Исус Навин 22:1-34

22  Тогаш Исус Навин ги повика племето на Рувим, племето на Гад и половината племе на Манасија,+  па им рече: „Вие извршивте сѐ што ви заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга,+ и го послушавте мојот глас во сѐ што ви заповедав.+  Не ги оставивте своите браќа за сето ова долго време+ до денешниов ден и го извршувавте сето она што бевте должни да го извршите според заповедта на Јехова, својот Бог.+  Сега Јехова, вашиот Бог, им даде мир на вашите браќа, како што им вети.+ Затоа, сега вратете се и отидете во своите шатори во земјата што Мојсеј, Јеховиниот слуга, ви ја даде во наследство од онаа страна на Јордан.+  Но совесно постапувајте според заповедите+ и Законот што ви го даде Мојсеј, Јеховиниот слуга — да го сакате Јехова, својот Бог,+ да одите по сите негови патишта,+ да ги извршувате неговите заповеди,+ да се држите цврсто за него+ и да му служите+ со сето свое срце+ и со сета своја душа“.+  Така Исус Навин ги благослови+ и ги испрати да си одат во своите шатори.  На половината племе на Манасија Мојсеј му даде наследство во Васан,+ а на другата половина племе Исус Навин му даде наследство исто како на нивните браќа на западната страна на Јордан.+ И кога Исус Навин ги испрати да си одат во своите шатори, ги благослови  и им рече: „Вратете се во своите шатори со големо богатство и со многубројна стока, со сребро, со злато, со бакар, со железо и со неброени облеки.+ Поделете го пленот+ од своите непријатели со своите браќа“.  Потоа синовите на Рувим, синовите на Гад и половината племе на Манасија тргнаа и си отидоа откај другите синови на Израел од Сило во ханаанската земја, и се упатија во галадската земја,+ на своето наследство што го зазедоа, како што им беше заповедал Јехова преку Мојсеј.+ 10  Кога синовите на Рувим, синовите на Гад и половината племе на Манасија дојдоа во јорданските предели во ханаанската земја, подигнаа таму крај Јордан еден жртвеник. Тој жртвеник+ беше голем и многу уочлив. 11  По некое време, останатите синови на Израел слушнаа+ како се зборува: „Ене, синовите на Рувим, синовите на Гад и половината племе на Манасија подигнаа жртвеник кај границата на ханаанската земја во јорданскиот предел, од онаа страна што им припаѓа на Израеловите синови“. 12  Кога го чуја тоа синовите на Израел,+ целата заедница од синови на Израел се собра во Сило+ за да појде во војна против нив.+ 13  Тогаш Израеловите синови ги испратија+ кај синовите на Рувим, кај синовите на Гад и кај половината племе на Манасија во галадската земја Финес,+ синот на свештеникот Елеазар, 14  и десет поглавари со него, по еден поглавар од секој род — од секое израелско племе — а секој од нив беше глава на својот род, поставен над Израеловите илјади.+ 15  И тие дојдоа кај синовите на Рувим, кај синовите на Гад и кај половината племе на Манасија во галадската земја и им рекоа:+ 16  „Вака вели целата заедница на Јеховиниот народ:+ ‚Какво е тоа неверство+ што му го правите на Богот на Израел? Зошто сте се одвратиле+ денес од Јехова и сте си изградиле жртвеник,+ бунејќи се денес против Јехова? 17  Зарем ни е малку фегорскиот грев,+ од кој ни до ден-денес не сме се исчистиле, иако дојде помор врз заедницата на Јеховиниот народ?+ 18  А вие се одвраќате денес од Јехова. Ако се буните против Јехова денес, утре тој ќе се разгневи на целата израелска заедница.