Изреки 9:1-18
9 Вистинската мудрост+ си изгради куќа,+ изделка седум столба.
2 Ја искла својата стока, го зачини своето вино и ја постави својата трпеза.+
3 Ги испрати своите слугинки, па повикува од врвот на градските височини:
4 „Кој е неискусен, нека наврати ваму!“+ А на неразумниот*+ му вели:
5 „Дојди, јади од мојот леб и пиј од виното што го зачинив.+
6 Остави ги безумните,* па ќе живееш,+ и оди право по патот на разборитоста“.*+
7 Кој го опоменува потсмевачот, си навлекува срам,+ и кој го укорува злиот, добива подбив.+
8 Не укорувај го потсмевачот за да не те замрази.+ Укори го мудриот, и тој ќе те засака.+
9 Поучи го мудриот, и ќе биде уште помудар.+ Поучувај го праведникот, и ќе знае повеќе.
10 Стравот од Јехова е првото нешто кое е потребно за да се стекне мудрост,*+ а знаењето за Најсветиот донесува разборитост.*+
11 Преку мене ќе ти се намножат деновите+ и ќе ти се додадат години на животот.+
12 Ако си мудар, мудар си за свое добро.+ Ако се подбиваш, самиот ќе ги трпиш последиците.+
13 Глупавата жена е необуздана.+ Таа е олицетворение на лекомисленоста и ништо не знае.+
14 Седи на вратата од својата куќа, на стол, на високите места во градот,+
15 и ги повикува оние што поминуваат по патот, оние што одат право по своите патеки:+
16 „Кој е неискусен, нека наврати ваму!“+ А на неразумниот*+ му вели:
17 „Крадената вода е слатка+ и вкусен е лебот што се јаде скришно“.+
18 Но тој не знае дека таму се немоќните мртовци, дека нејзините гости се во длабочините на гробот.*+
Фусноти
^ Буквално: „на оној што нема [разборито] срце“.
^ Или: „неискусните“.
^ Буквално: „Стравот од Јехова е почеток на мудроста“.
^ Буквално: „на оној што нема [разборито] срце“.
^ Буквално: „шеолот“.