Исус Навин 20:1-9

20  Тогаш Јехова му рече на Исус Навин:  „Кажи им на синовите на Израел и речи им: ‚Одредете си градови-прибежишта,+ за кои ви зборував преку Мојсеј,  за да може таму да побегне убиецот+ што ќе убие некого* несакајќи, без намера. Тие нека ви служат како прибежишта од крвниот одмаздник.+  Убиецот нека побегне+ во некој од тие градови, па нека застане на градската порта+ и нека им го изнесе својот случај на старешините+ од тој град. И тие нека го примат кај себе во градот и нека му дадат место каде што ќе престојува, а тој нека остане да живее кај нив.  Ако крвниот одмаздник го прогонува убиецот, не смеат да му го предадат в раце,+ зашто го убил својот ближен ненамерно, без пред тоа да го мрази.+  И тој нека остане во тој град додека не излезе пред заедницата на суд+ и додека не умре првосвештеникот,+ кој ќе служи во тоа време. Тогаш убиецот може да се врати+ во својот град и во својот дом, во градот од кој побегнал‘ “.  И ги посветија Кедес+ во Галилеја во планините на Нефталим, Сихем+ во планините на Ефрем и Киријат-Арва+ (односно Хеврон) во планините на Јуда.  А во пределот источно од Јордан, во околината на Ерихон, на пустинската висорамнина, го одредија Везер+ од племето на Рувим,+ Рамот+ во Галад од племето на Гад и Голан+ во Васан од племето на Манасија.  Тоа беа градовите што им беа одредени на сите Израелови синови и на дојденците што живееја меѓу нив. Таму можеше да побегне секој што ќе убиеше некого* несакајќи,+ за да не загине од раката на крвниот одмаздник додека не излезе на суд пред заедницата.+

Фусноти

Буквално: „некоја душа“.
Буквално: „некоја душа“.