Изреки 31:1-31

31  Зборови на царот Лемуил, важни поуки+ со кои го советуваше мајка му:+  Што да ти кажам, сине мој? Што да ти кажам, сине на утробата моја?+ Што да ти кажам, сине на заветите мои?+  Не давај им ја силата своја на жени,+ ниту патиштата свои на она што ги упропастува царевите.+  Не е за царевите, Лемуиле, не е за царевите да пијат вино, ниту за кнезовите да велат: „Каде е опојниот пијалак?“+  — за да не пијат, па да ги заборават законите и да го оштетат страдалникот во неговата парница.+  Дајте му опоен пијалак на оној што умира,+ и вино на оние што се огорчени во душата.+  Тој нека пие и нека ја заборави сиромаштијата своја, и повеќе нека не се сеќава на неволјата своја.  Отворај ја својата уста во корист на оние што не можат самите да зборуваат,+ отворај ја устата за да ги браниш сите што одат во смрт.+  Отворај ја устата своја, суди праведно и брани ги на суд страдалникот и сиромавиот.+ א [алеф] * 10  Кој ќе најде вредна жена?+ Таа вреди многу повеќе од бисери.* ב [бет] 11  Срцето на мажот* нејзин се потпира на неа, и добивка никогаш нема да недостасува.+ ג [гимел] 12  Му возвраќа само со добро, а не со зло, во сите денови од животот свој.+ ד [далет] 13  Бара волна и лен, и за секоја работа со задоволство се зафаќаат нејзините раце.+ ה [хеј] 14  Таа е како трговски брод,+ оддалеку ја носи својата храна. ו [вав] 15  Станува додека е уште ноќ+ и им дава храна на своите домашни, и на своите девојки им го дава она што е за нив.+ ז [заин] 16  Размислува за нива и потоа ја купува.+ Од она што го сработила со рацете свои сади лозје.+ ח [хет] 17  Со сила ги опашува бедрата и ги зајакнува рацете свои.+ ט [тет] 18  Чувствува дека добро тргува, ноќе не ѝ гасне светилката.+ י [јуд] 19  Рацете ги протега кон фурката, во рацете свои го држи вретеното.+ כ [каф] 20  Дланката своја му ја отвора на страдалникот, ги подава рацете кон сиромавиот.+ ל [ламед] 21  Не се плаши за домашните свои кога има снег, зашто сите од домот нејзин носат по две облеки.+ מ [мем] 22  Изработува покривачи за себе.+ Се облекува во лен и во црвеникаво-виолетова волна.+ נ [нун] 23  Мажот нејзин+ го познаваат на градските порти,+ кога седи со старешините на земјата своја. ס [самек] 24  Изработува облека+ и ја продава, и им дава појаси на трговците. ע [аин] 25  Силата и сјајот се нејзина облека,+ и му се смее на утрешниот ден.+ פ [пе] 26  Устата своја ја отвора мудро+ и на нејзиниот јазик е законот на добрината.*+ צ [цадик] 27  Води грижа за сите свои домашни и не го јаде лебот на мрзливоста.+ ק [куф] 28  Нејзините синови стануваат и ја нарекуваат среќна,+ мажот нејзин станува и ја фали:+ ר [реш] 29  „Многу жени+ се вредни, но ти ги надминуваш сите“.+ ש [шин] 30  Миловидноста може да биде лажна+ и убавината суетна,+ но жена која се бои од Јехова заслужува фалба.+ ת [тав] 31  Дајте ѝ од плодовите на рацете нејзини,+ и делата нејзини нека ја фалат на градските порти.+

Фусноти

Во изворниот текст, стиховите 10⁠-31 се пишувани во азбучен акростих. Види ја фуснотата за Пс 9:1.
Буквално: „корали“.
Буквално: „сопственикот (господарот)“.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.