Колошаните 4:1-18
4 Господари, постапувајте со своите робови праведно и чесно,+ знаејќи дека и вие имате Господар на небото.+
2 Истрајте во молитвата,+ бдејте во неа и благодарете.+
3 Молете се истовремено и за нас,+ Бог да ѝ отвори врата+ на нашата порака, за да ја проповедаме светата тајна+ за Христос, поради која и сум во окови.+
4 Молете се да ја објавам така како што и треба да ја објавам.+
5 Однесувајте се* мудро спрема оние што се надвор од собранието.+ Откупувајте си време.*+
6 Вашиот збор секогаш нека биде пријатен,+ зачинет со сол,+ да знаете секому да му одговорите како што треба.+
7 А за тоа како сум, сѐ ќе ви раскаже Тихик,+ мојот сакан брат, верен слуга, кој со мене му робува на Господарот.*
8 Го праќам кај вас токму за да знаете како сме и да ги утеши вашите срца.+
9 Со него го праќам и Онисим,+ мојот верен и сакан брат, кој дојде откај вас. Тие ќе ви раскажат сѐ за тоа како е овде.
10 Ве поздравуваат Аристарх,+ мојот затворски другар, и Марко,+ братучедот на Варнава (за кого уште од порано ви е заповедано да го примите+ убаво ако дојде кај вас),
11 и Исус наречен Јуст, кои се од обрежаните. Тие се моите единствени соработници во службата за Божјето царство, тие ми помагаа и ме зајакнуваа.
12 Ве поздравува Епафрас,+ кој дојде откај вас, роб на Христос Исус. Тој секогаш се бори за вас во своите молитви, за да се одржите до крај зрели+ и да имате цврсти уверувања во поглед на сѐ што е Божја волја.
13 Навистина сведочам за него дека многу се труди за вас и за оние во Лаодикија+ и за оние во Хиераполис.
14 Ве поздравуваат Лука,+ саканиот лекар, и Димас.+
15 Поздравете ги браќата во Лаодикија, како и Нимфа и собранието во нејзината куќа.+
16 А кога ова писмо ќе се прочита кај вас, нека се прочита+ и во собранието на Лаодикијците, а вие прочитајте го она од Лаодикија.
17 И кажете му на Архип:+ „Внимавај да ја извршиш службата што си ја примил во Господарот“.
18 Јас, Павле, ви го пишувам овој поздрав со сопствена рака.+ Мислете на моите окови.+ Незаслужената доброта нека биде со вас.
Фусноти
^ Буквално: „Одете“.
^ Или: „Добро користете го времето што го имате (секоја можност што ќе ви се укаже)“.
^ Види го додатокот 11.