Изреки 2:1-22
2 Сине мој, ако ги примиш моите зборови+ и ако ги зачуваш во себе моите заповеди,+
2 ако ја слушаш со увото мудроста+ и го приклониш срцето кон разборитоста,+
3 ако го повикаш разумот*+ и ако ја викнеш проникливоста,+
4 ако го побараш сето тоа како сребро+ и ако трагаш по него како по скриено богатство,+
5 тогаш ќе разбереш што значи да се има страв пред Јехова+ и ќе го пронајдеш знаењето за Бог.+
6 Зашто, Јехова дава мудрост,+ од неговата уста доаѓаат знаењето и проникливоста.+
7 Тој им помага на чесните да постапуваат мудро,*+ штит им е на оние што живеат* непорочно,*+
8 зашто внимава на патеките на правдата+ и го чува патот на оние што му се лојални.+
9 Тогаш ќе разбереш што значи праведност и исправно просудување и справедливост, сето она што е на патот на добротата.+
10 Кога мудроста ќе ти влезе во срцето+ и знаењето ќе ѝ стане пријатно на твојата душа,+
11 способноста за расудување ќе внимава на тебе,+ проникливоста ќе те чува,+
12 и ќе те избават од лош пат,+ од човек што кажува изопачени работи,+
13 од оние што ги напуштаат патеките на чесноста за да одат по патиштата на темнината,+
14 од оние што се радуваат кога прават зло+ и уживаат во зли и изопачени работи,+
15 чии патеки се расипани и кои застраниле на своите патишта,+
16 и ќе те избават од блудница,*+ од слаткоречива прељубница,*+
17 која го остава блискиот другар на својата младост+ и го заборава сојузот на својот Бог.+
18 Зашто, нејзината куќа тоне во смртта и нејзините патеки водат кон немоќните мртовци.+
19 Кој ќе легне со неа, нема да се врати и никогаш нема да стапи на патиштата на живите.+
20 Целта на овие зборови е да одиш по патот на добрите луѓе+ и да се држиш за патеките на праведниците.+
21 Зашто, праведниците ќе живеат на земјата+ и непорочните* ќе останат на неа.+
22 А злите ќе бидат истребени од земјата+ и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа.+
Фусноти
^ Буквално: „одат“.
^ Или: „Тој ја чува делотворната (практична, применлива) мудрост за чесните“.
^ Буквално: „жена од друга земја“.
^ Буквално: „туѓинка“.