Исаија 26:1-21

26  Во тој ден,+ во земјата на Јуда+ ќе се пее оваа песна:+ „Имаме тврд град.+ Бог им дава спасение на ѕидиштата и на бедемот.+  Отворете ги портите+ да влезе праведниот народ кој постапува верно!+  Ќе ги чуваш во траен мир+ оние чие срце е постојано, зашто имаат доверба во тебе.+  Имајте доверба во Јехова+ довека, зашто Јах* Јехова е вечна Карпа!+  Тој ги соборува оние што живеат на висините,+ во возвишениот град.+ Го понижува градот, доземи го понижува, го фрла во прав.+  Нога ќе го гази, ногата на страдалникот, чекорите на бедните“.+  Патот на праведникот е праведен.+ Ти си праведен, и затоа ќе ја израмниш патеката на праведникот.+  На тебе се надеваме, о Јехова, да нѐ поведеш по патот на својата правда.+ Душата ни копнее+ по твоето име и по твојот спомен.+  Со својата душа копнеам по тебе ноќе,+ со своето срце* те барам тебе.+ Зашто, кога твоите праведни судови ќе се извршат на земјата,+ оние што живеат на земјата* ќе се учат+ на праведност.+ 10  Ако му се укаже милост на злиот, тој нема да се научи на праведност.+ Во земјата на праведноста тој ќе врши неправда+ и нема да ја види возвишеноста на Јехова.+ 11  О Јехова, твојата рака е издигната,+ но тие не ја гледаат.+ Но ќе ја видат и ќе се посрамат+ кога ќе почнеш да покажуваш ревност за својот народ. Ќе ги проголта огнот+ наменет за твоите непријатели.* 12  О Јехова, ти ќе ни досудиш мир,+ зашто ти си творец на сите наши дела.+ 13  Јехова, Боже наш, други господари господареа со нас наместо тебе.+ Само со твоја помош ќе го спомнуваме твоето име.+ 14  Тие се мртви, повеќе нема да живеат.+ Тоа се немоќни мртовци,+ нема да станат.+ Затоа ти се пресмета со нив, за да ги погубиш и да го затреш секој спомен за нив.+ 15  Ти го намножи народот, Јехова, го намножи народот+ и се прослави.+ Надалеку ги прошири сите граници на земјата.+ 16  О Јехова, во неволјата тебе те бараа,+ со шепот ја излеваа молитвата кога ги стигна твојата казна.+ 17  Како што трудницата на која ѝ се ближи породувањето има болки и вика во своите породилни маки, така ни е и нам поради тебе, Јехова.+ 18  Забременивме, имаме болки,+ но како да раѓаме ветар. Не ѝ носиме вистинско спасение на земјата,+ на плодната земја не ѝ се раѓаат жители.+ 19  „Твоите мртви ќе оживеат.+ Ќе стане мртвото тело на мојот народ.+ Разбудете се и извикувајте, вие што живеете во правта!+ Зашто, вашата роса+ е изобилна како росата на слезот,+ и земјата ќе ги врати на свет немоќните мртовци.+ 20  Ајде, народе мој, влези во своите соби, каде што ќе бидеш на сигурно, и затвори ги вратите зад себе!+ Скриј се за миг дури да мине гневот!+ 21  Зашто, гледај, Јехова излегува од своето место за да се пресмета со жителите на земјата поради престапите што ги направија против него,+ и земјата ќе ја открие крвта што е пролеана на неа+ и повеќе нема да ги покрива оние што се убиени на неа.“+

Фусноти

Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.
Буквално: „плодното тло“.
Буквално: „дух“.
Или: „Оган ќе ги проголта противниците“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со Ев 10:27.