Лука 22:1-71
22 Се приближуваше Празникот на бесквасните лебови, наречен Пасха.+
2 Главните свештеници и книжниците сакаа да го убијат Исус,+ но поради тоа што се плашеа од народот,+ бараа поволен момент да го сторат тоа.
3 А Сатана влезе во Јуда, наречен Искариот, кој беше еден од дванаесеттемина.+
4 Тој отиде и разговараше со главните свештеници и со храмските заповедници за тоа како да им го предаде.+
5 Тие се израдуваа и се договорија да му дадат сребрени пари.+
6 Тој се согласи и почна да бара поволен момент да им го предаде кога ќе нема народ во близината.+
7 Дојде денот на бесквасните лебови, во кој требаше да се жртвува пасхалната жртва.+
8 И Исус ги испрати Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ни ја пасхалната жртва за да јадеме!“+
9 Тие го прашаа: „Каде сакаш да ја приготвиме?“
10 Тогаш им рече:+ „Ете, кога ќе влезете во градот, ќе ве сретне човек кој ќе носи стомна со вода. Отидете по него во куќата во која ќе влезе!+
11 И речете му на домаќинот на таа куќа: ‚Учителот те прашува: „Каде е гостинската соба во која можам да ја јадам пасхалната жртва со своите ученици?“ ‘+
12 Тој ќе ви покаже голема наместена горна соба. Таму пригответе ја!“+
13 И отидоа и најдоа така како што им рече. И ја приготвија пасхалната жртва.+
14 Кога дојде времето, се смести на трпезата,* а со него и апостолите.+
15 И им рече: „Имав силна желба да ја јадам оваа пасхална жртва со вас пред да почнат моите страдања.
16 Зашто, ви велам, нема повторно да ја јадам додека не се исполни во Божјето царство сето она што таа го претставува“.+
17 И ја зеде чашата,+ се заблагодари и рече: „Земете ја и подајте си ја еден на друг!
18 Зашто, ви велам, отсега нема повеќе да пијам од лозовиот род додека не дојде Божјето царство“.+
19 И зеде леб,+ се заблагодари, го раскрши и им го даде, па рече: „Ова го претставува* моето тело,+ кое ќе се даде за вас.+ Правете го ова за мој спомен!“+
20 Така ја зеде и чашата,+ откако вечераа, и рече: „Оваа чаша го претставува новиот сојуз+ на темел на мојата крв,+ која ќе се пролее за вас.+
21 Но, еве, раката на мојот предавник+ е со мене на трпезата.+
22 Зашто, Синот човечки си заминува како што е одредено,+ но тешко на оној човек што ќе го предаде!“+
23 Тогаш тие почнаа да расправаат меѓу себе кој од нив би можел да биде тој што ќе го стори тоа.+
24 А меѓу нив настана и препирка околу тоа кој од нив би можел да биде најголем.+
25 Тогаш Исус им рече: „Царевите господарат над народите, и оние што владеат над народите се нарекуваат добротвори.+
26 Но вие не бидете такви!+ Напротив, најголемиот меѓу вас нека биде како најмладиот,+ а оној што предводи нека биде како оној што служи!+
27 Зашто, кој е поголем, оној што е на трпезата* или оној што послужува? Зарем не е оној што е на трпезата? А јас сум во вашата средина како оној што послужува.+
28 Вие останавте со мене+ во моите искушенија.+
29 Јас склучувам со вас сојуз за царство,+ како што мојот Татко со мене склучи сојуз,+
30 да јадете+ и да пиете на мојата трпеза во моето царство,+ и да седите на престоли+ и да им судите на дванаесетте Израелови племиња.
31 Симоне, Симоне, еве, Сатана+ побара да ве просее како пченица.+
32 Но јас сесрдно се молев+ за тебе, твојата вера да не ослаби. А ти, штом ќе се вратиш, зајакни ги+ своите браќа!“
33 Тогаш Петар му рече: „Господару, готов сум да одам со тебе и во затвор и во смрт!“+
34 А тој одговори: „Ти велам, Петре, денес петел нема да запее додека трипати не одречеш дека ме познаваш“.+
35 Уште им рече: „Кога ве испратив+ без ќесе за пари, без торба и без сандали, дали нешто ви недостасуваше?“ Тие одговорија: „Не!“
36 Тогаш им рече: „А сега, кој има ќесе за пари, нека го земе! Исто така и торба! И кој нема меч, нека ја продаде својата облека и нека си купи!
