Исаија 38:1-22
38 Во тоа време, Езекија се разболе на смрт.+ Тогаш пророкот Исаија,+ синот на Амос, дојде кај него и му рече: „Вака вели Јехова: ‚Издај му ги потребните заповеди на својот дом+ зашто ќе умреш, нема да останеш жив‘ “.+
2 Тогаш Езекија го сврти лицето кон ѕидот+ и му се помоли на Јехова:+
3 „Те молам, о Јехова, те молам, сети се+ како ти служев*+ верно*+ и ти бев оддаден со цело срце+ и го правев она што е добро во твои очи“. И Езекија горко заплака.+
4 Потоа му дојде Јеховината реч+ на Исаија:
5 „Оди и речи му на Езекија: ‚Вака вели Јехова, Богот на Давид, твојот татко:+ „Ја чув твојата молитва+ и ги видов твоите солзи.+ Еве, на твојот век ќе му додадам петнаесет години,+
6 и ќе ве избавам од рацете на асирскиот цар тебе и овој град, и ќе го бранам овој град.+
7 Ова ти е знакот од Јехова дека Јехова ќе ја исполни речта што ти ја кажа:+
8 Еве, ќе направам сончевата+ сенка, која се спушти по Ахазовите скали, да се врати за десет скалила наназад“ ‘ “.+ И сонцето се врати за десет скалила наназад по скалите по кои се беше спуштило.+
9 Запис од Езекија, царот на Јуда, кога се разболе+ и потоа оздраве од својата болест.+
10 Реков: „На половина од својот век ќе влезам низ вратата+ на гробот.*Ќе ми се скрати остатокот од моите години“.+
11 Реков: „Нема да го видам Јах, Јах во земјата на живите.+Нема повеќе да ги гледам луѓето — ќе се најдам меѓу оние што се во земјата на починката.
12 Мојот стан е однесен+ и отстранет од мене како овчарски шатор.Како ткајач го свиткав мојот живот,отсечен сум+ од нишките на основата.Од мугрите до ноќта ме предаваш на неволјата.+
13 Се смирив до утрото.+Како лав ми ги кршиш сите коски,+од мугрите до ноќта ме предаваш на неволјата.+
14 Јас црцорам како мала пиштарка, како дрозд,+гукам како гулабица.+
Моите очи се уморија од гледање во височината.+ Велам:‚Јехова, во неволја сум. Заземи се за мене!‘+
15 Што да кажам и што ќе ми рече тој?+Тоа што го рече, го направи.+Понизно ќе одам во сите свои години со горчина во душата.+
16 О Јехова, поради твојата доброта луѓето живеат; како и сите други, поради неа дишам и јас.*+Ти ќе ме излекуваш и ќе ме зачуваш жив.+
17 Еве, наместо мир имам горчина, чиста горчина.+Ти омилела мојата душа, па ја зачува да не исчезне во јамата.+Зашто, сите мои гревови ти ги фрли зад грб.+
18 Гробот* нема да те слави,+ смртта нема да те фали.+Оние што ќе заминат во јамата повеќе не се надеваат на твојата верност.+
19 Живиот човек, само живиот човек може да те слави,+како јас денес.+Таткото може да ги поучи своите синови+ за твојата верност.
20 Дојди, о Јехова, спаси ме,+ и на жичени инструменти ќе ти ги свириме моите одбрани дела+во сите денови на својот живот во твојот дом, о Јехова!“+
21 А Исаија рече: „Нека донесат пита суви смокви и нека ја стават на чирот+ за да оздрави“.+
22 Во меѓувреме, Езекија праша: „Кој е знакот дека ќе отидам во Јеховиниот дом?“+
Фусноти
^ Буквално: „одев пред тебе“.
^ Или: „според вистината; вистинито“.
^ Буквално: „шеолот“.
^ Или: „како и за сите, таа е живот на мојот дух“.
^ Буквално: „шеолот“.