Исус Навин 13:1-33

13  Исус Навин веќе беше стар и навлезен во години.+ Затоа Јехова му рече: „Ти остаре и веќе навлезе во години, а остана уште многу земја што треба да се освои.+  Ова е земјата што уште останува:+ сите филистејски+ и сите гесурски+ краишта  (од нилскиот речен ракав што е пред Египет до екронската граница на север,+ сето тоа се сметаше за ханаанско подрачје);+ подрачјето на пет филистејски кнезови-сојузници:+ од Газа,+ од Азот,+ од Аскалон,+ од Гат+ и од Екрон;+ потоа подрачјето на Авимците.+  На југ, целата ханаанска земја; и Меара, која им припаѓа на Сидонците,+ сѐ до Афек, до аморејската граница;  и земјата на Гевалците+ и целиот Ливан кон исток, од Ваал⁠-⁠Гад+ во подножјето на планината Хермон дури до влезот во Емат;+  сите што живеат во планините, од Ливан+ до Мисрефот-Маим,+ сите Сидонци.+ Јас ќе ги протерам пред Израеловите синови.+ Само раздели му ја таа земја во наследство на Израел, како што ти заповедав.+  Раздели ја сега таа земја во наследство меѓу деветте племиња и половината од племето на Манасија.“+  Другата половина од племето, а со него и племето на Рувим и племето на Гад, го добија своето наследство што им го даде Мојсеј источно од Јордан, токму онака како што им го додели Мојсеј, Јеховиниот слуга:+  земјата што се протега од Ароир,+ кој лежи на работ на долината на Арнон,+ градот кој е среде долината и целата медевска висорамнина+ до Девон;+ 10  сите градови на Сихон, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон, дури до границата со Амоновите синови;+ 11  Галад и подрачјето што им припаѓаше на Гесурците+ и на Макатците, целата планина Хермон+ и целиот Васан+ до Салека;+ 12  целото царство на васанскиот цар Ог,+ кој владееше во Астарот и во Едреј+ — тој остана последен од Рефаимците.+ Нив Мојсеј ги порази и ги протера.+ 13  Но Израеловите синови не ги протераа+ Гесурците и Макатците, па така жителите на Гесур+ и на Макат живеат меѓу Израеловите синови до ден-денес. 14  Само на Левиевото племе не му даде наследство.+ Нивното наследство+ се жртвите палени+ за Јехова, Богот на Израел, како што им вети тој.+ 15  И Мојсеј му даде наследство на племето на Рувимовите синови, по неговите семејства. 16  Тие го добија подрачјето од Ароир,+ кој лежи на работ од долината на Арнон, градот кој е среде долината и целата медевска висорамнина;+ 17  Есевон+ со сите негови околни градови,+ кои се на висорамнината: Девон,+ Вамот-Ваал,+ Вет-Ваал-Меон,+ 18  Јаса,+ Кедимот,+ Мефат,+ 19  Киријатаим,+ Сивма,+ Зарет-Сар, на планината над долината, 20  Вет-Фегор, падините на Фасга,+ Вет-Есимот,+ 21  сите градови на висорамнината+ и целото царство на Сихон, аморејскиот цар, кој владееше во Есевон+ и кого Мојсеј го порази+ исто како мадијамските поглавари Евиј, Рекем, Сур, Ор и Рева+ — кнезови на Сихон, кои живееја во таа земја. 22  А гаталецот+ Валаам, синот на Веор,+ Израеловите синови го убија со меч заедно со останатите што ги погубија. 23  А Јордан им стана граница на синовите на Рувим. Тоа подрачје е наследство на синовите на Рувим,+ по нивните семејства, со градовите и со нивните околни места. 24  Мојсеј му даде наследство и на племето на Гад, на синовите на Гад, по нивните семејства,+ 25  и тие го добија подрачјето: Јазер,+ сите галадски градови,+ половина од земјата на Амоновите синови+ дури до Ароир,+ кој е спроти Рава;+ 26  подрачјето од Есевон+ до Рамот-Миспе и до Ветоним, и од Маханаим+ до границата со Девир;+ 27  а во долината: Вет-Аран,+ Вет-Нимра,+ Сокот+ и Сафон, останатиот дел од царството на Сихон, есевонскиот цар.+ Јордан беше граница на тоа подрачје сѐ до Кинеретското Море.+ Границата се протегаше по источната страна на Јордан. 28  Тоа е наследството на синовите на Гад,+ по нивните семејства, со градовите и со нивните околни места. 29  Мојсеј му даде наследство и на половината племе на Манасија, и тоа му припадна на половината племе на синовите на Манасија, по неговите семејства.+ 30  Го добија подрачјето што се протега од Маханаим,+ целиот Васан, целото царство на Ог, васанскиот цар,+ сите васански села на Јаир, во кои се живееше под шатори,+ шеесет градови. 31  А половината од Галад, Астарот+ и Едреј,+ градови на царството на Ог во Васан, им припаднаа на синовите на Махир,+ синот на Манасија, и тоа на половината од синовите на Махир, по нивните семејства. 32  Мојсеј им го даде тоа во наследство кога беа во пустелијата, во моавските рамници источно од Јордан, спроти Ерихон.+ 33  А на Левиевото племе Мојсеј не му даде наследство.+ Јехова, Богот на Израел, е нивното наследство, како што им вети.+

Фусноти