Исаија 48:1-22

48  Чујте го ова, доме Јаковов, вие кои самите се нарекувате со името на Израел+ и сте излегле од водите на Јуда,+ вие што се колнете во името на Јехова+ и го спомнувате Богот на Израел,+ но не со вистина и со правда!+  Зашто, тие себеси се нарекуваат жители на светиот град,+ се потпираат на Богот на Израел,+ кој се вика Јехова над војските.+  „Изминатите настани ги кажував однапред, тоа излезе од мојата уста, јас го објавував.+ Одненадеж ја извршив мојата намера, и сѐ се збидна.+  Знаев дека си тврдокорен,+ дека вратот ти е железна жила*+ и дека челото ти е од бакар,+  па ти кажував уште тогаш. Пред да се случи тоа, јас ти го објавив,+ за да не речеш: ‚Тоа го направи мојот идол, тоа го заповедаа мојот режан лик и мојот лиен лик‘.+  Ти слушна.+ Набљудувај го сето тоа!+ Нема ли да го објавуваш?+ Отсега ти објавувам нешто ново, скриено, нешто што уште не го знаеш.+  Сега ќе биде создадено, не постоеше пред тоа, она што не си го чул до денес, за да не речеш: ‚Јас веќе го знам‘.+  Не, ти не го чу тоа,+ ниту, пак, твоето уво досега се отвори. Зашто, знам добро дека беше неверен+ и дека те викаат ‚престапник од мајчината утроба‘.+  Ќе го зауздам својот гнев заради своето име,+ заради својата фалба ќе се воздржам да не те истребам.+ 10  Еве, те пречистив, но не како сребро.+ Те избрав додека се топеше во печката на неволјата.+ 11  Заради себе, заради себе ќе го направам она што го наумив.+ Зарем ќе дозволам да се срамоти моето име?+ Својата слава нема да му ја дадам никому!+ 12  Слушај ме, Јакове, слушај ме, Израеле, што те повикав! Јас сум истиот.+ Јас сум првиот.+ Јас сум и последниот.+ 13  Мојата рака го положи темелот на земјата,+ мојата десница ги распростре небесата.+ Кога ќе ги повикам, сите заедно се покажуваат.+ 14  Соберете се сите и чујте!+ Кој од боговите го објавил сето тоа? Јас, Јехова, го сакам тој човек.+ Тој ќе му го направи на Вавилон она што јас го сакам+ и неговата рака ќе се спушти врз Халдејците.+ 15  Јас, јас го реков тоа, и јас го повикав.+ Го доведов, и ќе му дадам успех на неговиот пат.+ 16  Пристапете кон мене и чујте го ова: Од почетокот не говорев во тајност.+ Од времето кога реченото почна да се исполнува, бев таму.“ А сега Севишниот Господар Јехова ме испрати заедно со својот дух.+ 17  Вака вели Јехова, твојот Откупител,+ Светецот на Израел:+ „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро,+ кој те води по патот по кој треба да одиш.+ 18  О, да внимаваше на моите заповеди!+ Твојот мир ќе беше како река+ и твојата праведност како морски бранови.+ 19  А твоето потомство ќе беше како песок и потомците твои како зрнца песок.+ Твоето име не ќе беше истребено, ниту затрено пред мене“.+ 20  Излезете од Вавилон!+ Бегајте од Халдејците!+ Објавувајте го тоа, извикувајте радосно, разгласувајте го!+ Нека се чуе до крајот на земјата!+ Кажувајте: „Јехова го откупи својот слуга Јаков!+ 21  Не жедуваа+ додека ги водеше низ пусти краишта.+ Направи да потече вода од карпата за нив, ја расцепи карпата, и водата потече“.+ 22  „Нема мир за злите“,+ вели Јехова.

Фусноти

Или: „тетива“.