Исаија 9:1-21
9 Но темнината нема да биде како тогаш кога земјата беше во неволја, како во поранешните времиња кога беа срамотени земјата на Завулон и земјата на Нефталим.+ А подоцна ѝ беше укажана чест+ — покрај тој пат крај морето, во јорданскиот крај, на Галилеја на незнабошците.+
2 Народот што одеше во темнина, виде голема светлина.+ Над оние што живееја во земјата на длабоката темнина,+ светна светлина.+
3 Ти го намножи народот,+ му даде голема радост.+ Се радуваа пред тебе како што се радуваат луѓето во време на жетва,+ како што се веселат оние што делат плен.+
4 Зашто ти, како во денот на пропаста на Мадијамците,+ ги разби јаремот што им беше товар+ и стапот што им беше на грбот, палката на оној што ги гонеше на работа.+
5 И секоја обувка со која се гази така што земјата се тресе+ и секоја наметка натопена во крв изгоре како храна за огнот.+
6 Зашто, ни се роди дете,+ добивме син,+ кој на рамото ќе има кнежевска власт.+ Името ќе му биде Прекрасен Советник,+ Моќен Бог,+ Вечен Татко,+ Кнез на Мирот.+
7 Неговата кнежевска власт ќе се простира надалеку,+ и на мирот на Давидовиот престол+ и во неговото царство ќе му нема крај,+ за да се утврди+ и втемели врз правдата+ и врз праведноста,+ отсега па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Јехова над војските.+
8 Јехова испрати реч против Јаков, и таа падна на Израел.+
9 И ќе дознае за неа сиот народ,+ Ефрем и жителите на Самарија,+ поради нивната надменост и поради дрскоста на нивното срце, зашто велат:+
10 „Паднаа тулите, но ќе ѕидаме со делкан камен.+ Дивите смокви+ се исечени, но ќе ги замениме со кедри“.
11 Јехова ќе ги воздигне над него противниците на Ресин, и ќе ги подбуцне неговите непријатели,+
12 Сирија од исток+ и Филистејците од зад грб,+ и тие ќе го голтнат Израел со отворена уста.+ Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната.+
13 Народот не му се врати на Оној што го удира,+ не го бараа Јехова над војските.+
14 Затоа Јехова во еден ден+ ќе му ги отсече на Израел и главата+ и опашката,+ и гранката и рогозот.
15 Стариот и угледен човек — тоа е главата,+ а пророкот што дава лажни поуки — тоа е опашката.+
16 Оние што го водат овој народ, го заведуваат,+ а оние што дозволуваат да бидат водени, збунети се.+
17 Затоа Јехова нема да им се радува на нивните момчиња+ и нема да им се смилува ниту на нивните деца без татко ниту на нивните вдовици, зашто сите се отпадници+ и злодејци, и секоја уста зборува безумие. Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната.+
18 Зашто, злото се распламти како оган,+ ќе ги проголта трњето и плевелот.+ Ќе се запали шумскиот честак+ и ќе се дигне угоре како кога се вивнува чад.+
19 Од гневот на Јехова над војските се запали земјата, и народот ќе му стане храна на огнот.+ Никој нема да му се смилува ниту на својот брат.+
20 Еден ќе сече месо оддесно, и ќе остане гладен, а друг ќе јаде месо одлево, и нема да се насити.+ Секој ќе си го јаде месото од својата рака,+
21 Манасија ќе го јаде Ефрем, а Ефрем — Манасија, а заедно ќе бидат против Јуда.+ Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната.+