Исус Навин 3:1-17
3 А рано изутрината, Исус Навин стана, па тој и сите синови на Израел тргнаа од Ситим+ и дојдоа до Јордан. Таму ја минаа ноќта пред да преминат.
2 На крајот од третиот ден,+ управителите+ минаа среде логорот
3 и му заповедаа на народот: „Штом ќе го видите ковчегот на сојузот на Јехова, својот Бог, и левитските свештеници како го носат,+ тргнете и вие од своето место и следете го
4 за да го знаете патот по кој треба да одите, зашто не сте оделе по тој пат никогаш. Само внимавајте помеѓу вас и ковчегот да има растојание од околу две илјади лакти*+ и не приближувајте му се!“
5 Потоа Исус Навин му рече на народот: „Посветете се,+ зашто утре Јехова ќе направи чудесни дела меѓу вас!“+
6 На свештениците, пак, Исус Навин им рече: „Земете го ковчегот на сојузот+ и појдете пред народот!“ И тие го зедоа ковчегот на сојузот и тргнаа пред народот.
7 А Јехова му рече на Исус Навин: „Денес почнувам да те возвишувам во очите на целиот Израел,+ за да знаат дека ќе бидам со тебе+ како што бев со Мојсеј.+
8 А ти вака заповедај им+ на свештениците што го носат ковчегот на сојузот: ‚Штом ќе дојдете до работ на јорданските води, влезете во Јордан и застанете+ мирно!‘ “
9 Тогаш Исус Навин им рече на синовите на Израел: „Пристапете овде и чујте ги зборовите на Јехова, својот Бог!“
10 Потоа Исус рече: „По ова ќе знаете дека живиот Бог е меѓу вас+ и дека навистина ќе ги истера од пред вас Ханаанците, Хетејците, Евејците, Ферезејците, Гергесејците, Аморејците и Евусејците.+
11 Еве, ковчегот на сојузот на Господарот на целата земја ќе влезе пред вас во Јордан.
12 Затоа сега доведете дванаесет луѓе од Израеловите племиња, по еден човек од секое племе!+
13 И штом свештениците што го носат ковчегот на Јехова, Господарот на целата земја, ќе стапнат со нозете во јорданските води, водата на Јордан ќе престане да тече, онаа вода што доаѓа одозгора, и ќе стои на едно место како ѕид“.+
14 И народот тргна од своите шатори за да го премине Јордан, а свештениците го понесоа ковчегот+ на сојузот пред народот.
15 И штом носачите на ковчегот дојдоа до Јордан, штом нозете на свештениците што го носеа ковчегот загазија во водата на работ од реката — а Јордан се прелева насекаде преку своите брегови+ во сите денови додека трае жетвата —
16 водата што течеше одозгора застана. Застана како ѕид на едно место,+ многу далеку оттаму, кај Адам, град покрај Сартан.+ А водата што течеше кон морето Араба, кон Соленото Море,+ сосема истече. Престана да тече, и народот преминуваше спроти Ерихон.
17 А свештениците што го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз мирно стоеја на суво+ среде Јордан, додека целиот Израел преминуваше по сува земја,+ и така останаа сѐ додека не премина преку Јордан целиот народ.