Матеј 22:1-46

22  Исус повторно им зборуваше со споредби:+  „Со царството небесно е како со човек, цар, кој приреди свадба+ за својот син.  И ги испрати своите робови да ги повикаат поканетите на свадбата,+ но тие не сакаа да дојдат.+  Повторно испрати други робови+ и им рече: ‚Кажете им на поканетите: „Еве, го зготвив јадењето,+ моите јунци и другата згоена стока се заклани, и сѐ е готово. Дојдете на свадба“ ‘.+  Но тие не беа заинтересирани за тоа, туку си отидоа — кој на својата нива, кој по својата трговска работа.+  А останатите ги фатија неговите робови, ги малтретираа и ги убија.+  А царот се разгневи и ја испрати својата војска, па ги погуби тие убијци и им го изгоре градот.+  Тогаш им рече на своите робови: ‚Свадбата е подготвена, но поканетите не беа достојни.+  Затоа одете по патиштата што водат надвор од градот и поканете го на свадба секого што ќе го најдете‘.+ 10  И робовите излегоа по патиштата и ги собраа сите што ги најдоа, и зли и добри.+ И свадбената сала се наполни со гости.*+ 11  Кога влезе да ги види гостите, царот здогледа таму еден човек кој не беше облечен во свадбена облека.+ 12  И му рече: ‚Пријателе, како влезе овде кога не си облечен во свадбена облека?‘+ А тој остана без зборови. 13  Тогаш царот им рече на своите слуги: ‚Врзете му ги рацете и нозете и исфлете го надвор во темнината! Таму ќе плаче и ќе чкрта со забите‘.+ 14  Зашто, мнозина се поканети, но малцина се избрани“.+ 15  Тогаш фарисеите отидоа и се договорија да го фатат за збор.+ 16  И му ги испратија своите ученици заедно со приврзаниците на Ирод+ за да го прашаат: „Учителе, знаеме дека ја зборуваш вистината, дека според вистината поучуваш за Божјиот пат и дека не си пристрасен, зашто не гледаш кој е кој.+ 17  Затоа, кажи ни што мислиш: дозволено ли е да му се плаќа данок на цезарот или не?“+ 18  Знаејќи ја нивната злоба, Исус им рече: „Зошто ме искушувате, лицемери?+ 19  Покажете ми една пара со која плаќате данок!“ И му донесоа еден денариј.* 20  А тој им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“+ 21  Тие му одговорија: „На цезарот“. Тогаш им рече: „Затоа, вратете му го цезаревото на цезарот, а Божјето на Бог!“+ 22  Кога го чуја тоа, се восхитија, па го оставија и си отидоа.+ 23  Тој ден му пристапија садукеите, кои велат дека нема воскресение, и го прашаа:+ 24  „Учителе, Мојсеј рече: ‚Ако некој умре без деца, неговиот брат нека се ожени со неговата жена и нека му подигне потомство на својот брат‘.+ 25  Кај нас си беа седум браќа. Првиот се ожени и умре, и, бидејќи немаше потомство, му ја остави својата жена на брата си.+ 26  Истото се случи и со вториот и со третиот, сѐ до седмиот.+ 27  Последна од сите умре жената. 28  Според тоа, при воскресението, кому од седумтемина ќе му биде жена? Зашто, сите ја имаа“.+ 29  Тогаш Исус им рече: „Вие сте во заблуда, бидејќи не ги познавате ниту Писмата ниту Божјата моќ.+ 30  Зашто, по воскресението, ниту ќе се женат ниту ќе се мажат,+ туку ќе бидат како ангели на небото. 31  А за воскресението на мртвите, зарем не сте читале што ви рекол Бог:+ 32  ‚Јас сум Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков‘?+ А тој не е Бог на мртвите, туку на живите“.+ 33  Кога го чу тоа, народот беше восхитен од неговото учење.+ 34  Кога чуја дека ги замолкнал садукеите, фарисеите се здружија со нив. 35  А еден од нив, кој беше законик,+ го праша за да го искуша: 36  „Учителе, која е најголемата заповед во Законот?“+ 37  Тој му одговори: „,Сакај го Јехова, својот Бог, со сето свое срце, и со сета своја душа, и со сиот свој ум‘.+ 38  Тоа е најголемата и прва заповед. 39  Втората, слична на неа, е оваа: ‚Сакај го својот ближен како себеси‘.+ 40  На овие две заповеди се темелат целиот Закон и Пророците“.+ 41  Кога фарисеите се собраа, Исус ги праша:+ 42  „Што мислите за Христос?* Чиј син е тој?“ Тие му одговорија: „Давидов“.+ 43  А тој им рече: „Како тогаш Давид под вдахновение+ го нарекува ‚Господар‘* кога вели: 44  ‚Јехова му рече на мојот Господар: „Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели под твоите нозе“ ‘?+ 45  Според тоа, ако Давид го нарекува ‚Господар‘, како тогаш му е син?“+ 46  И никој не можеше да му одговори ниту збор, и од тој ден никој повеќе не се осмели да го праша нешто.+

Фусноти

Буквално: „со оние што лежеа на трпезата“. Види ја фуснотата за Мт 9:10.
Види ја фуснотата за Мт 20:2.
Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Види го додатокот 11.