Исус Навин 21:1-45

21  А поглаварите на семејствата на Левиевите синови им пристапија на свештеникот Елеазар,+ на Исус,+ синот на Навин, и на поглаварите на семејствата на израелските племиња,  па им рекоа во Сило,+ во ханаанската земја: „Јехова заповеда преку Мојсеј да ни бидат дадени градови во кои ќе живееме и пасишта околу нив за нашата стока“.+  Затоа Израеловите синови, по заповед од Јехова, им ги дадоа од своето наследство на Левиевите+ синови тие градови со околните пасишта.+  И ждрепката падна на семејствата на Кат.+ И синовите на свештеникот Арон, од племето на Леви, со ждрепка добија тринаесет градови од племето на Јуда,+ од племето на Симеон+ и од племето на Венијамин.+  А на останатите синови на Кат+ со ждрепка им припаднаа десет градови од семејствата на племето на Ефрем,+ од племето на Дан+ и од половината племе на Манасија.+  На синовите на Гирсон+ со ждрепка им припаднаа тринаесет градови од семејствата на племето на Исахар,+ од племето на Асер,+ од племето на Нефталим+ и од половината племе на Манасија во Васан.+  А на синовите на Мерариј,+ по нивните семејства, им припаднаа дванаесет градови од племето на Рувим,+ од племето на Гад+ и од племето на Завулон.+  Така синовите на Израел со ждрепка+ им ги доделија на синовите на Леви тие градови со околните пасишта,+ како што беше заповедал Јехова преку Мојсеј.+  Од племето на синовите на Јуда и од племето на синовите на Симеон им ги дадоа следниве градови што се наведени по име,+ 10  а кои им припаднаа на синовите на Арон од семејствата на Кат меѓу синовите на Леви, бидејќи првата ждрепка им се падна ним:+ 11  им го дадоа Киријат-Арва+ (а Арва беше татко на Енак),+ односно Хеврон,+ во планините на Јуда,+ и сите пасишта околу градот. 12  А полето и местата околу тој град му ги дадоа во наследство на Халев, синот на Јефониј.+ 13  На синовите на свештеникот Арон им ги дадоа: Хеврон+ со пасиштата, како град-прибежиште+ за убијците,+ Ливна+ со пасиштата, 14  Јатир+ со пасиштата, Естемоја+ со пасиштата, 15  Олон*+ со пасиштата, Девир+ со пасиштата, 16  Аин*+ со пасиштата, Јута+ со пасиштата и Вет-Семес+ со пасиштата — девет градови од тие две племиња. 17  Од племето на Венијамин: Гаваон+ со пасиштата, Гева+ со пасиштата, 18  Анатот+ со пасиштата и Алмон*+ со пасиштата — четири градови. 19  Така свештениците, синови на Арон,+ добија вкупно тринаесет градови со пасиштата.+ 20  А на семејствата на Катовите синови, преостанати левити од синовите на Кат, со ждрепка им припаднаа градовите од племето на Ефрем.+ 21  Им ги дадоа: Сихем+ со пасиштата,+ во ефремските планини, како град-прибежиште+ за убијците,+ Гезер+ со пасиштата, 22  Кивсаим*+ со пасиштата и Вет-Орон+ со пасиштата — четири градови. 23  Од племето на Дан: Елтеке со пасиштата, Гиветон+ со пасиштата, 24  Ајалон+ со пасиштата и Гат-Римон+ со пасиштата — четири градови. 25  А од половината племе на Манасија: Танах+ со пасиштата и Гат-Римон со пасиштата — два града. 26  Така семејствата на останатите синови на Кат добија вкупно десет градови со пасиштата. 27  А на синовите на Гирсон,+ левитски семејства, им ги дадоа од половината племе на Манасија:+ Голан+ во Васан, со пасиштата, како град-прибежиште за убијците, и Вестера*+ со пасиштата — два града. 28  Од племето на Исахар:+ Кисион+ со пасиштата, Даврат+ со пасиштата, 29  Јармут*+ со пасиштата и Ен-Ганим+ со пасиштата — четири градови. 30  Од племето на Асер:+ Мисал+ со пасиштата, Авдон+ со пасиштата, 31  Хелкат+ со пасиштата и Рехов+ со пасиштата — четири градови. 32  Од племето на Нефталим:+ Кедес+ во Галилеја, со пасиштата, како град-прибежиште+ за убијците,+ Амот-Дор+ со пасиштата и Картан* со пасиштата — три градови. 33  Така синовите на Гирсон, по своите семејства, добија вкупно тринаесет градови со пасиштата. 34  Семејствата на синовите на Мерариј,+ преостанатите левити, ги добија од племето на Завулон:+ Јокнеам+ со пасиштата, Карта со пасиштата, 35  Димна*+ со пасиштата и Налал+ со пасиштата — четири градови. 36  Од племето на Рувим:+ Везер+ со пасиштата, Јаса+ со пасиштата, 37  Кедимот+ со пасиштата и Мефат+ со пасиштата — четири градови. 38  Од племето на Гад:+ Рамот во Галад,+ со пасиштата, како град-прибежиште за убијците, Маханаим+ со пасиштата, 39  Есевон+ со пасиштата и Јазер+ со пасиштата — вкупно четири градови. 40  Така синовите на Мерариј,+ кои преостанаа од левитските семејства, по своите семејства, добија со ждрепка вкупно дванаесет градови. 41  Вкупниот број градови на синовите на Леви среде наследството на синовите на Израел беше четириесет и осум градови+ со пасиштата.+ 42  Сите тие градови имаа пасишта наоколу. Така беше со сите тие градови.+ 43  Така Јехова му ја даде на Израел целата земја за која им се заколна на нивните прататковци дека ќе им ја даде,+ и тие ја зазедоа+ и се населија во неа. 44  Јехова им даде и мир+ од сите страни, токму како што им се заколна+ на нивните прататковци, па ниту еден нивни непријател не можеше да се одржи пред нив.+ Сите нивни непријатели Јехова им ги предаде в раце.+ 45  Не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што му ги даде Јехова на Израеловиот дом. Сѐ се исполни.+

Фусноти

Во 1Ле 6:58 „Илон“.
Во 1Ле 6:59 „Асан“.
Во 1Ле 6:60 „Алемет“.
Во 1Ле 6:68 „Јокмеам“.
Во 1Ле 6:71 „Астарот“.
Во 19:21 „Ремет“, а во 1Ле 6:73 „Рамот“.
Во 1Ле 6:76 „Киријатаим“.
Во 1Ле 6:77 „Римоно“.