на злите ќе се угасне.+ 10  Вообразеноста само предизвикува караници,+ а мудри се оние што меѓусебно се советуваат.+ 11  Нагло стекнатото богатство исчезнува,+ а кој собира со раката, го умножува имотот.+ 12  Од предолго исчекување се разболува срцето,+ а исполнетата желба е дрво на животот.+ 13  Кој го презира зборот,+ нему му се одзема она што го дал во залог, а кој има страхопочит кон заповедта, добива награда.+ 14  Поуката* на мудриот е извор на животот,+ избавува од замките на смртта.+ 15  Големата разборитост* донесува наклоност од другите,+ а патот на оние што постапуваат неверно е нерамен.+ 16  Со делата на паметниот човек управува знаењето,+ а безумникот шири глупост.+ 17  Злиот гласник упаѓа во зло,+ а верниот пратеник донесува излекување.+ 18  Кој не се грижи за опомените,* го стигнува сиромаштија и срам,+ а кој прифаќа укор, заслужува чест.+ 19  Исполнетата желба е пријатна за душата,+ а на безумните им е одвратно да се тргнат од злото.+ 20  Кој оди со мудрите, ќе стане мудар,+ а кој си има работа со безумни, лошо ќе си помине.+ 21  Неволјата ги прогонува грешниците,+ а доброто им е награда на праведниците.+ 22  Добриот човек им остава наследство на своите синови, а богатството на грешникот се чува за праведникот.+ 23  Изораната нива на сиромавиот дава изобилство храна,+ а некој пропаѓа зашто нема правда.+ 24  Кој ја штеди прачката, го мрази својот син,+ а кој го сака, грижливо го опоменува.*+ 25  Праведникот јаде додека да си ја насити душата,+ а стомакот на злите останува празен.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „Кој ширум ги отвора своите усни“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „Законот“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Види ја фуснотата за Из 1:2.