Изреки 15:1-33
15 Благиот одговор го смирува гневот,+ а остриот збор предизвикува лутина.+
2 Јазикот на мудрите прави добро со своето знаење,+ а од устата на глупавите извира безумство.+
3 Очите на Јехова се на секое место+ и ги набљудуваат и злите и добрите.+
4 Благиот јазик е дрво на животот,+ а неговата изопаченост го крши духот.+
5 Глупавиот ги презира опомените* од својот татко,+ а оној што прифаќа укор е паметен.+
6 Во куќата на праведниот има многу од сѐ,+ а приходот на злиот донесува осуда.+
7 Усните на мудрите сеат знаење,+ а срцето на глупавите не го прави тоа.+
8 Жртвата на злите му е одвратна на Јехова,+ а молитвата на справедливите му е пријатна.+
9 На Јехова му е одвратен патот на злиот,+ а го сака оној што оди по праведноста.+
10 Строга казна* го чека оној што го напушта правиот пат;+ кој мрази укор, ќе умре.+
11 Гробот* и местото на пропаста+ се отворени пред Јехова,+ а колку повеќе срцата на синовите човечки!+
12 Потсмевачот не го сака оној што го укорува.+ Тој не оди кај мудрите.+
13 Радосното срце го разведрува лицето,+ а болката во срцето го крши духот.+
14 Разборитото* срце бара знаење,+ а устата на безумните тежнее кон глупавост.+
15 Сите денови на страдалникот се лоши,+ а кој има весело срце, на гозба е без престан.+
16 Подобро е малку, но со страв од Јехова,+ отколку големо богатство и немир со него.+
17 Подобро е јадење од зеленчук таму каде што има љубов+ отколку згоен јунец таму каде што има омраза.+
18 Гневниот човек предизвикува караница,+ а кој е бавен на гнев, ја смирува препирката.+
19 Патот на мрзливецот е како плот од трње,+ а патеката на справедливите е како израмнет пат.+
20 Мудриот син го радува таткото,+ а безумниот човек ја презира мајка си.+
21 Неразумниот*+ ѝ се радува на глупавоста, а разборитиот човек оди право.+
22 Намерите* пропаѓаат таму каде што нема доверлив разговор,+ а успехот лежи во мноштвото советници.+
23 Човекот се радува на одговорот од својата уста,+ и збор кажан во право време — колку е добар!+
24 Патот на животот го води нагоре+ оној што постапува разборито* за да го избегне гробот,* кој е долу.+
25 Јехова ја руши куќата на оние што самите себе се возвишуваат,+ а ја утврдува меѓата на вдовицата.+
26 Замислите на злиот човек му се одвратни на Јехова,+ а пријатните зборови се чисти.+
27 Кој стекнува неправедна добивка, го доведува својот дом на лош глас,+ а кој мрази поткуп, ќе живее.+
28 Срцето на праведникот промислува што ќе одговори,+ а од устата на злите луѓе извира зло.+
29 Јехова е далеку од злите,+ а ја слуша молитвата на праведните.+
30 Сјајот во очите+ го весели срцето,+ и добрата вест+ ги крепи коските.+
31 Увото што слуша животодавен укор+ престојува меѓу мудрите.+
32 Кој ги отфрла опомените,*+ не води сметка за сопствената душа, а кој слуша укор, стекнува разборитост.*+
33 Стравот од Јехова учи* на мудрост,+ и пред честа оди понизноста.+
Фусноти
^ Буквално: „Шеолот“.
^ Буквално: „Оној што нема [разборито] срце“.
^ Или: „Плановите“.
^ Буквално: „шеолот“.
^ Буквално: „стекнува [разборито] срце“.