Исус Навин 11:1-23

11  А кога го чу тоа, Јавин, царот на Асор, испрати гласници кај мадонскиот+ цар Јовав, кај царот на Симрон, кај царот на Ахсаф,+  кај царевите во планините на север и во пустите рамници јужно од Кинерет,+ во Шефела+ и во планините кај Дор+ на запад,  кај Ханаанците+ на исток и на запад, кај Аморејците,+ кај Хетејците,+ кај Ферезејците,+ кај Евусејците+ во планините и кај Евејците+ во подножјето на Хермон+ во земјата Миспа.+  И сите тие тргнаа со своите војски, со мноштво што беше бројно како песокот на морскиот брег,+ како и со многу коњи+ и бојни коли.  Потоа, сите тие цареви, според договорот, се сретнаа и се улогорија заедно кај меромската вода за да се борат со Израел.+  Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Не плаши се од нив,+ зашто утре во ова време ќе му ги предадам сите на Израел за да ги убие! На нивните коњи пресечи им ги жилите на нозете,+ а нивните коли запали ги со оган!“+  И Исус Навин и сите воини со него ненадејно дојдоа против нив кај меромските води и ги нападнаа.  И Јехова му ги даде в раце на Израел,+ па ги биеја и ги гонеа сѐ до густо населениот Сидон+ и до Мисрефот-Маим,+ и до рамницата Миспе+ на исток. Така ги поразија што не оставија жив никого од нив.+  Потоа Исус Навин им го направи она што му го заповеда Јехова: на нивните коњи им ги пресече жилите на нозете,+ а нивните коли ги запали со оган.+ 10  Освен тоа, во тоа време Исус Навин се врати+ и го освои Асор,+ а неговиот цар го погуби со меч,+ зашто Асор претходно им беше глава на сите тие царства. 11  Сите души што беа во него ги убија со сечилото на мечот, сите ги погубија.*+ Не остана ништо што дише.+ Потоа го изгоре Асор во оган. 12  Така Исус Навин ги освои и ги порази со сечилото на мечот сите градови на тие цареви и сите нивни цареви.+ Сите ги погуби,+ како што му заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга.+ 13  Но Израелците не запалија ниту еден град што стоеше сам на својата височинка, освен Асор, кој го изгоре Исус Навин. 14  А целиот плен од тие градови и сета стока Израеловите синови ги зедоа за себе.+ Но сите луѓе ги убија со сечилото на мечот, така што ги истребија.+ Никого не оставија жив.+ 15  Она што му го заповеда Јехова на Мојсеј, својот слуга, тоа му го заповеда Мојсеј на Исус Навин,+ а Исус Навин го изврши. Не остави неизвршен ниту еден збор од сето она што му го заповеда Јехова на Мојсеј.+ 16  Така Исус Навин ја зазеде целата таа земја, планините, целиот Негев,+ целиот гесемски крај,+ Шефела,+ Араба,+ како и израелските планини и нивната Шефела,+ 17  од планината Алак,+ која се издига кон Сеир,+ па сѐ до Ваал-Гад+ во ливанската рамница во подножјето на планината Хермон,+ а сите нивни цареви ги порази, ги зароби, а потоа ги погуби.+ 18  Долго време Исус Навин водеше војна со сите тие цареви. 19  И немаше ниту еден град што склучи мир со Израеловите синови, освен Евејците+ што живееја во Гаваон.+ Сите други ги зазедоа со војна,+ 20  зашто Јехова дозволи да им отврднат срцата+ и да му објават војна на Израел, за да може да ги погуби и да нема милост кон нив,+ туку да ги истреби. Направија како што му заповеда Јехова на Мојсеј.+ 21  Во тоа време Исус Навин излезе, па ги истреби Енаковците,+ кои живееја во планините, во Хеврон, во Девир, во Анав,+ на сите планини на Јуда и на сите планини на Израел.+ Исус Навин ги сотре* заедно со нивните градови.+ 22  Ниту еден од Енаковците не остана во земјата на Израеловите синови. Од нив останаа+ само во Газа,+ во Гат+ и во Азот.+ 23  Така Исус Навин ја зазеде целата земја, како што му беше заповедал Јехова на Мојсеј.+ Потоа Исус Навин му ја даде во наследство на Израел — на секое племе му го даде неговиот дел.+ И земјата почина од војна.+

Фусноти

Или: „ги погубија како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „ги сотре како херем“.