Исус Навин 1:1-18

1  По смртта на Мојсеј, Јеховиниот слуга, Јехова му рече на Исус,+ синот на Навин, помошникот+ на Мојсеј:  „Мојот слуга Мојсеј умре.+ Затоа сега стани, помини преку овој Јордан, ти и целиот овој народ, во земјата што им ја давам ним, на синовите на Израел!+  Секое место на кое ќе стапне вашата нога ќе ви го дадам, како што му ветив на Мојсеј.+  Од пустината и од овој Ливан до големата река, реката Еуфрат, да, целата хетејска земја,+ и до Големото Море* на запад, сето тоа ќе биде ваше подрачје.+  Никој не ќе може да се одржи пред тебе во сите денови на твојот живот.+ Јас ќе бидам со тебе како што бев со Мојсеј.+ Нема да те напуштам и нема да те оставам.+  Биди храбар и силен,+ зашто ти ќе му ја предадеш во наследство+ на тој народ земјата за која им се заколнав на нивните прататковци дека ќе им ја дадам!+  Само биди храбар и многу силен за да го правиш совесно сето она што ти е заповедано во законот што ти го даде мојот слуга Мојсеј.+ Не отстапувај од него ни надесно ни налево,+ за да постапуваш мудро каде и да појдеш.+  Оваа книга на законот нека не ти се одделува од устата!+ Внимателно читај ја* дење и ноќе за да го правиш совесно сето она што е запишано во неа,+ зашто тогаш ќе бидеш успешен на својот пат и ќе постапуваш мудро.+  Ти заповедам уште еднаш:+ биди храбар и силен! Не бој се и не плаши се,+ зашто со тебе е Јехова, твојот Бог, каде и да појдеш!“+ 10  Тогаш Исус Навин им заповеда на народните управители: 11  „Поминете среде логорот и вака заповедајте му на народот: ‚Пригответе си храна, зашто по три дена ќе го преминете овој Јордан за да влезете во земјата која Јехова, вашиот Бог, ви ја дава да ја поседувате и да ја заземете!‘ “+ 12  А на племето на Рувим и на племето на Гад и на половината племе на Манасија, Исус Навин им рече: 13  „Сетете се на зборовите што ви ги заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга:+ ‚Јехова, вашиот Бог, сака да се одморите и ви ја дава оваа земја. 14  Вашите жени, вашите деца и вашата стока ќе останат во земјата што ви ја даде Мојсеј од оваа страна на Јордан.+ А сите вие што сте смели и способни+ за војна, наредете се во борбени редови,+ па преминете пред своите браќа и помогнете им! 15  Кога Јехова ќе им даде на вашите браќа починка како и вам, и кога и тие ќе ја заземат земјата што им ја дава Јехова, вашиот Бог,+ тогаш вратете се во земјата што ви припаѓа и заземете ја,+ земјата што ви ја даде Мојсеј, Јеховиниот слуга, од оваа страна на Јордан, која е кон исток‘ “.+ 16  А тие му одговорија на Исус Навин: „Сѐ што ни заповеда, ќе направиме, и каде и да нѐ испратиш, ќе одиме.+ 17  Како што го слушавме Мојсеј во сѐ, така ќе те слушаме и тебе. Само Јехова, твојот Бог, нека биде со тебе+ како што беше со Мојсеј.+ 18  И секој што ќе се побуни против твоите наредби+ и нема да го послуша сето она што ќе му го заповедаш, нека биде погубен!+ Само биди храбар и силен!“+

Фусноти

Односно, Средоземното Море.
Или: „Со придушен глас читај ја“; „длабоко размислувај [за прочитаното]“.