Матеј 24:1-51

24  Исус излезе од храмот и продолжи понатаму. Тогаш му пристапија неговите ученици за да му го покажат храмското здание.+  А тој им рече: „Го гледате ли сето ова? Вистина, ви велам, овде нема да биде оставен ниту камен на камен, сѐ ќе биде урнато“.+  Додека седеше на Маслинската Гора, учениците му пристапија насамо и му рекоа: „Кажи ни кога ќе биде тоа и кој ќе биде знакот на твојата присутност*+ и на свршетокот на овој поредок?“*+  Исус им одговори: „Пазете се некој да не ве заведе.+  Зашто, мнозина ќе дојдат во мое име и ќе велат: ‚Јас сум Христос‘.* И ќе заведат мнозина.+  Ќе чуете за војни на разни места. Гледајте да не се уплашите. Зашто, тоа мора да се случи, но тогаш уште не е крајот.+  Зашто, ќе се крене народ против народ+ и царство против царство,+ и ќе има глад+ и земјотреси+ на разни места.  Сето ова е почеток на болните неволји.  Тогаш од луѓето ќе трпите неволји+ и ќе ве убиваат,+ и сите народи ќе ве мразат+ поради моето име.+ 10  И мнозина тогаш ќе отпаднат од верата,+ и ќе се предаваат едни со други, и ќе се мразат едни со други.+ 11  Ќе се појават многу лажни пророци+ и ќе заведат мнозина.+ 12  Беззаконието ќе се зголеми,+ па кај мнозина љубовта ќе олади.+ 13  Но кој ќе истрае+ до крајот, тој ќе биде спасен.+ 14  И оваа добра вест+ за царството+ ќе биде проповедана по целиот свет,* за сведоштво на сите народи,+ и тогаш ќе дојде крајот.+ 15  Значи, кога ќе видите дека гадотијата+ која пустоши, за која зборувал пророкот Даниел, стои на свето место+ (читателот нека употреби проникливост), 16  тогаш оние што ќе бидат во Јудеја, нека бегаат+ во планините. 17  Кој ќе биде на покривот, нека не слегува да земе нешто од куќата. 18  И кој ќе биде на нивата, нека не се враќа дома за да си ја земе облеката. 19  Тешко на бремените жени и на доилките во тие денови!+ 20  Молете се вашето бегање да не се случи во зима или во сабота.* 21  Зашто, тогаш ќе има голема неволја+ каква што немало од почетокот на светот до сега,+ ниту повеќе ќе има. 22  И ако не се скратат тие дни, никој* нема да се спаси. Но заради избраните,+ ќе се скратат тие дни.+ 23  Ако некој тогаш ви рече: ‚Гледај, овде е Христос!‘+ — или: ‚Онде е!‘ — не верувајте.+ 24  Зашто, ќе се појават лажни Христоси+ и лажни пророци+ и ќе прават големи знаци+ и чуда за да ги заведат, ако е можно, и избраните.+ 25  Ете, ве предупредив.+ 26  Според тоа, ако ви речат: ‚Еве го во пустината‘, не излегувајте. Ако ви речат: ‚Еве го во тајните одаи‘, не верувајте.+ 27  Зашто, како што молњата+ излегува од исток и свети до запад, таква ќе биде присутноста* на Синот човечки.+ 28  Каде што има мрша, таму ќе се соберат орлите.+ 29  Веднаш по неволјата на тие дни, сонцето ќе потемни,+ месечината+ повеќе нема да свети, ѕвездите ќе паднат од небото и небесните сили ќе се затресат.+ 30  Тогаш на небото ќе се појави знакот на Синот човечки.+ И тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата.+ И ќе го видат Синот човечки како доаѓа на облаците небесни со сила и со голема слава.+ 31  И тој ќе ги испрати своите ангели со силен трубен звук,+ и тие ќе ги соберат неговите избрани+ од четирите страни на светот,*+ од едниот крај на небесата до другиот. 32  Учете од споредбата со смоквата. Кога од неа ќе потера гранка и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.+ 33  Така и вие, кога ќе го видите сето тоа, знајте дека Синот човечки е близу, пред вратата.+ 34  Вистина, ви велам, ова поколение+ нема да помине додека не се случи сето тоа. 35  Небото и земјата ќе поминат,+ но моите зборови нема да поминат.+ 36  А за тој ден и час+ никој не знае, ни ангелите на небото ни Синот, туку само Таткото.+ 37  Зашто, како што беше во деновите на Ное,+ таква ќе биде и присутноста* на Синот човечки.+ 38  Зашто, како што во тие денови пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и се мажеа, сѐ до денот кога Ное+ влезе во арката,+ 39  и не обрнуваа внимание додека не дојде потопот и ги однесе сите,+ таква ќе биде и присутноста* на Синот човечки. 40  Тогаш двајца ќе бидат на нива: едниот ќе биде земен, а другиот ќе биде оставен. 41  Две жени ќе мелат на рачна мелница:+ едната ќе биде земена, а другата ќе биде оставена.+ 42  Затоа, бдејте, зашто не знаете во кој ден доаѓа вашиот Господар.+ 43  Но едно знајте, кога домаќинот би знаел во која стража* ќе дојде крадецот,+ би останал буден и не би дозволил да му провали во куќата. 44  Затоа и вие бидете подготвени,+ зашто Синот човечки доаѓа во час кога не се надевате. 45  Значи, кој е верниот и разборит роб+ кого неговиот господар го поставил над своите слуги за да им дава храна во вистинско време?+ 46  Среќен+ е тој роб ако неговиот господар, кога ќе дојде, го најде да прави така! 47  Вистина, ви велам, ќе го постави над целиот свој имот.+ 48  Но, ако тој роб е зол и си рече во срцето:+ ‚Мојот господар доцни‘,+ 49  па почне да ги тепа другите робови и да јаде и да пие со пијаниците, 50  господарот на тој роб ќе дојде во ден кога не очекува и во час+ кога не насетува, 51  и ќе го казни најстрого+ и ќе го стави кај лицемерите. Таму ќе плаче и ќе чкрта со забите.+

Фусноти

Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Или: „Помазаник, Месија“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.
Буквално: „по целата населена земја“.
Буквално: „на сабат“. Види ја фуснотата за Мт 12:1. Види ја и фуснотата за саботен ден одење во Де 1:12.
Буквално: „ниту едно тело“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Буквално: „од четирите ветрови“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.
Види ја фуснотата за Мр 13:35.