Изреки 8:1-36
8 Зар не вика мудроста+ и зарем не го пушта својот глас проникливоста?+
2 Застанала на врвот од височините,+ крај патот, на раскрсниците.
3 Покрај портите, на влезот од градот,+ на влезната врата гласно вика:+
4 „Ве викам вас, луѓе, и го насочувам својот глас кон синовите човечки.+
5 Стекнете остроумност, вие неискусни,+ а вие безумни, стекнете разборито срце.+
6 Слушајте, зашто зборувам за она што е најважно+ и усните ги отворам за да зборуваат за она што е исправно.+
7 Зашто, мојата уста тивко ја зборува* вистината,+ а злобата е гнасна за моите усни.+
8 Сите зборови на мојата уста се праведни.+ Во нив нема ништо изопачено или расипано.+
9 Сите тие му се јасни на разборитиот и добри се за оние што стекнале знаење.+
10 Прифатете ја мојата поука,* а не сребро, и порадо прифатете знаење отколку најдобро злато.+
11 Зашто, мудроста е подобра од бисерите,*+ и сѐ што му е мило на човекот не може да се спореди со неа.+
12 Јас, мудроста, живеам со остроумноста+ и поседувам знаење и способност за расудување.+
13 Стравот од Јехова значи да се мрази злото.+ Јас ги мразам самовозвишувањето и гордоста,+ лошиот пат и изопачената уста.+
14 Можам да дадам добар совет+ и знам како да постапувам мудро.*+ Имам разборитост,*+ имам моќ.+
15 Преку мене царевите царуваат и владетелите одлучуваат според правдата.+
16 Преку мене кнезовите владеат+ и сите достоинственици судат праведно.+
17 Јас ги сакам оние што ме сакаат мене,+ и оние што ме бараат, ме наоѓаат.+
18 Кај мене се богатството и славата,+ вредното наследство и праведноста.+
19 Мојот плод е подобар од злато, од суво злато, и мојата добивка е подобра од најдоброто сребро.+
20 Јас одам по патот на праведноста,+ среде патеките на правдата,+
21 за да им дадам вистинско богатство на оние што ме сакаат.+ Нивните ризници јас ги полнам.+
22 Јехова ме создаде. Јас сум почетокот на неговиот творечки пат,+ првото од неговите дамнешни дела.+
23 Поставена сум уште од далечното минато,+ од почетокот, од времето кога земјата уште не постоеше.+
24 Се родив* уште кога немаше водни бездни,+ кога немаше извори на обилни води.
25 Се родив пред да бидат утврдени планините,+ пред ридовите,
26 кога тој уште ја немаше направено земјата,+ ниту полињата, ниту првите грутки плодна земја.+
27 Кога тој ги уредуваше небесата, јас бев присутна.+ Кога поставуваше круг над лицето на водната бездна,+
28 кога ги зацврстуваше облаците во висините,+ кога ги утврдуваше изворите на водната бездна,+
29 кога му одреди на морето граница, која неговите води не смеат да ја престапат,+ кога ги одредуваше темелите на земјата,+
30 тогаш бев крај него како вешт градител+ и му бев посебна радост,+ од ден на ден, и се веселев пред него за сето време,+
31 ѝ се радував на плодната почва на неговата земја+ и им се радував на синовите човечки.+
32 Затоа, послушајте ме, синови мои. Среќни се оние што се држат за моите патишта.+
33 Слушајте ја поуката* и станете мудри,+ не занемарувајте ја.+
34 Среќен е човекот што ме слуша, така што бдее на моите врати од ден на ден и стражари кај довратниците на мојата врата.+
35 Зашто, кој ќе ме најде мене, сигурно ќе најде живот+ и ќе ја стекне Јеховината наклоност.+
36 А кој нема да ме најде мене, ќе ѝ нанесе рани на својата душа.+ Сите што ме мразат, ја сакаат смртта“.+
Фусноти
^ Буквално: „моето непце тивко зборува“.
^ Буквално: „коралите“.
^ Или: „и имам делотворна (практична, применлива) мудрост“.
^ Буквално: „Родена сум со родилни болки“.