Исус Навин 24:1-33
24 И Исус Навин ги собра сите израелски племиња во Сихем,+ а ги викна и старешините на Израел+ — поглаварите, судиите и управителите — и тие застанаа пред вистинскиот Бог.+
2 Тогаш Исус Навин му рече на целиот народ: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Некогаш вашите прататковци,+ а меѓу нив и Тара, татко му на Авраам и татко на Нахор,+ живееја од онаа страна на Реката,*+ и им служеа на други богови.
3 Но јас го зедов вашиот прататко Авраам+ од онаа страна на Реката,+ го водев низ целата ханаанска земја и му го намножив потомството,+ давајќи му го Исак.+
4 На Исак му ги дадов Јаков и Исав.+ Потоа на Исав му ја дадов во наследство планината Сеир,+ а Јаков и неговите синови отидоа во Египет.+
5 Подоцна ги испратив Мојсеј и Арон+ и го удрив Египет со неволјите што му ги нанесов.+ Потоа ве изведов.+
6 Кога ги водев од Египет вашите татковци+ и кога дојдоа до морето, Египќаните со бојни коли и со коњаници тргнаа во потера+ по вашите татковци кон Црвеното Море.
7 А тие повикаа кон мене, Јехова,+ и јас поставив темнина меѓу вас и Египќаните+ и го урнав врз нив морето и со него ги прекрив.+ Со свои очи видовте што направив во Египет.+ А потоа долго време живеевте во пустината.+
8 Тогаш ве доведов во земјата на Аморејците што живееја од онаа страна на Јордан, и тие ве нападнаа.+ Но јас ви ги дадов в раце за да ја заземете нивната земја и ги истребив од пред вас.+
9 Потоа се дигна Валак, синот на Сефор,+ моавскиот цар, за да се бори против Израел.+ Тој испрати по Валаам, синот на Веор, да дојде и да ве проколне.+
10 Но јас не сакав да го послушам Валаам.+ Затоа тој повеќепати мораше да ве благослови.+ Така ве избавив од неговите раце.+
11 Потоа го преминавте Јордан+ и дојдовте до Ерихон.+ А граѓаните на Ерихон, Аморејци, Ферезејци, Ханаанци, Хетејци, Гергесејци, Евејци и Евусејци, завојуваа со вас, но јас ви ги дадов вам в раце.+
12 Предизвикав пред вас да се шири страв, кој — како и двајцата аморејски цареви — ги истера+ и нив од пред вас. Тоа не го направи ниту вашиот меч ниту вашиот лак.+
13 Така ви ги дадов земјата за која не се трудевте и градовите што не ги изградивте,+ и се населивте во нив. Сега јадете од лозјата и од маслинарниците што не ги посадивте‘.+
14 Затоа сега бојте се од Јехова+ и служете му беспрекорно* и верно!*+ Отстранете ги боговите, на кои им служеа вашите прататковци од онаа страна на Реката и во Египет,+ и служете му на Јехова!
15 Ако не ви е по волја да му служите на Јехова, изберете си денес кому ќе му служите+ — дали на боговите на кои им служеа вашите прататковци од онаа страна на Реката*+ или на боговите на Аморејците во чија земја живеете.+ А јас и мојот дом ќе му служиме на Јехова!“+
16 Тогаш народот одговори: „Во никој случај нема да го оставиме Јехова за да им служиме на други богови!
17 Зашто, Јехова, нашиот Бог, е оној што нѐ изведе нас и нашите татковци од египетската земја,+ од куќата на ропството.+ Тој ги направи пред наши очи тие големи чуда+ и нѐ чуваше по целиот пат по кој одевме и меѓу сите народи низ кои поминувавме.+
18 Јехова ги истера од пред нас сите оние народи,+ сите Аморејци што живееја во оваа земја. И ние ќе му служиме на Јехова, зашто тој е нашиот Бог“.+
19 Тогаш Исус Навин му рече на народот: „Вие не можете да му служите на Јехова, бидејќи тој е свет Бог,+ Бог кој бара да му се покажува оддаденост само нему.+ Тој нема да ви ги простува бунтовничките престапи и гревовите.+
20 Ако го оставите Јехова+ и ако почнете да им служите на туѓи богови,+ и тој ќе се одврати од вас, ќе ви направи зло и ќе ве истреби по сето добро што ви го правеше“.+
21 А народот му рече на Исус Навин: „Нема да биде така, туку ќе му служиме на Јехова!“+
22 Тогаш Исус Навин му рече на народот: „Самите против себе сте сведоци+ дека по своја волја избравте да му служите на Јехова“.+ А тие рекоа: „Сведоци сме“.
23 „Затоа, отстранете ги туѓите богови што се меѓу вас+ и приклонете ги срцата кон Јехова, Богот на Израел.“
24 А народот му одговори на Исус Навин: „На Јехова, својот Бог, ќе му служиме и неговиот глас ќе го слушаме“.+
25 И Исус Навин во тој ден во Сихем склучи сојуз со народот и му даде уредба и закон.+
26 Потоа Исус Навин ги запиша тие зборови во книгата на Божјиот закон,+ па зеде еден голем камен+ и го постави таму под големото стебло+ покрај Јеховиното светилиште.
27 И Исус Навин му рече на целиот народ: „Еве, овој камен ќе сведочи против нас,+ зашто тој ги слушна сите зборови што ни ги кажа Јехова. Тој камен ќе сведочи против вас ако се одречете од својот Бог“.
28 Тогаш Исус Навин го распушти народот и секој си отиде на своето наследство.+
29 По овие настани, Исус, синот на Навин, Јеховиниот слуга, умре на возраст од сто и десет години.+
30 Го погребаа на подрачјето што го доби во наследство во Тамнат-Сарах,+ кое се наоѓа во ефремските планини, северно од планината Гаш.
31 А Израел му служеше на Јехова во текот на целиот век на Исус Навин и во текот на целиот век на старешините што го надживеаја Исус Навин,+ кои ги знаеја сите дела што ги направи Јехова за Израел.+
32 А коските на Јосиф,+ кои ги донесоа од Египет, синовите на Израел ги погребаа во Сихем, на нивата што ја купи Јаков од синовите на Емор,+ татко му на Сихем, за сто сребреници.*+ Таа им припадна во наследство на синовите на Јосиф.+
33 Умре и Елеазар, синот на Арон,+ па го погребаа на Ридот на Финес, неговиот син,+ кој го беше добил во ефремските планини.
Фусноти
^ Односно Еуфрат.
^ Или: „според вистината; вистинито“.
^ Односно источно од Еуфрат.
^ Буквално: „кесити“. Кесит е парична единица со непозната вредност.