Лука 4:1-44
4 Исус, полн со свет дух, се врати од Јордан, и духот го водеше низ пустината+
2 четириесет дена,+ а Ѓаволот го искушуваше.+ Во тие денови ништо не јадеше, па кога изминаа, тој огладне.
3 Тогаш Ѓаволот му рече: „Ако си син Божји, кажи му на овој камен да стане леб!“
4 А Исус му одговори: „Напишано е: ‚Не смее човек да живее само од леб‘ “.+
5 Потоа го одведе на едно високо место и му ги покажа одеднаш сите царства на светот.*
6 И Ѓаволот му рече: „Ќе ти ја дадам власта над сите нив+ и нивната слава, бидејќи мене ми е предадена, и јас ја давам кому што сакам.+
7 Затоа, ако ми се поклониш,*+ сета власт ќе биде твоја“.
8 Тогаш Исус му рече: „Напишано е: ‚Јехова, својот Бог,+ обожавај го* и само нему служи му!‘ “*+
9 Тогаш го одведе во Ерусалим, го постави на врвот од храмскиот ѕид+ и му рече: „Ако си син Божји, фрли се одовде долу!+
10 Зашто, напишано е: ‚На ангелите свои тој ќе им заповеда за тебе да те чуваат‘+
11 и ‚Тие ќе те носат на раце за да не удриш некаде со ногата во камен‘ “.+
12 Исус му одговори: „Кажано е: ‚Не искушувај го Јехова, својот Бог!‘ “+
13 Кога заврши со сите тие искушенија, Ѓаволот го остави, чекајќи друг поволен момент.+
14 А Исус се врати во Галилеја+ исполнет со силата на духот, и добриот глас за него се рашири по целиот тој крај.+
15 И почна да поучува и во нивните синагоги, и сите го почитуваа.+
16 И дојде во Назарет,+ каде што порасна. Според својот обичај, влезе во синагогата во саботен* ден,+ па стана да чита.
17 И му го дадоа свитокот на пророкот Исаија, а тој го отвори свитокот и го најде местото каде што беше напишано:
18 „Јеховиниот дух+ е врз мене, зашто Бог ме помаза да им објавам добра вест на сиромасите, ме испрати да проповедам ослободување на заробените и враќање на видот на слепите, да ги пуштам на слобода здробените,+
19 да ја проповедам Јеховината година на милоста“.*+
20 Тогаш го свитка свитокот, му го врати на служителот и седна. Очите на сите во синагогата беа вперени во него.
21 И им рече: „Денес се исполнија овие зборови од Писмото, кои штотуку ги чувте“.+
22 И сите се согласуваа со тоа и се восхитуваа на привлечните зборови+ што излегуваа од неговата уста. И велеа: „Не е ли овој синот на Јосиф?“+
23 Тогаш им рече: „Сигурно ќе ја примените на мене оваа изрека: ,Лекару,+ излекувај се самиот себе!‘ И ќе речете: ‚Направи го и овде, во својот роден крај,+ она+ што чувме дека се случило во Капернаум!‘ “+
24 И продолжи: „Навистина, ви велам, ниту еден пророк не е прифатен во својот роден крај.
25 Еве, ви ја кажувам вистината: во деновите на Илија, кога небото три години и шест месеци беше затворено, па во целата земја владееше голем глад, во Израел имаше многу вдовици,+
26 но Илија не беше испратен кај ниту една од тие жени, туку само кај вдовицата во Сарепта,+ во сидонската земја.
27 Исто така, во времето на пророкот Елисеј, во Израел имаше многу лепрозни, но ниту еден од нив не беше исчистен, освен Сириецот Нааман“.+
28 А кога го чуја тоа, сите во синагогата се исполнија со гнев,+
29 па станаа, го истераа од градот и го одведоа во планината, на стрмнината на која што беше изграден нивниот град, за да го фрлат главечки удолу.+
30 Но тој помина меѓу нив и си отиде.+
31 И слезе во Капернаум,+ град во Галилеја. И ги поучуваше во сабота,
32 а тие беа восхитени од неговото учење,+ бидејќи зборуваше како некој зад чии зборови стои Бог.+
33 А во синагогата имаше еден човек кој беше обземен од дух,+ од нечист демон. И извика со силен глас:
34 „Леле! Што имаме ние со тебе,+ Исусе Назареќанецу?+ Дојде ли за да нѐ уништиш? Знам+ точно кој си: Светецот Божји!“+
35 А Исус го прекори: „Замолчи и излези од него!“ Тогаш демонот го собори човекот пред нив, па излезе од него без да го повреди.+
36 Тогаш сите се вчудовидоа и еден на друг си велеа: „Какви зборови се тоа? Тој со власт и сила им заповеда на нечистите духови, и тие излегуваат!“+
37 И гласот за него се ширеше по целата околина.+
38 Потоа стана и излезе од синагогата, па влезе во домот на Симон. А тештата на Симон ја мачеше силна треска, па го замолија да ѝ помогне.+
39 И тој застана над неа, ѝ се закани на треската,+ и таа ја остави. И жената веднаш стана и почна да ги послужува.+
40 А кога заоѓаше сонцето, сите што имаа болни, кои боледуваа од разни болести, ги доведуваа кај него. Тој ги полагаше рацете врз секој од нив и ги оздравуваше.+
41 А и демоните излегуваа од мнозина,+ викајќи: „Ти си Синот Божји!“+ Но тој ги прекоруваше и не им дозволуваше да зборуваат,+ бидејќи знаеја+ дека тој е Христос.*+
42 Кога се раздени, излезе и отиде на едно осамено место,+ а народот го бараше. Дојдоа до него и сакаа да го задржат да не си оди откај нив.
43 А тој им рече: „И на другите градови морам да им ја објавам добрата вест за Божјето царство, бидејќи за тоа сум испратен“.+
44 И продолжи да проповеда по синагогите во Јудеја.+
Фусноти
^ Буквално: „целата населена земја“.
^ Или: „ако ми покажеш почит; ако извршиш пред мене чин на обожавање во моја чест“.
^ Буквално: „На Јехова, својот Бог, клањај му се“.
^ Или: „врши му света служба“.
^ Буквално: „поволна (прифатлива) година“.