37 Зашто, ви велам дека мора да се изврши на мене она што е напишано: ‚Беше вброен меѓу беззаконици‘.+ Зашто, се извршува она што се однесува на мене“.+
38 Тогаш рекоа: „Господару, еве овде има два меча!“ А тој им рече: „Доволни се“.
39 Потоа излезе и, како и обично, отиде на Маслинската Гора. По него тргнаа и учениците.+
40 Кога дојдоа таму, им рече: „Молете се за да не паднете во искушение!“+
41 А самиот се оддалечи од нив, колку што може да се дофрли со камен, па клекна и почна да се моли:
42 „Татко, ако сакаш, тргни ја оваа чаша од мене! Но нека не биде мојата волја,+ туку твојата!“+
43 Тогаш му се појави ангел од небото и го зајакнуваше.+
44 А кога се најде во тешка душевна мака, се молеше уште посесрдно.+ Потта му стана како капки крв што паѓаа на земјата.+
45 И стана од молитвата, отиде кај учениците и ги најде како спијат од жалост.+
46 И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се, за да не паднете во искушение!“+
47 Додека уште зборуваше, се појави толпа, а пред неа одеше еден од дванаесеттемина по име Јуда.+ И му пријде на Исус за да го бакне.+
48 А Исус му рече: „Јудо, зарем со бакнеж го предаваш Синот човечки?“+
49 Оние, пак, што беа околу него, кога видоа што се случува, рекоа: „Господару, да удриме ли со меч?“+
50 А еден од нив го удри робот на првосвештеникот и му го отсече десното уво.+
51 Исус тогаш рече: „Престанете со тоа! Доста!“ И го допре увото на човекот и го излекува.+
52 А на главните свештеници, на храмските заповедници и на старешините, кои дојдоа да го фатат, Исус им рече: „Зарем со мечеви и со стапови сте излегле да ме фатите како да сум разбојник?+
53 Секој ден бев со вас во храмот,+ па не кренавте рака на мене.+ Но ова е вашиот час+ и власта+ на темнината“.+
54 Тогаш го фатија и го одведоа.+ И го доведоа во куќата на првосвештеникот.+ А Петар го следеше оддалеку.+
55 Среде дворот запалија оган и седнаа наоколу, а Петар седна меѓу нив.+
56 Кога го виде како седи покрај огнот, една слугинка внимателно го погледна и рече: „И овој беше со него!“+
57 Но тој го одрече тоа:+ „Не го познавам, жено!“+
58 Малку потоа го виде некој друг и рече: „И ти си еден од нив!“ А Петар одговори: „Човеку, не сум!“+
59 Кога помина околу еден час, еден друг човек почна упорно да тврди: „Навистина, и овој беше со него, бидејќи е Галилеец!“+
60 А Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И веднаш, додека уште зборуваше, запеа петелот.+
61 Тогаш Господарот се заврте и го погледна Петар, а Петар се сети на зборовите што му ги рече Господарот: „Пред петелот да запее денес, ти трипати ќе се одречеш од мене“.+
62 И излезе надвор и горко плачеше.+
63 А луѓето што го чуваа Исус почнаа да го исмеваат+ и да го удираат.+
64 Му ја покрија главата и му велеа: „Ако си пророк, кажи кој те удри!“+
65 И го опсипуваа со многу други хули.+
66 Кога се раздени, се собра народниот совет од старешини — главните свештеници и книжниците+ — па го доведоа во салата на Судскиот совет* и рекоа:+
67 „Ако си Христос,*+ кажи ни!“ А тој им рече: „И да ви кажам, нема да верувате.+
68 И ако ве прашам, нема да одговорите.+
69 Но отсега Синот човечки+ ќе седи откај моќната десница+ на Бог“.+
70 Тогаш сите рекоа: „Значи, ти ли си Синот Божји?“ Тој им одговори: „Вие сами велите+ дека сум“.
71 А тие рекоа: „Што ќе ни е друго сведоштво?+ Зашто, самите чувме од негова уста“.+