Исус Навин 23:1-16

23  Помина многу време откако Јехова му даде на Израел да си отпочине+ од сите околни непријатели, и Исус Навин остаре и навлезе во години.+  Затоа Исус Навин го свика целиот Израел,+ ги свика неговите старешини — поглаварите, судиите и управителите+ — па им рече: „Јас остарев и навлегов во години.  Вие видовте сѐ што им направи Јехова, вашиот Бог, на сите тие народи заради вас,+ бидејќи Јехова, вашиот Бог, се бореше за вас.+  Еве, на вашите племиња со ждрепка+ им ги разделив во наследство овие народи што останаа и сите оние народи што ги истребив+ од Јордан до Големото Море* на запад.+  Јехова, вашиот Бог, беше тој што ги гонеше пред вас,+ и заради вас ги протера, а вие ја зазедовте нивната земја, како што ви вети Јехова, вашиот Бог.+  Затоа бидете многу храбри+ за да го држите и да го вршите сето она што е напишано во книгата+ на Мојсеевиот закон, никогаш не отстапувајќи од него ни надесно ни налево,+  и не мешајте се со тие народи,+ со народите што преостанаа меѓу вас. Не спомнувајте ги имињата на нивните богови+ и не колнете се во нив,+ не служете им и не клањајте им се,+  туку цврсто држете се за Јехова, својот Бог,+ како што го правевте тоа до денес!  И Јехова ќе истера од пред вас народи големи и моќни.+ (А никој до денес не се одржа пред вас.)+ 10  Еден ваш човек ќе гони илјада,+ зашто Јехова, вашиот Бог, ќе се бори за вас,+ како што ви вети.+ 11  Затоа постојано внимавајте+ на своите души, така што ќе го сакате Јехова, својот Бог!+ 12  Но, ако се одметнете+ и ако се здружите со остатокот од тие народи,+ народи што преостанаа меѓу вас, па почнете да склучувате бракови+ со нив и се помешате со нив и тие со вас, 13  добро знајте дека Јехова, вашиот Бог, повеќе нема да ги протерува од пред вас тие народи,+ туку тие ќе ви бидат стапица и замка, камшик за вашите бедра+ и трње за вашите очи, додека не ве снема од оваа добра земја што ви ја даде Јехова, вашиот Бог.+ 14  Еве, денес одам таму каде што одат сите на земјата.+ Вие добро знаете со сето ваше срце и со сета ваша душа дека не остана неисполнето ниту едно ветување од сите добри ветувања што ви ги даде Јехова, вашиот Бог. Сѐ ви се исполни. Ниту едно ветување не остана неисполнето.+ 15  И како што ги доживеавте сите добра што ви ги вети Јехова, вашиот Бог,+ така Јехова ќе ги пушта на вас и сите зла за кои зборуваше сѐ додека не ве истреби од оваа добра земја што ви ја даде Јехова, вашиот Бог.+ 16  Тоа ќе ви се случи ако го престапите сојузот на Јехова, својот Бог, за кој ви заповеда да го држите, и ако појдете по други богови за да им служите и да им се клањате.+ Јехова ќе пламне од гнев против вас+ и брзо ќе ве снема од добрата земја што ви ја даде“.+

Фусноти

Односно, Средоземното Море.