Матеј 15:1-39

15  Тогаш кај Исус дојдоа фарисеи и книжници од Ерусалим+ и го прашаа:  „Зошто твоите ученици го престапуваат преданието на нашите стари? Не го прават обредот на миење раце пред јадење“.+  А тој им одговори: „А зошто вие ја престапувате Божјата заповед поради вашето предание?+  На пример, Бог рекол: ‚Почитувај ги татка си и мајка си‘+ и ‚Кој ќе проколне татко или мајка, да биде погубен‘.+  А вие велите: ‚Оној што ќе му рече на татка си или на мајка си: „Она што го имам, а со кое би можел да ти помогнам, го одредив за Бог како дар“,  тој не мора да го почитува својот татко‘.+ И така ја обезвреднивте речта Божја поради вашето предание.+  Лицемери,+ добро пророкуваше за вас Исаија,+ кога рече:  ‚Овој народ ме почитува со усните, но срцето му е далеку од мене.+  Залудно ме почитуваат, бидејќи учењата за кои поучуваат се човечки заповеди‘ “.+ 10  Тогаш го викна мноштвото и му рече: „Слушајте и разберете!+ 11  Човекот не го валка она што влегува во устата, туку она што излегува од устата — тоа го валка човекот“.+ 12  Тогаш му пристапија учениците и му рекоа: „Знаеш ли дека фарисеите се навредија кога слушнаа што рече ти?“+ 13  А тој им одговори: „Секоја садница што не ја засадил мојот небесен Татко, ќе биде откорната.+ 14  Оставете ги. Тие се слепи водачи. А кога слепец води слепец, обајцата ќе паднат во јама“.+ 15  Тогаш Петар му рече: „Објасни ни ја таа споредба“.+ 16  А тој рече: „Зарем и вие уште не разбирате?+ 17  Не знаете ли дека сѐ што влегува во устата доаѓа во утробата и се исфрла во нужникот? 18  А она што излегува од устата, излегува од срцето, и тоа го валка човекот.+ 19  На пример, од срцето излегуваат зли мисли,+ убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули.+ 20  Тоа е она што го валка човекот, а ако не ги измил рацете според обредот, тоа не го валка човекот“.+ 21  Тогаш Исус замина оттаму и се повлече во тирските и сидонските краишта.+ 22  И гледај, една Феничанка+ од тие краишта дојде и извика: „Смилувај ми се,+ Господару, Сине Давидов! Ќерка ми е обземена од демони и ужасно страда“. 23  Но тој не ѝ одговори ниту збор. Затоа неговите ученици му пријдоа и го замолија: „Речи ѝ да си оди, зашто постојано вика по нас“. 24  Тогаш тој рече: „Не сум испратен кај никој друг, освен кај загубените овци на домот Израелов“.+ 25  А жената дојде, му се поклони и рече: „Господару, помогни ми!“+ 26  Тој ѝ одговори: „Не е исправно да им се земе лебот на децата и да им се фрли на кученцата“. 27  А таа рече: „Да, Господару, но кученцата сепак јадат од трошките што паѓаат од масата на нивните господари“.+ 28  Тогаш Исус ѝ рече: „О жено, голема е твојата вера. Нека ти биде како што сакаш“. И ќерка ѝ оздраве во тој час.+ 29  Штом замина оттаму, Исус дојде во близината на Галилејското Море,+ се искачи на планината+ и седна таму. 30  Тогаш му пристапи многу народ, доведувајќи со себе куци, сакати, слепи, неми и многу други, па ги положија пред неговите нозе, а тој ги излекува.+ 31  Кога виде дека немите зборуваат, куците одат и слепите гледаат, народот се восхитуваше и го славеше Богот на Израел.+ 32  А Исус ги викна кај себе своите ученици и им рече:+ „Жал ми е+ за народот, зашто веќе три дена се со мене, а немаат што да јадат. Не сакам да ги распуштам гладни, зашто би можеле да премалат по патот“. 33  А учениците го прашаа: „Од каде на ова пусто место да земеме доволно леб за да се насити толкав народ?“+ 34  Тогаш Исус им рече: „Колку леба имате?“ Тие одговорија: „Седум, и неколку рипчиња“. 35  И откако му рече на народот да испоседне* на земја, 36  ги зеде седумте леба и рибите и, откако му се заблагодари на Бог, ги раскрши и почна да им ги дели на учениците, а учениците на народот.+ 37  И сите јадоа и се наситија. Потоа ги собраа преостанатите парчиња — седум полни кошници.+ 38  А оние што јадеа беа четири илјади мажи, не сметајќи ги жените и децата. 39  Кога го распушти народот, влезе во чамецот и дојде во магаданскиот крај.+

Фусноти

Буквално: „исполегне“. Спореди ја фуснотата за Мт 9:10.