Марко 16:1-20

16  Кога помина саботата,*+ Марија Магдалена+ и Марија, мајката на Јаков, и Салома купија мириси за да појдат и да го намачкаат Исус.+  И во првиот ден+ од седмицата, многу рано, кога изгреа сонцето, дојдоа до гробот.+  И си зборуваа меѓу себе: „Кој ќе ни го отркала каменот од влезот на гробот?“  Но кога погледнаа, видоа дека каменот е отркалан, иако беше многу голем.+  Кога влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бела долга облека, како седи од десната страна. И се уплашија.+  А тој им рече: „Не плашете се! Вие го барате Исус Назареќанецот, кој беше прикован на столб.*+ Воскресна,+ не е овде. Еве го местото каде што го положија.+  Туку одете, кажете им на неговите ученици и на Петар: ‚Тој оди пред вас во Галилеја.+ Таму ќе го видите, како што ви рече‘ “.+  И тие излегоа и побегнаа од гробот, растреперени од страв и вчудовидени. И никому ништо не му кажаа бидејќи се плашеа.+ КРАТОК ЗАКЛУЧОК Некои подоцнежни ракописи и преводи имаат краток заклучок, кој започнува по Марко 16:8 и гласи: А сѐ што им беше заповедано им го раскажаа накратко на оние што беа со Петар. Потоа, Исус лично ја испрати по нив, од исток до запад, светата објава за вечното спасение, која не се расипува. ДОЛГ ЗАКЛУЧОК Извесни древни ракописи (Александрискиот кодекс, Ефремовиот кодекс и Безеовиот кодекс на стари ракописи) и некои преводи (латинската Вулгата, Кјуретоновиот старосириски текст, сириската Пешита) го содржат долгиот заклучок што следи. Но Синајскиот кодекс, Ватиканскиот кодекс и Синајско-сирискиот кодекс, како и Ерменскиот превод не го содржат тој заклучок:  Откако воскресна, рано во првиот ден од седмицата, најнапред ѝ се појави на Марија Магдалена, од која беше истерал седум демони. 10  Таа отиде и им кажа за тоа на оние што беа со него, кои сега тагуваа и плачеа. 11  Но кога чуја дека оживеал и дека таа го видела, не поверуваа. 12  Потоа им се покажа во друг облик на двајца од нив по пат, кога одеа в село. 13  Тие се вратија и им кажаа за тоа на останатите. Но и ним не им поверуваа. 14  А подоцна им се појави на самите единаесетмина, додека беа на трпеза, и ги прекори поради тоа што немаа вера и поради закоравеноста на нивните срца, бидејќи не им поверуваа на оние што го видоа дека е станат од мртвите. 15  И им рече: „Одете по целиот свет и проповедајте му ја добрата вест на секое создание! 16  Оној што ќе верува и ќе се крсти, ќе биде спасен, а кој не верува, ќе биде осуден. 17  А овие чудесни знаци ќе ги следат оние што веруваат: во мое име ќе истеруваат демони, ќе зборуваат на јазици 18  и со свои раце ќе фаќаат змии. Ако испијат нешто смртоносно, нема да им наштети. Ќе полагаат раце врз болни, и тие ќе оздравуваат“. 19  Потоа Господарот* Исус, откако разговараше со нив, беше земен на небото и седна од десната страна на Бог. 20  А тие отидоа и насекаде проповедаа, а Господарот соработуваше со нив и ја поткрепуваше таа порака со чудесни знаци.

Фусноти

Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за Мт 12:1.
Види го додатокот 8.
Види го додатокот 11.