+ 19  Ако земјата што ја добивте во наследство е навистина нечиста,+ преминете во земјата на Јеховиното наследство+ во која се наоѓа Јеховиниот шатор,+ па населете се меѓу нас. Но не бунете се против Јехова и не правете бунтовници и од нас, градејќи си друг жртвеник покрај жртвеникот на Јехова, нашиот Бог.+ 20  Зарем Ахан,+ синот на Зара, не постапи неверно со проколнатите работи* и зарем не се излеа гнев врз целата израелска заедница?+ А тој не загина сам поради својот престап!‘ “+ 21  Тогаш синовите на Рувим, синовите на Гад и половината племе на Манасија им одговорија+ на поглаварите на Израеловите илјади:+ 22  „Моќниот+ Бог+ Јехова, да, Моќниот Бог Јехова+ знае за тоа,+ и Израел нека знае.+ Ако сме го направиле тоа од бунт+ и поради неверност кон Јехова,+ нека не нѐ поштеди денес. 23  Ако сме си подигнале жртвеник за да се одвратиме од Јехова, ако сме го подигнале за да принесуваме на него жртви паленици и житни жртви+ и за да принесуваме жртви на заедништвото, Јехова ќе го открие тоа.+ 24  Не, ние го направивме тоа од страв, зашто рековме: ‚Еден ден вашите синови ќе им речат на нашите синови: „Каква врска имате вие со Јехова, Богот на Израел? 25  Меѓу нас и вас, синови на Рувим и синови на Гад, Јехова поставил граница — Јордан. Вие немате ништо со Јехова!“+ И така, вашите синови би ги навеле нашите синови да се одвратат од Јехова и да престанат да се бојат од него‘.+ 26  Затоа рековме: ‚Да си подигнеме жртвеник, но не за жртви паленици или за други жртви, 27  туку за да биде сведок меѓу нас+ и вас, и меѓу нашите поколенија по нас дека ќе му служиме на Јехова пред неговото лице со паленици, со приноси и со жртви на заедништвото,+ за да не им речат еден ден вашите синови на нашите синови: „Вие немате ништо со Јехова!“ ‘ 28  Затоа рековме: ‚Ако некогаш ни го кажат тоа нам или на идните поколенија, ние ќе им одговориме: „Погледнете го овој жртвеник што го претставува Јеховиниот жртвеник кој го направија нашите татковци, но не за жртви паленици или за некакви други жртви, туку за да биде сведок меѓу нас и вас!“ ‘ 29  Во никој случај не сакаме да се бунтуваме против Јехова ниту да се одвраќаме денес од Јехова+ правејќи жртвеник за паленици, за житни жртви и за други жртви покрај жртвеникот на Јехова, нашиот Бог, кој е пред неговиот шатор!“+ 30  А кога свештеникот Финес,+ поглаварите на заедницата+ и поглаварите на Израеловите илјади, кои беа со него, ги чуја тие зборови од синовите на Рувим, од синовите на Гад и од синовите на Манасија, им беше мило што е така. 31  Затоа Финес, синот на свештеникот Елеазар, им рече на синовите на Рувим, на синовите на Гад и на синовите на Манасија: „Денес сознавме дека Јехова е меѓу нас,+ зашто не му бевте неверни на Јехова. Ги избавивте Израеловите синови од Јеховината рака“.+ 32  Потоа Финес, синот на свештеникот Елеазар, и поглаварите се вратија+ откај синовите на Рувим и синовите на Гад од галадската земја во ханаанската земја кај другите Израелови синови и им го пренесоа одговорот.+ 33  И тие зборови им се допаднаа на Израеловите синови, па Израеловите синови почнаа да го благословуваат Бог+ и се откажаа од намерата да одат во војна против нив и да ја опустошат земјата во која живееја синовите на Рувим и синовите на Гад. 34  А синовите на Рувим и синовите на Гад му дадоа име на жртвеникот, бидејќи „тој е сведок меѓу нас дека Јехова е вистинскиот Бог“.*+

Фусноти

Или: „со херемот“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Судејќи според даденото објаснување, жртвеникот веројатно го добил името „Сведок“.