Марко 13:1-37
13 Кога излегуваше од храмот, еден од неговите ученици му рече: „Учителе, гледај! Какви камења, какви градби!“+
2 Но Исус му рече: „Ги гледаш ли овие величествени градби?+ Овде нема да биде оставен ниту камен на камен,+ сѐ ќе биде урнато“.+
3 И додека седеше на Маслинската Гора, спроти храмот, Петар,+ Јаков, Јован и Андреј го прашаа насамо:+
4 „Кажи ни кога ќе биде тоа и што ќе биде знакот дека дошло времето сето тоа да заврши?“+
5 Тогаш Исус почна да им зборува: „Пазете се некој да не ве заведе.+
6 Мнозина ќе дојдат во мое име и ќе велат: ‚Јас сум Христос!‘ И ќе заведат мнозина.+
7 А кога ќе чуете за војни на разни места, не плашете се! Тоа мора да се случи, но тогаш уште не е крајот.+
8 Зашто, ќе се крене народ против народ и царство против царство,+ ќе има земјотреси+ на разни места и ќе има глад.+ Тоа е почетокот на болните неволји.+
9 А вие внимавајте на себе. Ќе ве предаваат на судови,+ и ќе ве тепаат во синагогите,+ и ќе ве водат пред управители и цареви поради мене, ним за сведоштво.+
10 И кај сите народи+ најпрво мора да се проповеда добрата вест.+
11 А кога ќе ве водат на суд, немојте однапред да се грижите што ќе кажете,+ туку она што ќе ви биде дадено во тој час, тоа кажете го, бидејќи нема да зборувате вие, туку светиот дух.+
12 Брат брата ќе предаде на смрт, и татко дете,+ и ќе се дигнат децата против родителите и ќе ги убијат.+
13 И сите ќе ве мразат поради моето име.+ Но, кој ќе истрае до крајот,+ тој ќе биде спасен.+
14 А кога ќе видите дека гадотијата+ која пустоши+ стои таму каде што не смее (читателот нека употреби проникливост),+ тогаш оние што ќе бидат во Јудеја нека бегаат во планините.+
15 Кој ќе биде на покривот, нека не слегува и нека не влегува во куќата за да земе нешто од неа.+
16 И кој ќе биде на нивата, нека не се враќа назад за да си ја земе облеката.+
17 Тешко на бремените жени и на доилките во тие денови!+
18 Молете се тоа да не се случи во зима.+
19 Зашто, тие денови ќе бидат денови на неволја+ каква што немало од почетокот на светот, кој го создаде Бог, па сѐ дотогаш, и каква што ќе нема повторно.+
20 И кога Јехова+ не би ги скратил тие денови, никој* не би се спасил. Но заради избраните,+ кои тој ги избра,+ ќе ги скрати тие денови.+
21 И ако тогаш некој ви рече: ‚Еве, овде е Христос!‘* — или: ‚Ене, онде е!+‘ — не верувајте!+
22 Зашто, ќе се појават лажни Христоси и лажни пророци+ и ќе прават знаци и чуда+ за да ги заведат, ако е можно, и избраните.+
23 Затоа, пазете се!+ Сѐ ви кажав однапред.+
24 А во тие денови, по таа неволја, сонцето ќе потемни, месечината повеќе нема да свети,
25 ѕвездите ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се затресат.+
26 Тогаш ќе го видат Синот човечки+ како доаѓа во облаците со голема сила и слава.+
27 И тогаш тој ќе ги испрати ангелите и ќе ги собере своите избрани+ од четирите страни на светот,* од крајот на земјата до крајот на небото.+
28 Учете од споредбата со смоквата. Кога од неа ќе потера гранка и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.+
29 Така и вие, кога ќе видите дека сето тоа се случува, знајте дека Синот човечки е близу, пред вратата.+
30 Вистина, ви велам, ова поколение нема да помине додека не се случи сето тоа.+
31 Небото+ и земјата ќе поминат, но моите зборови+ нема да поминат.+
32 А за тој ден или час никој не знае, ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото.+
33 Внимавајте, бидете будни,+ бидејќи не знаете кога е времето да се случи тоа.+
34 Тоа е како човек кој отпатува во туѓина+ и ја остави својата куќа и им го довери управувањето на своите робови, секому давајќи му ја неговата работа, а на вратарот му заповеда да бдее.
35 Затоа бдејте,+ бидејќи не знаете кога доаѓа господарот на куќата, дали навечер,* или на полноќ,* или кога ќе пропеат петлите,* или рано наутро,*+
36 за, кога ќе дојде ненадејно, да не ве најде како спиете.+
37 А ова што ви го велам вам, им го велам на сите: Бдејте!“+
Фусноти
^ Буквално: „ниту едно тело“.
^ Буквално: „од четирите ветрови“.
^ „Навечер“ — првата стража во грчката и римската поделба на ноќта, од заоѓањето на сонцето до околу 21 часот.
^ „Полноќ“ — втората стража, од околу 21 часот до полноќ.
^ „Кога ќе пропеат петлите“ — третата стража, од полноќ до околу 3 часот.
^ „Рано наутро“ — четвртата стража, од околу 3 часот до изгрејсонце.