Матеј 3:1-17

3  Во тие денови се појави Јован Крстител+ и проповедаше во Јудејската Пустина:*+  „Покајте се,+ зашто се приближи царството небесно!“+  Тоа е, всушност, оној за кого зборува пророкот Исаија+ кога вели: „Слушајте! Некој вика во пустината: ‚Подгответе му го патот на Јехова! Израмнете ги неговите патеки!‘ “+  А токму тој Јован имаше облека од камилски влакна+ и кожен појас околу половината,+ а скакулците+ и дивиот мед+ му беа храна.  Тогаш кај него доаѓаа луѓе од Ерусалим, од цела Јудеја и од целиот јордански крај  и тој ги крштаваше во реката Јордан,+ а тие јавно ги признаваа своите гревови.  Кога здогледа многу фарисеи и садукеи*+ како доаѓаат на местото каде што крштаваше, им рече: „Змиско легло!+ Кој ви кажал да бегате од гневот што доаѓа?+  И така, донесете плод кој одговара на вашето покајание!*+  И не осмелувајте се да си велите во себе: ‚Авраам ни е татко‘.+ Зашто, ви велам, Бог може и од овие камења да му подигне деца на Авраам.+ 10  Секирата+ е веќе ставена на коренот на дрвјата. Па така, секое дрво кое не донесува добар плод, се сече+ и се фрла во оган.+ 11  Јас ве крштавам со вода+ поради вашето покајание,+ но оној што доаѓа+ по мене е посилен од мене. Нему јас не сум достоен да му ги собујам ни сандалите.+ Тој ќе ве крсти со свет дух+ и со оган.+ 12  Лопатата за веење му е во раката, и ќе го исчисти своето гумно и ќе го собере своето жито во амбарот,+ а плевата ќе ја изгори+ во оган што не може да се изгасне“. 13  Тогаш Исус дојде од Галилеја+ на Јордан кај Јован за тој да го крсти.+ 14  Но Јован го одвраќаше: „Ти треба мене да ме крстиш, а ти доаѓаш кај мене?“ 15  А Исус му одговори: „Остави го сега тоа, зашто нам ни прилега да го извршиме на тој начин сето она што е праведно“.+ Тогаш престана да го одвраќа. 16  Кога се крсти, Исус веднаш се крена од водата. И гледај, небесата се отворија,+ и Јован виде како Божјиот дух слегува како гулаб+ и доаѓа на Исус.+ 17  И гледај, се чу глас+ од небото кој рече: „Ова е мојот сакан Син,+ кој ми е по волја!“+

Фусноти

Види го додатокот 12.
Фарисеите и садукеите припаѓале на две влијателни верски партии во јудаизмот во првиот век од нашата ера.
Буквално: „на промената на умот (на начинот на размислување)“.