Лука 6:1-49

6  Една сабота* поминуваше низ житните полиња, а неговите ученици кинеа класје,+ ги триеја со рацете и ги јадеа.+  Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Зошто го правите она што не е дозволено+ во сабота?“+  Исус им одговори: „Зарем никогаш не сте читале што направи Давид+ кога огладнеа тој и неговите луѓе,+  како влезе во Божјиот дом, па зеде, јадеше и им даде на своите луѓе од лебовите ставени пред Бог,+ кои не смее да ги јаде никој друг освен свештениците?“+  И им рече: „Синот човечки е Господар на саботата“.+  Една друга сабота+ влезе во синагогата и почна да поучува. Таму имаше еден човек, кому десната рака му беше исушена.+  Книжниците и фарисеите го посматраа+ за да видат дали ќе лекува во сабота, за да најдат нешто за да го обвинат.+  Но тој знаеше за што размислуваат,+ па на човекот со исушена рака му рече: „Стани и застани на средина!“ И тој стана и застана.+  Тогаш Исус им рече: „Ве прашувам: дали е дозволено во сабота да се прави добро+ или да се прави зло, да се спаси живот* или да се погуби?“+ 10  И ги погледна сите наоколу, па му рече на човекот: „Испружи ја раката!“ Човекот направи така, и раката му оздраве.+ 11  А тие се разбеснеа, па почнаа да се договараат што да му направат на Исус.+ 12  Во тие денови тој излезе на гората да се моли,+ и целата ноќ ја помина молејќи му се на Бог.+ 13  Кога се раздени, ги повика кај себе своите ученици и од нив избра дванаесетмина, кои ги нарече апостоли:+ 14  Симон, кого го нарече Петар,+ и неговиот брат Андреј, и Јаков и Јован,+ и Филип+ и Вартоломеј, 15  и Матеј и Тома,+ и Јаков, синот на Алфеј, и Симон наречен „ревнител“,+ 16  и Јуда, синот на Јаков, и Јуда Искариот, кој потоа го предаде.+ 17  И слезе со нив и застана на една висорамнина. Таму имаше големо мноштво негови ученици и големо мноштво луѓе+ од цела Јудеја и од Ерусалим, како и од тирското и сидонското приморје, кои дојдоа да го чујат и да бидат излекувани од своите болести.+ 18  Беа излекувани дури и оние што беа измачувани од нечисти духови. 19  И сите од мноштвото настојуваа да го допрат,+ бидејќи од него излегуваше сила+ и ги лекуваше сите. 20  А тој ги подигна очите кон своите ученици и рече:+ „Среќни сте вие сиромашните,+ зашто ваше е царството Божје! 21  Среќни сте вие што сега гладувате,+ зашто ќе се наситите!+ Среќни сте вие што сега плачете, зашто ќе се смеете!+ 22  Среќни сте кога луѓето ве мразат+ и кога ве истеруваат од својата средина и ве навредуваат и го оцрнуваат+ вашето име поради Синот човечки! 23  Радувајте се во тој ден и воскликнувајте,* зашто голема е вашата награда на небото! Зашто, нивните прататковци им го правеа истото и на пророците.+ 24  Но тешко вам, богати,+ зашто веќе ја имате својата утеха!+ 25  Тешко вам кои сега сте сити, зашто ќе гладувате!+ Тешко вам кои сега се смеете, зашто ќе тагувате и ќе плачете!+ 26  Тешко вам кога сите луѓе зборуваат добро за вас, зашто нивните прататковци им го правеа истото и на лажните пророци!+ 27  Но вам кои слушате, ви велам: сакајте ги своите непријатели,+ правете им добро+ на оние што ве мразат, 28  благословувајте ги оние што ве проколнуваат, молете се за оние што ве навредуваат.+ 29  На оној што ќе те удри по едниот образ,+ сврти му го и другиот, и на оној што ти ја зема+ горната облека, не прикратувај му ја ни долната. 30  Што и да ти побара некој, дај му,+ и не барај си го назад своето од оној што ти го зема. 31  И како што сакате луѓето да ви прават вам, така правете им и вие ним.+ 32  Ако ги сакате оние што ве сакаат вас, каква заслуга имате? Зашто, и грешниците ги сакаат оние што ги сакаат нив.+ 33  И ако им правите добро на оние што ви прават добро вам, каква заслуга имате? И грешниците го прават истото.+ 34  И ако им позајмувате без камата+ на оние од кои се надевате дека ќе го добиете назад, каква заслуга имате? И грешниците им позајмуваат без камата на грешници за да им се врати исто толку.+ 35  Туку, сакајте ги своите непријатели, правете добро и позајмувајте+ без камата, не надевајќи се на ништо, па вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Севишниот,+ зашто тој е милостив+ кон неблагодарните и кон злите. 36  Бидете милосрдни, како што е милосрден вашиот Татко.+ 37  Не судете,* и нема да ви биде судено.+ Не осудувајте, и нема да бидете осудени. Простувајте, и ќе ви биде простено.+ 38  Давајте, и ќе ви се даде.+ Ќе ви сипат во скутот добра мера, набиена, натресена и преполна. Зашто, со каква мера мерите, со таква ќе ви се мери“.+ 39  Тогаш им раскажа и една споредба: „Може ли слепец да води слепец? Нема ли двајцата да паднат во јама?+ 40  Ученикот не е над својот учител, туку секој што е добро поучен, ќе биде како својот учител.+ 41  Зошто тогаш ја гледаш раската во окото на својот брат, а гредата во своето око не ја забележуваш?+ 42  Како можеш да му речеш на својот брат: ‚Брате, дозволи ми да ти ја извадам раската што ти е во окото‘, а самиот не ја гледаш гредата во своето око?+ Лицемеру! Извади ја најнапред гредата од своето око,+ па тогаш добро ќе видиш како да ја извадиш раската што е во окото на твојот брат.+ 43  Зашто, нема добро дрво кое дава гнил плод, а нема ни гнило дрво кое дава добар плод.+ 44  Зашто, секое дрво се познава по својот плод.+ Не се берат смокви од трње, ниту се бере грозје од трнова грмушка.+ 45  Добар човек од добрата ризница на своето срце изнесува добро,+ а зол човек од својата зла ризница изнесува зло, бидејќи неговата уста го зборува она со кое му е полно срцето.+ 46  Тогаш, зошто ме викате ‚Господару! Господару!‘* а не го правите она што го зборувам?+ 47  Ќе ви кажам на кого личи секој што доаѓа кај мене и ги слуша моите зборови и ги извршува:+ 48  тој е како човек што градеше куќа, па копаше во длабочина и положи темел на карпа. Кога дојде поплава,+ поројот удри на таа куќа, но не можеше да ја разниша, бидејќи беше добро изградена.+ 49  А оној што слуша, но не извршува,+ е како човек кој изгради куќа на земја, без темел. На неа удри порој, и куќата веднаш се урна+ и сосема се распадна“.+

Фусноти

Буквално: „сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Буквално: „душа“.
Буквално: „и потскокнувајте [од радост]“.
Или: „Престанете да судите“.
Види го додатокот 11.