Исус Навин 18:1-28

18  Потоа целата заедница од синови на Израел се собраа во Сило.+ Таму го поставија шаторот на средбата,+ бидејќи ја покорија земјата.+  Но меѓу синовите на Израел останаа уште седум племиња на кои не им беше доделено наследство.  Затоа Исус Навин им рече на Израеловите синови: „До кога ќе се двоумите дали да појдете и да ја заземете земјата+ што ви ја даде Јехова, Богот на вашите прататковци?+  Изберете си по тројца луѓе од секое племе, и јас ќе ги испратам, па нека станат и нека ја поминат земјата и нека ја попишат за поделба на наследството, а потоа нека се вратат кај мене.+  Нека ја поделат меѓу себе на седум делови.+ Јуда нека остане на своето подрачје на југ,+ а Јосифовиот дом нека остане на своето подрачје на север.+  А вие попишете ја земјата и поделете ја на седум делови. Потоа пописот донесете го ваму кај мене, и јас ќе фрлам овде ждрепки+ за вас пред Јехова, нашиот Бог.  Зашто, синовите на Леви немаат дел меѓу вас,+ бидејќи Јеховиното свештенство е нивното наследство.+ А Гад, Рувим+ и половината племе на Манасија+ го примија своето наследство источно од Јордан, она што им го даде Мојсеј, Јеховиниот слуга“.+  И така тие луѓе станаа за да тргнат, а на оние што тргнаа да ја попишат земјата Исус Навин им заповеда:+ „Одете, поминете ја земјата и попишете ја, па вратете се кај мене, и јас ќе фрлам ждрепка+ за вас овде во Сило+ пред Јехова!“  И луѓето отидоа, ја поминаа земјата и сите градови ги запишаа во една книга+ и ја поделија на седум подрачја. Потоа се вратија кај Исус Навин во логорот во Сило. 10  Тогаш Исус Навин во Сило фрли за нив ждрепка пред Јехова.+ Така Исус Навин им ја раздели земјата на Израеловите синови, давајќи му го секому неговиот дел.+ 11  И ждрепката+ падна на племето на Венијаминовите+ синови по нивните семејства, и подрачјето што им го одреди ждрепката беше меѓу синовите на Јуда+ и синовите на Јосиф.+ 12  Границата на северниот крај им почнуваше од Јордан. Потоа границата се искачуваше по северната падина на Ерихон,+ па се искачуваше на планината кон запад и допираше до пустината Вет-Авен.+ 13  Оттаму границата се протегаше до Луз,+ на јужната падина на Луз (односно на Ветил).+ Потоа границата се спушташе до Атарот-Адар,+ на планината која е јужно од Долни Вет-Орон.+ 14  Западната граница, која беше одредена, свртуваше кон југ кај планината што гледа на Вет-Орон од југ. Завршуваше кај Киријат-Ваал (односно кај Киријат-Јарим),+ град на синовите на Јуда. Тоа беше западната страна. 15  Јужната страна почнуваше од работ на Киријат-Јарим, а потоа границата излегуваше на запад и одеше кон Нефтоах, каде што извира вода.+ 16  Границата потоа се спушташе до работ на планината што гледа кон долината на Еномовиот син+ и се наоѓа на север од рефаимската долина.+ Оттаму се спушташе во долината на Еном, до евусејската+ падина на југ, па се спушташе во Ен-Рогел.+ 17  Потоа одеше на север и излегуваше кај Ен-Семес; излегуваше и кај Галилот, кој лежи пред угорништето Адумим,+ па се спушташе до каменот+ на Рувимовиот син Воан.+ 18  Потоа минуваше по северната падина, која е пред Араба, па се спушташе во Араба. 19  Границата минуваше по северната падина на Вет-Огла+ и завршуваше кај северниот залив на Соленото Море+ на јужниот крај на Јордан. Тоа беше јужната граница. 20  Јордан, пак, беше граница од источната страна. Тоа е наследството на синовите на Венијамин по нивните семејства, тоа беа нивните граници наоколу. 21  Градовите на племето на Венијаминовите синови по нивните семејства се: Ерихон,+ Вет-Огла, Емек-Кесис, 22  Вет-Арава,+ Семараим, Ветил,+ 23  Авим, Фара, Офра,+ 24  Хефар-Амона, Офниј и Гева+ — дванаесет градови со околните места. 25  Гаваон,+ Рама, Веерот, 26  Миспе,+ Кефира,+ Моса, 27  Рекем, Ирфаил, Тарала, 28  Зелах,+ Ха-Елеф и Евус (односно Ерусалим),+ Гаваја+ и Киријат — четиринаесет градови со околните места. Тоа е наследството на синовите на Венијамин, по нивните семејства.+

Фусноти