Исус Навин 12:1-24
12 Ова се царевите на онаа земја, кои Израеловите синови ги поразија и чија земја ја зазедоа од источната страна на Јордан,+ од долината* на Арнон+ сѐ до планината Хермон+ и целата Араба+ кон исток:
2 Сихон,+ аморејскиот цар, кој живееше во Есевон.+ Неговото царство се протегаше од Ароир,+ кој лежи на работ од долината на Арнон,+ па по средината на долината и по половина Галад сѐ до долината на Јавок,+ кој е граница на Амоновите синови,
3 потоа по Араба+ на источната страна, до Кинеретското Море,*+ па по нејзината источна страна до морето Араба, односно до Соленото Море,+ во правец на Вет-Есимот+ и кон југ сѐ до падините на Фасга.+
4 Го зазедоа и подрачјето што му припаѓаше на Ог,+ васанскиот цар, кој преостана од Рефаимците+ и живееше во Астарот+ и во Едреј.+
5 Тој владееше со планината Хермон,+ со Салека и со целиот Васан+ сѐ до границата со Гесурците+ и со Макатците,+ како и со половината од Галад до подрачјето што му припаѓаше на Сихон,+ царот на Есевон.+
6 Мојсеј, Јеховиниот слуга, и синовите на Израел ги поразија нив.+ Потоа Мојсеј, Јеховиниот слуга, им ја даде нивната земја во сопственост на племето на Рувим,+ на племето на Гад+ и на половината племе на Манасија.+
7 А ова се царевите на земјата кои Исус Навин и Израеловите синови ги поразија на западната страна од Јордан, од Ваал-Гад+ во ливанската рамница+ до планината Алак,+ која се издига кон Сеир,+ а потоа Исус Навин им ја даде таа земја во сопственост на Израеловите племиња, на секое племе неговиот дел,+
8 во планините, во Шефела, во Араба, по планинските падини, во пустината и во Негев+ — земјата на Хетејците, на Аморејците,+ на Ханаанците, на Ферезејците, на Евејците и на Евусејците:+
9 царот на Ерихон,+ еден; царот на Гај,+ кој е кај Ветил, еден;
10 царот на Ерусалим,+ еден; царот на Хеврон,+ еден;
11 царот на Јармут,+ еден; царот на Лахис,+ еден;
12 царот на Еглон,+ еден; царот на Гезер,+ еден;
13 царот на Девир,+ еден; царот на Гедер, еден;
14 царот на Хорма, еден; царот на Арад, еден;
15 царот на Ливна,+ еден; царот на Адолам, еден;
16 царот на Макида,+ еден; царот на Ветил,+ еден;
17 царот на Тафуј, еден; царот на Офер,+ еден;
18 царот на Афек, еден; царот на Лашарон, еден;
19 царот на Мадон,+ еден; царот на Асор,+ еден;
20 царот на Симрон-Мерон, еден; царот на Ахсаф,+ еден;
21 царот на Танах, еден; царот на Мегидо,+ еден;
22 царот на Кедес, еден; царот на Јокнеам+ на Кармил, еден;
23 царот на Дор, кај дорските планини,+ еден; царот на Гоим од Гилгал, еден;
24 царот на Терса, еден. Вкупно триесет и еден цар.+