Матеј 4:1-25
4 Тогаш духот го одведе Исус во пустината+ за Ѓаволот да го искуша.+
2 Откако постеше четириесет дни и четириесет ноќи,+ огладне.
3 И дојде Искушувачот,+ па му рече: „Ако си Божји син,+ кажи им на овие камења да станат лебови!“
4 А тој одговори: „Напишано е: ‚Човек не смее да живее само од леб, туку треба да живее и од секој збор што излегува од Јеховината уста‘ “.+
5 Тогаш Ѓаволот го одведе во светиот град,+ го постави на врвот од храмскиот ѕид
6 и му рече: „Ако си Божји син, фрли се долу!+ Зашто, напишано е: ‚На своите ангели ќе им заповеда за тебе, и тие ќе те носат на раце за да не удриш некаде со ногата во камен‘ “.+
7 А Исус му одговори: „Но напишано е и ова: ‚Не искушувај го Јехова, својот Бог!‘ “+
8 Потоа Ѓаволот го одведе на една мошне висока планина и му ги покажа сите царства на светот+ и нивната слава,
9 па му рече: „Сето ова ќе ти го дадам+ ако паднеш и ми се поклониш“.*+
10 Тогаш Исус му рече: „Бегај, Сатано! Зашто, напишано е: ‚Јехова, својот Бог, обожавај го*+ и само нему+ служи му!‘ “*+
11 Тогаш Ѓаволот го остави.+ И гледај, дојдоа ангели и почнаа да му служат.+
12 А кога чу дека го фатиле Јован,+ се повлече во Галилеја.+
13 И откако замина од Назарет, дојде и се насели во Капернаум+ покрај морето, на подрачјето на Завулон и Нефталим,+
14 за да се исполни она што беше речено преку пророкот Исаија:
15 „Земјо Завулонова и земјо Нефталимова, по должината на морскиот пат, од другата страна на Јордан, Галилејо на незнабошците!*+
16 Народот што живееше во темнина+ виде голема светлина.+ Над оние што живееја во земја на смртната сенка светна+ светлина“.+
17 Тогаш Исус почна да проповеда: „Покајте се,+ зашто се приближи небесното царство!“+
18 А одејќи покрај Галилејското Море,* виде двајца браќа, Симон,+ наречен Петар,+ и брат му Андреј, како спуштаат мрежа во морето, зашто беа рибари.
19 И им рече: „Тргнете по мене, и ќе ве направам рибари на луѓе!“+
20 И веднаш ги оставија мрежите+ и појдоа по него.*
21 Заминувајќи оттаму, виде други двајца кои беа браќа,+ Јаков, синот на Зеведеј,+ и брат му Јован, како во чамецот заедно со својот татко Зеведеј ги крпат мрежите. И ги повика.
22 Веднаш ги оставија чамецот и татка си, и појдоа по него.
23 И минуваше+ низ цела Галилеја,+ поучувајќи во нивните синагоги,+ проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секаква болест+ и секаква немоќ кај народот.
24 И веста за него се разнесе по цела Сирија.+ И му ги доведоа сите што страдаа,+ болни од разни болести и измачени, обземени од демони и епилептичари+ и парализирани, и тој ги излекува.
25 Затоа го следеше многу народ од Галилеја,+ и од Декаполис,* и од Ерусалим,+ и од Јудеја и од другата страна на Јордан.
Фусноти
^ Или: „ако покажеш почит кон мене; извршиш чин на обожавање во моја чест“.
^ Или: „врши му света служба“.
^ Буквално: „На Јехова, својот бог, клањај му се“.
^ Изразот „незнабошци“ во Библијата се однесува на не-Евреите (паганите), кои не го познавале вистинскиот Бог.
^ Изразот „појде (оди) по Исус“ се користи во преносна смисла и значи дека станале следбеници на Исус.
^ Или: „[На сојузот] на Десетте градови; Десеттоградието“.