Исаија 19:1-25

19  Објава против Египет:+ Гледај, Јехова седи на брз облак+ и доаѓа во Египет. Ќе треперат пред него безвредните египетски богови+ и срцето на Египќаните ќе се растопи во нив.+  „Ќе ги подбуцнам Египќаните против Египќаните, па секој ќе војува против својот брат, секој против својот пријател, град против град и царство против царство.+  Ќе се збркаат Египќаните,+ а јас ќе ги побркам нивните намери.+ И ќе им се обраќаат на безвредни богови+ и на луѓе што гатаат, на оние што повикуваат духови и на луѓе што прорекуваат настани.+  Ќе ги предадам Египќаните во рацете на суров господар, силен цар ќе владее над нив“,+ вели Господарот, Јехова над војските.  Морската вода ќе се исуши, реката ќе секне и ќе пресуши.+  Реките ќе се усмрдат, нилските канали во Египет ќе станат плитки и ќе пресушат.+ Трската+ и рогозот ќе изгнијат.  Оголените места крај Нил, на самата утока на Нил, и сите засеани ниви покрај Нил ќе се исушат.+ Ветрот ќе однесе сѐ што расте на нив, сето тоа ќе исчезне.  Рибарите ќе тажат, ќе бидат жалосни сите што фрлаат јадици во Нил, ќе папсаат сите што фрлаат мрежи по водната површина.+  Ќе се посрамат сите оние што чешлаат лен+ и оние што ткаат бело платно. 10  Неговите ткајачи+ ќе бидат сотрени, сите наемници ќе бидат тажни во душата. 11  Соанските кезови+ се вистински безумници. Мудрите советници на фараонот даваат неразумни совети.+ Како можете да му речете на фараонот: „Јас сум син на мудреци, син на древни цареви“? 12  Та, каде се тие твои мудреци+ да ти кажат и да дознаат што одлучил Јехова над војските да прави со Египет?+ 13  Глупаво постапуваат соанските кнезови,+ измамени се нофските* кнезови,+ египетските главатари+ ги заведуваат своите племиња. 14  Јехова излеал врз нив дух на зашеметеност.+ Затоа го заведуваат Египет, за да се тетерави во сите свои дела, како што пијаница се тетерави во својата блујавица.+ 15  И во Египет не ќе може ништо повеќе да направи ниту главата ниту опашката, ниту гранката ниту рогозот.+ 16  Во тој ден Египет ќе стане како жена, ќе трепери+ и ќе се плаши да не замавне раката на Јехова над војските со која тој ќе замавне на него.+ 17  Земјата на Јуда ќе биде страв за Египет.+ Пред кого и да биде спомната, тој ќе се плаши поради одлуката што Јехова над војските ја донел против него.+ 18  Во тој ден ќе има пет града во египетската земја+ што ќе зборуваат ханаански јазик+ и ќе му се колнат+ на Јехова над војските. Еден ќе се вика Град на уривањето. 19  Во тој ден ќе има Јеховин жртвеник среде египетската земја+ и столб посветен на Јехова до нејзината граница. 20  Тоа ќе биде знак и сведоштво за Јехова над војските во египетската земја,+ зашто тие ќе го повикуваат Јехова поради своите угнетувачи,+ а тој ќе им испрати голем спасител, кој ќе ги избави.+ 21  И Јехова ќе им стане познат на Египќаните.+ Во тој ден Египќаните ќе го запознаат Јехова и ќе принесуваат жртви и дарови,+ ќе му се заветуваат на Јехова и ќе ги исполнуваат заветите.+ 22  Јехова ќе го удри Египет.+ Ќе удри, но и ќе излекува.+ Тие ќе се вратат кај Јехова+ и тој ќе ги услиши нивните сесрдни молитви и ќе ги излекува.+ 23  Во тој ден ќе има друм+ од Египет кон Асирија, и Асирија ќе доаѓа во Египет и Египет во Асирија. И Египет и Асирија ќе му служат на Бог заедно. 24  Во тој ден Израел ќе биде трет со Египет и со Асирија,+ ќе биде благослов среде земјата,+ 25  зашто Јехова над војските ќе го благослови+ и ќе рече: „Нека е благословен мојот народ, Египет, и делото на моите раце, Асирија,+ и моето наследство, Израел!“+

Фусноти

„Ноф“ е хебрејско име за Мемфис.