Изреки 29:1-27

29  Човекот кој е повеќе пати укоруван,+ но останува тврдоглав,*+ одеднаш ќе се скрши, и ќе му нема лек.+  Кога се множат праведниците, народот се радува,+ а кога владее злиот, народот воздивнува.+  Човекот што ја сака мудроста, го радува татка си,+ а оној што се дружи со блудници, уништува сѐ што е вредно.+  Со правдата на царот земјата стои,+ а подмитливиот човек ја руши.+  Човек кој му ласка на ближниот свој,+ му распнува мрежа за нозете.+  Во гревот на злиот човек лежи замка,+ а праведникот радосно извикува и се весели.+  Праведникот ги разбира правата на бедните.+ Оној што е зол, не сака да знае ништо за тоа.+  Луѓе што зборуваат вообразено, потпалуваат град,+ а мудрите го стивнуваат гневот.+  Кога мудар човек ќе влезе во спор со безумник, безумникот се лути и се смее, а мудриот нема мир.+ 10  Крвожедните луѓе ги мразат беспрекорните,*+ а справедливите се грижат за душата на секој од нив.+ 11  Безумникот го излева сиот свој гнев,* а оној што е мудар, останува мирен до крајот.+ 12  Кога владетелот слуша лажни зборови, сите што го послужуваат стануваат зли.+ 13  Сиромавиот и угнетувачот се среќаваат еден со друг,+ а Јехова им ги просветлува очите на двајцата.+ 14  Кога царот им суди на бедните според вистината,+ неговиот престол ќе се утврди за сите времиња.+ 15  Прачката и укорот даваат мудрост,+ а дете распуштено ја срамоти мајка си.+ 16  Кога се множат злите, се умножуваат престапите, но праведниците ќе ја гледаат нивната пропаст.+ 17  Казни го синот свој, и тој ќе ти донесе мир тебе и големо задоволство на душата твоја.+ 18  Кога нема Божји објави, народот се разуздува,+ а среќни се оние што се држат за законот.+ 19  Само од зборови слугата не се поправа,+ зашто, иако ги разбира, не обрнува внимание на нив.+ 20  Дали си видел човек брз на зборови?+ Повеќе надеж има за безумникот отколку за него.+ 21  Ако некој го разгалува својот слуга од неговата младост, тој подоцна ќе стане неблагодарен. 22  Човек што е склон кон гнев, предизвикува караница,+ и избувливиот човек прави многу престапи.+ 23  Вообразеноста го понижува човекот,+ а оној што е понизен* се здобива со чест.+ 24  Кој ќе се здружи со крадец, ја мрази душата своја.+ Слуша клетви, но ништо не кажува.+ 25  Кој се тресе од страв од човек, си поставува замка,+ а кој се надева на Јехова, ќе биде заштитен.+ 26  Мнозина го бараат лицето на владетелот,+ но Јехова е тој што му суди на човекот.+ 27  Неправедниот човек им е одвратен на праведниците,+ а оној што е справедлив на својот пат му е одвратен на злиот.+

Фусноти

Или: „тврдоврат“. Буквално: „ја стврднува шијата (вратот)“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „дух“.
Буквално: „со понизен дух“.