Лука 21:1-38

21  Исус погледна и виде како богаташите ги пуштаат своите дарови во ковчежињата за прилози.+  Тогаш здогледа една сиромашна вдовица како пушта во нив две парички.*+  И рече: „Вистина, ви велам, оваа сиромашна вдовица пушти повеќе од сите нив.+  Зашто, сите тие пуштија дарови од својот вишок, а оваа жена од својата немаштија пушти сѐ што имаше за живот“.+  А додека некои зборуваа за храмот, дека е украсен со убави камења и со посветени дарови,+  тој рече: „Ќе дојдат денови кога од сето ова што го гледате овде нема да биде оставен ниту камен на камен, сѐ ќе биде разурнато“.+  Тогаш го прашаа: „Учителе, кога ќе биде тоа и што ќе биде знакот дека дошло времето да се случи тоа?“+  А тој рече: „Чувајте се да не бидете заведени!+ Зашто, мнозина ќе дојдат во мое име и ќе велат: ‚Јас сум Христос‘ и ‚Се приближи времето‘.+ Немојте да одите по нив!  А кога ќе чуете за војни и немири, не плашете се!+ Зашто, тоа мора најпрво да се случи, но крајот нема да дојде веднаш“. 10  Потоа им рече: „Ќе се крене народ против народ+ и царство против царство.+ 11  И ќе има силни земјотреси, а на разни места ќе има смртоносни зарази и глад.+ Ќе има стравотии и големи знаци од небото.+ 12  А пред сето тоа, ќе кренат рака на вас, ќе ве прогонуваат+ и ќе ве предаваат во синагогите и во затворите и ќе ве водат пред цареви и управители поради моето име.+ 13  Тоа ќе ви даде можност да сведочите.+ 14  Затоа, немојте однапред да смислувате што ќе речете во своја одбрана,+ 15  но јас ќе ви дадам зборови и мудрост на која сите ваши противници заедно не ќе можат да им се спротивстават, ниту ќе можат да ги оспорат.+ 16  А ќе ве предаваат дури и родителите,+ браќата, роднините и пријателите. Некои од вас ќе бидат и убиени.+ 17  И сите ќе ве мразат поради моето име.+ 18  Но нема да ви падне ниту влакно од главата.+ 19  Преку својата истрајност ќе ги добиете своите души.*+ 20  А кога ќе го видите Ерусалим опколен+ од улогорени војски, тогаш знајте дека се приближило неговото опустошување!+ 21  Тогаш оние што ќе бидат во Јудеја, нека бегаат во планините! Оние што ќе бидат во градот, нека го напуштат, а оние што ќе бидат во селата, нека не влегуваат во градот!+ 22  Зашто, тоа се денови во кои ќе се изврши правдата, за да се исполни сето она што е напишано.+ 23  Тешко на бремените жени и на доилките во тие денови!+ Зашто, страшна неволја ќе ја снајде оваа земја и гнев ќе се излее врз овој народ. 24  Ќе паднат од сечилото на мечот и ќе бидат одведени во заробеништво меѓу сите народи.+ И Ерусалим ќе биде газен од незнабошците додека не се исполнат одредените времиња+ на незнабошците. 25  И ќе има знаци на сонцето,+ на месечината и на ѕвездите, а народите на земјата ќе ги обземе мака и чувство на немоќ поради бучавата на морето+ и брановите,+ 26  и тогаш луѓето ќе губат свест од страв+ и од исчекување на она што ќе го снајде светот,*+ зашто небесните сили ќе се затресат.+ 27  И тогаш ќе го видат Синот човечки+ како доаѓа во облак со сила и со голема слава.+ 28  А кога ќе почне да се случува сето тоа, исправете се и подигнете ги главите, бидејќи се приближува вашето избавување“. 29  Тогаш им раскажа една споредба: „Погледнете ја смоквата и сите други дрвја!+ 30  Кога ќе видите дека веќе распупиле, и сами знаете дека летото е близу.+ 31  Така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Божјето царство е близу!+ 32  Вистина, ви велам, ова поколение нема да помине додека не се случи сето тоа.+ 33  Небото и земјата ќе поминат,+ но моите зборови нема да поминат.+ 34  Но внимавајте на себе вашите срца да не бидат оптоварени со прекумерно јадење и со опивање+ и да не се оптоварат со животните грижи,*+ па тој ден да ве затече и да ве изненади+ 35  како замка.+ Зашто, ќе дојде врз сите што живеат по целата земја.+ 36  Затоа бидете будни,+ сесрдно молејќи се за сето време,+ за да успеете да го избегнете сето ова што треба да се случи и да застанете пред Синот човечки“.+ 37  Дење поучуваше во храмот,+ а ноќе излегуваше и престојуваше на гората која се вика Маслинска.+ 38  А целиот народ+ доаѓаше рано наутро кај него во храмот за да го слуша.

Фусноти

Буквално: „две лепти“. Види го додатокот 13.
Или: „право на живот“.
Буквално: „населената земја“.
Или: „со грижи околу издршката (средствата за живот)“.