Изреки 19:1-29
19 Сиромавиот кој живее* непорочно* е подобар+ од човекот со расипани усни и од глупавиот.+
2 Не е добро душата да биде без знаење,+ и кој брза со нозете, прави грев.+
3 Глупавоста на човекот му го искривува патот,+ а срцето негово му се лути на Јехова.+
4 Богатството собира многу пријатели,+ а сиромавиот е оставен и од својот пријател.+
5 Лажниот сведок не останува без казна,+ и кој зборува лаги, нема да се извлече.+
6 Мнозина се трудат да го одоброволат* лицето на достоинственикот,+ и секој му е пријател на човекот што дава дарови.+
7 Сиромавиот го мразат сите негови браќа,+ а уште повеќе се оддалечуваат од него неговите пријатели!+ Тој трча за да им каже нешто, но никого не наоѓа.+
8 Кој стекнува разборитост,*+ си ја сака душата. Кој ја чува разборитоста, наоѓа добро.+
9 Лажниот сведок не останува без казна,+ и кој зборува лаги, пропаѓа.+
10 Раскошот не му прилега на безумникот,+ а уште помалку му прилега на слуга да владее над кнезовите.+
11 Разбирањето* го спречува човекот да се гневи,+ и чест му е да премине преку престапот.+
12 Гневот на царот е како рикање на млад лав,+ а неговата наклоност е како роса по тревата.+
13 Безумниот син е несреќа за татка си,+ и караниците на жената се како покрив што протечува и го тера човекот да се тргне оттаму.+
14 Куќата и богатството се наследуваат од татковците,+ а од Јехова е разборитата жена.+
15 Мрзливоста го фрла човекот во длабок сон,+ и немарната душа гладува.+
16 Кој ја држи заповедта, си ја чува душата,+ а кој не се грижи за своите патишта, ќе умре.+
17 Кој е милостив кон сиромавиот, му дава заем на Јехова,+ и Тој ќе му плати за неговите дела.+
18 Казнувај го својот син додека има надеж;+ твојата душа нека не ја посака неговата смрт.+
19 Кој се гневи многу, плаќа глоба+ — ако го избавиш еднаш, ќе мораш да го правиш тоа секогаш одново.+
20 Слушај совет и прифати укор,*+ за после да бидеш мудар.+
21 Во срцето на човекот има многу намери,*+ но што ќе науми Јехова, тоа и ќе се оствари.+
22 Кај човекот се цени неговата добрина,*+ и сиромавиот е подобар од лажливецот.+
23 Стравот од Јехова води во живот,+ и тој што го има, мирно спие,+ не го снаоѓа зло.+
24 Мрзливецот ќе макне со раката во чинијата,+ но не може да си ја принесе до устата.+
25 Удри го потсмевачот+ за да се опаметат неискусните,+ и укори го разумниот за да стекне знаење.+
26 Кој го малтретира татка си и ја брка мајка си,+ тој е син кој постапува срамно и нечесно.+
27 Сине мој, ако престанеш да ги слушаш опомените,* тоа ќе те одвлече од зборовите на знаењето.+
28 Никаквецот, кога е сведок, ѝ се потсмева на правдата,+ и злите луѓе уживаат во зло.+
29 Казни ги чекаат потсмевачите,+ и удари го чекаат грбот на глупавите.+
Фусноти
^ Буквално: „оди“.
^ Буквално: „омекнат“.
^ Буквално: „стекнува [разборито] срце“.
^ Или: „планови“.