Марко 9:1-50

9  Уште им рече: „Вистина, ви велам, некои од оние што стојат овде нема да вкусат смрт додека не видат дека Божјето царство дошло во сила“.+  Така, по шест дена, Исус ги зеде само Петар, Јаков и Јован и ги одведе на една висока планина, каде што беа сами. Тогаш се преобрази пред нив.+  Облеката му стана блескава и многу бела, како што ниту еден чистач на облека на земјата не би можел да ја избели.+  И им се појавија Илија и Мојсеј, кои разговараа со Исус.+  А Петар му рече на Исус: „Учителе,* добро ни е овде. Затоа, ајде да подигнеме три шатори: еден за тебе, еден за Мојсеј и еден за Илија“.+  Всушност, не знаеше што да каже, бидејќи многу се уплашија.  И се создаде облак и ги засени, а од облакот дојде глас:+ „Ова е мојот сакан Син!+ Него слушајте го!“+  И наеднаш погледнаа наоколу, и повеќе никого не видоа покрај себе, освен Исус.+  А додека слегуваа од планината, тој им заповеда никому да не му раскажуваат+ што виделе сѐ додека Синот човечки не стане од мртвите.+ 10  И тие ги зедоа присрце тие зборови, но меѓу себе расправаа што значи тоа дека ќе стане од мртвите. 11  И го прашаа: „Зошто книжниците велат дека прво мора да дојде Илија?“+ 12  А тој им рече: „Навистина најпрво мора да дојде Илија и сѐ да обнови.+ Но како дошло до тоа да биде напишано за Синот човечки дека мора многу да претрпи+ и дека ќе биде презрен?+ 13  Но ви велам: Илија,+ веќе дојде, и му направија сѐ што сакаа, како што е напишано за него“.+ 14  Кога дојдоа кај другите ученици, забележаа многу народ околу нив и книжници како се препираат со нив.+ 15  Штом го здогледа, сиот тој народ ненадејно се стрча кон него и почна да го поздравува. 16  А тој ги запраша: „За што се препирате со нив?“ 17  Некој од народот му одговори: „Учителе, ти го доведов син ми зашто е обземен од дух, поради кој не може да зборува.+ 18  Каде и да го фати, го треснува одземи, а тој се запенува, чкрта со забите и ја губи силата. И им реков на твоите ученици да го истераат, но не можеа“.+ 19  А тој им рече: „О безверно поколение!+ До кога морам да останам со вас? До кога морам да ве поднесувам? Доведете го кај мене!“+ 20  И го доведоа кај него. Кога го здогледа, духот веднаш го фрли детето во грч. И детето падна наземи, па почна да се тркала и да се пени.+ 21  А Исус го праша татко му: „Колку долго му се случува ова?“ Тој рече: „Од детството. 22  И често го фрла и во оган и во вода за да го убие.+ Туку, ако можеш нешто да направиш, смилувај ни се и помогни ни“. 23  А Исус му рече: „Ми велиш: ‚Ако можеш‘! Сѐ е можно за оној што има вера“.+ 24  Таткото на детето веднаш извика: „Верувам! Но помогни ми да имам уште поголема вера“.+ 25  Забележувајќи дека народот брза кон нив, Исус го прекори+ нечистиот дух: „Духу, ти кој го правиш да биде нем и глув, ти заповедам, излези од него и повеќе не влегувај во него!“ 26  И откако извика и силно го згрчи детето, тој излезе.+ А момчето остана како мртво, така што повеќето велеа: „Мртво е!“ 27  Но Исус го фати за рака, го крена, и тоа стана.+ 28  Кога влезе во една куќа, неговите ученици го запрашаа насамо: „Зошто ние не можевме да го истераме?“+ 29  А тој им одговори: „Овој вид со ништо не може да се истера, освен со молитва“.+ 30  Оттаму заминаа и отидоа низ Галилеја, но тој не сакаше никој да дознае за тоа. 31  Зашто, ги поучуваше своите ученици и им велеше: „Синот човечки треба да биде предаден во рацете на луѓето. Тие ќе го убијат,+ но и покрај тоа што ќе биде убиен, ќе воскресне по три дена“.+ 32  Но тие не ги разбраа овие зборови, а се плашеа да го прашаат.+ 33  И дојдоа во Капернаум. Кога беше во куќата, ги праша: „За што расправавте по патот?“+ 34  А тие молчеа, бидејќи по патот расправаа за тоа кој од нив е поголем.+ 35  Тогаш тој седна и ги повика дванаесеттемина и им рече: „Ако некој сака да биде прв, нека биде последен од сите и нека им биде слуга на сите“.+ 36  И зеде едно дете, го постави меѓу нив и го прегрна, па им рече:+ 37  „Кој прима едно вакво дете во мое име, мене ме прима. А кој ме прима мене, не ме прима само мене туку и оној што ме испрати“.+ 38  Јован му рече: „Учителе, видовме како некој човек истерува демони во твое име, па го спречувавме,+ бидејќи не одеше со нас“.+ 39  Но Исус рече: „Не спречувајте го, зашто никој што ќе направи некое моќно дело* во мое име, не ќе може веднаш потоа да зборува лошо за мене.+ 40  Зашто, кој не е против нас, тој е за нас.+ 41  Зашто, кој вам ќе ви даде чаша+ вода поради тоа што му припаѓате на Христос,+ навистина, ви велам, нема да ја изгуби својата плата. 42  Но кој ќе поколеба во верата* еден од овие мали што веруваат, подобро би му било околу вратот да му стават мелнички камен што го врти магаре, и да биде фрлен в море.+ 43  Ако твојата рака те наведува на грев,* отсечи ја! Подобро ти е сакат да добиеш живот отколку со двете раце да отидеш во геената,* во огнот кој не може да се изгаси.+ 44  *—⁠⁠— 45  И ако твојата нога те наведува на грев, отсечи ја! Подобро ти е куц да добиеш живот+ отколку со двете нозе да бидеш фрлен во геената.+ 46  *—— 47  И ако твоето око те наведува на грев, извади го!+ Подобро ти е со едно око да влезеш во Божјето царство отколку со двете очи да бидеш фрлен во геената,+ 48  каде што црвите не умираат и огнот не гасне.+ 49  Зашто, секој ќе биде посолен со оган.+ 50  Солта е добра. Но, ако солта стане несолена, со што ќе ја осолите?+ Имајте сол+ во себе, и бидете во мир+ еден со друг“.

Фусноти

Види ја фуснотата за Мт 23:7.
Или: „некое чудо“.
Или: „ќе наведе на грев“. Буквално: „ќе наведе на спрепнување“.
Буквално: „на спрепнување“.
Види го додатокот 4.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.
Види ја фуснотата за Мт 17:21.