Исус Навин 8:1-35

8  Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Не бој се и не плаши се!+ Земи ги со себе сите воини, па стани и оди против Гај! Еве, ти ги давам в раце гајскиот цар и неговиот народ, неговиот град и неговата земја.+  Направи им го на Гај и на неговиот цар она што им го направи на Ерихон и на неговиот цар!+ Само пленот и стоката слободно земете си ги за себе.+ Постави му заседа на градот од зад грб!“+  И така Исус Навин и сите воини+ станаа да одат против Гај. Исус Навин избра триесет илјади луѓе, храбри јунаци,+ и ги испрати ноќе,  па им заповеда: „Еве, вие поставете му заседа+ на градот од зад грб! Не одете предалеку од градот, и сите бидете готови!  А јас и целиот народ што е со мене ќе му се приближиме на градот. Ако тие излезат против нас како и првиот пат,+ ние ќе почнеме да бегаме пред нив.  А тие ќе излезат и ќе нѐ гонат сѐ додека не ги одвлечеме од градот, зашто ќе речат: ‚Бегаат пред нас како и првиот пат!‘+ А ние ќе бегаме пред нив.  Тогаш вие излезете од заседата и заземете го градот, и Јехова, вашиот Бог, ќе ви го предаде в раце!+  Штом ќе го освоите градот, запалете го!+ Постапете според Јеховината реч! Ете, тоа е заповедта што ви ја давам“.+  Потоа Исус Навин ги распушти и тие се упатија кон местото каде што требаше да постават заседа, па се улогорија меѓу Ветил и Гај, западно од Гај. А Исус Навин ја помина таа ноќ меѓу народот. 10  Следното утро Исус Навин стана рано,+ изврши смотра на народот и заедно со старешините на Израел тргна пред народот кон Гај. 11  И сите воини+ што беа со нив тргнаа за да му се приближат на градот отспреди. Се улогорија северно од Гај, така што долината беше меѓу нив и Гај. 12  А во меѓувреме Исус Навин зеде околу пет илјади луѓе и ги намести во заседа+ меѓу Ветил+ и Гај, западно од градот. 13  Така го поставија главниот логор северно од градот,+ а оние што беа во заднината се улогорија западно од градот.+ Исус Навин, пак, таа ноќ тргна кон средината на долината. 14  И штом царот на Гај го виде ова, луѓето од градот, откако станаа рано, побрзаа, па тој со целиот свој народ тргна во договореното време за да се судри со Израел пред пустата рамница. А тој не знаеше дека зад градот е поставена заседа.+ 15  А Исус Навин и целиот Израел фатија да бегаат пред нив кон пустината+ како да се победени.+ 16  Тогаш беше повикан целиот народ од градот да тргне во потера по нив. И така, гонејќи го Исус Навин, се оддалечија од градот.+ 17  Во Гај и Ветил не остана ниту еден човек кој не тргна по Израелците. Така, гонејќи ги Израелците, го оставија градот ширум отворен. 18  Тогаш Јехова му рече на Исус Навин: „Пружи го кон Гај копјето што ти е во раката,+ зашто ти го давам тебе в раце!“+ И Исус Навин го пружи кон градот копјето што му беше во раката. 19  И штом тој ја испружи раката, оние што беа во заседа веднаш станаа од своето место и се стрчаа, па влегоа во градот, го освоија+ и веднаш го запалија.+ 20  Кога се свртеа жителите на Гај, гледај, од градот се креваше чад кон небото, и повеќе не можеа да побегнат ни натаму ни наваму. Тогаш народот што бегаше кон пустината се сврте кон оние што ги гонеа. 21  Кога видоа дека оние од заседата+ го освоија градот и дека од градот се крева чад, Исус Навин и целиот Израел се свртија и удрија на жителите на Гај. 22  А и оние што го зазедоа градот тргнаа кон нив, така што жителите на Гај се најдоа опколени од Израелците, кои им беа и од едната и од другата страна. И им нанесоа толкав пораз што никој не преживеа, ниту некој побегна.+ 23  А царот+ на Гај го фатија жив и го доведоа кај Исус Навин. 24  И Израел ги уби сите жители на Гај во полето, во пустината во којашто ги гонеа. Паѓаа од сечилото на мечот додека не изгинаа сите. Потоа целиот Израел се врати во Гај и со сечилото на мечот убија сѐ што беше во него. 25  Во тој ден изгинаа дванаесет илјади луѓе, мажи и жени, сите луѓе од Гај. 26  А Исус Навин не ја спушти испружената рака во која го држеше копјето+ сѐ додека не беа убиени сите жители на Гај.*+ 27  Само стоката и пленот од тој град Израелците го зедоа за себе, како што Јехова му заповеда на Исус Навин.+ 28  Потоа Исус Навин го запали Гај, така што од него останаа за навек само куп урнатини,+ пустош до ден-денес. 29  А царот на Гај+ го обеси на столб до вечерта.+ А кога заоѓаше сонцето, по заповед од Исус Навин го симнаа од столбот неговиот труп+ и го фрлија пред градската порта, па на него нафрлаа голем куп камења, кои стојат до денес. 30  Тогаш, на планината Евал,+ Исус Навин му изгради жртвеник+ на Јехова, Богот на Израел, 31  како што Мојсеј, Јеховиниот слуга, им заповеда на Израеловите синови и како што е напишано во книгата на Мојсеевиот закон:+ „Жртвеник од цели камења, кои не се обработувани со железен алат“.+ Потоа на него му принесоа на Јехова жртви паленици и жртвуваа жртви на заедништвото.+ 32  Тука, на камењата, го препиша+ законот кој Мојсеј го беше напишал пред синовите на Израел.+ 33  Целиот Израел и неговите старешини,+ управители и судии стоеја од двете страни на ковчегот пред левитските свештеници,+ кои го носеа ковчегот на Јеховиниот сојуз+ — како дојденците така и родените Израелци+ — едната половина пред планината Гаризим,+ а другата половина пред планината Евал,+ како што заповеда Мојсеј, Јеховиниот слуга,+ за да се благослови+ најнапред израелскиот народ. 34  Тогаш ги прочита наглас сите зборови од законот+ — благословите+ и проклетствата+ — сѐ како што е напишано во книгата на законот. 35  Од сето она што го заповеда Мојсеј, немаше ниту еден збор што Исус Навин не го прочита наглас пред целата израелска заедница,*+ пред жените,+ децата+ и дојденците+ што одеа со нив.

Фусноти

Или: „сѐ додека не беа убиени како херем сите жители на Гај“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.