Изреки 22:1-29

22  Подобро е да избереш добро име отколку големо богатство,+ и наклоноста од другите е подобра од среброто и златото.+  Богатиот и сиромавиот се среќаваат еден со друг.+ И двајцата ги создал Јехова.+  Паметниот човек го гледа злото и се трга,+ а глупавите* одат понатаму и ја трпат казната.+  Понизноста и стравот од Јехова донесуваат богатство, чест и живот.+  На патот на расипаниот човек има трње и замки;+ кој си ја чува душата, се држи далеку од нив.+  Воспитувај го детето според патот по кој треба да оди,+ па нема да скршне од него ни кога ќе остари.+  Богаташот владее над сиромасите,+ и кој зема на заем, слуга му е на оној што му го дава заемот.+  Кој сее неправда, ќе пожнее зло,+ а прачката со која удира во својот бес ќе пропадне.+  Кој има добронамерно око, ќе биде благословен, зашто му дава од својот леб на сиромавиот.+ 10  Избркај го потсмевачот, за да си отиде караницата и за да прекине спорот и срамот.+ 11  На оној што ја сака чистотата на срцето+ и убаво зборува со своите усни, царот му е пријател.+ 12  Очите на Јехова го чуваат знаењето,+ а тој ги претвора во пропаст зборовите на оној што постапува неверно.+ 13  Мрзливецот вели:+ „Надвор има лав!+ Ќе загинам среде плоштад!“ 14  Устата на блудницата* е длабока јама.+ Тој што е осуден од Јехова, паѓа во неа.+ 15  Глупоста е приврзана за срцето на детето;+ прачката на поуката* ја отстранува од него.+ 16  Кој го мами сиромашниот за да натрупа многу работи за себе,+ и кој му дава на богатиот, сигурно ќе падне во немаштија.+ 17  Приклони го увото и чуј ги зборовите на мудрите луѓе,+ насочи го срцето кон моето знаење.+ 18  Зашто, ќе ти биде пријатно кога ќе ги зачуваш во својата внатрешност+ и кога ќе бидат готови да излезат преку твоите усни.+ 19  Денес те поучувам тебе за да имаш доверба во Јехова.+ 20  Зар веќе не ти пишав зборови полни со совети и знаење,+ 21  за да ти ја покажам вистинитоста на веродостојните зборови, за да му возвратиш со зборови на вистина на оној што ќе те испрати?+ 22  Не ограбувај го сиромавиот затоа што е сиромав,+ и не гази го на градските порти оној што е во неволја.+ 23  Зашто, Јехова ќе ја води нивната парница+ и ќе им ја грабне душата на оние што грабаат од нив.+ 24  Не дружи се со оној што е склон кон лутина+ и не оди со човек кој лесно се разгневува, 25  за да не се навикнеш на неговите патишта, па да си поставиш замка за душата.+ 26  Не биди меѓу оние што даваат рака,+ кои гарантираат за долгови.+ 27  Ако немаш со што да платиш, зошто да ти ја земат и постелата од под тебе? 28  Не преместувај ги старите меѓи, кои ги поставиле твоите татковци.+ 29  Си видел ли човек вешт во својата работа? Таквиот ќе стои пред цареви,+ нема да стои пред обични луѓе.

Фусноти

Или: „неискусните“.
Буквално: „жената од друга земја“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.