Матеј 6:1-34
6 Внимавајте да не правите праведни дела+ пред луѓето за да ве видат. Инаку нема да добиете плата од својот Татко кој е на небесата.
2 Затоа, кога даваш милостина,+ не труби+ пред себе, како што прават лицемерите во синагогите и по улиците за да ги слават луѓето. Вистина, ви велам, тие веќе ја добиле својата плата.
3 А ти кога даваш милостина, твојата левица нека не знае што прави твојата десница,
4 за да биде твојата милостина во тајност. Тогаш твојот Татко, кој гледа во тајност, ќе ти возврати.+
5 Така и кога се молите, не бидете како лицемерите. Зашто, тие сакаат да се молат стоејќи+ во синагогите и на големите раскрсници за да ги видат луѓето.+ Вистина, ви велам, веќе ја примиле својата плата.
6 А ти, кога се молиш, влези во својата најскриена соба+ и затвори ја вратата, па помоли му се на својот Татко кој е во тајност.+ Тогаш твојот Татко, кој гледа во тајност, ќе ти возврати.
7 А кога се молите, не кажувајте секогаш едно исто,+ како што прават луѓето од светот, зашто тие мислат дека ќе бидат услишени затоа што користат многу зборови.
8 Затоа не бидете како нив, зашто Бог, вашиот Татко, знае што ви треба+ уште пред да го замолите.
9 Значи, молете се вака:+
‚Татко наш,* кој си на небесата, да се свети+ името твое.+
10 Да дојде царството+ твое. Да биде волјата твоја,+ како на небото така и на земјата.+
11 Лебот наш за овој ден дај ни го денес+
12 и прости ни ги нашите долгови, како што и ние им простуваме на нашите должници.*+
13 И не воведувај нѐ во искушение,*+ туку избави нѐ од Злобниот‘.+
14 Зашто, ако вие им ги простите на луѓето нивните престапи, и вашиот небесен Татко ќе ви прости вам.+
15 Но, ако вие не им ги простите на луѓето нивните престапи, ниту вашиот Татко нема да ви ги прости вам вашите престапи.+
16 Кога постите,+ немојте да имате* жалосен израз на лицето како лицемерите, зашто тие сакаат лицето да им изгледа мрачно за да ги видат луѓето дека постат.+ Вистина, ви велам, тие веќе ја примиле својата плата.
17 А ти, кога постиш, намачкај си ја главата и измиј си го лицето,+
18 за да не видат луѓето дека постиш, туку твојот Татко кој е во тајност.+ Тогаш твојот Татко, кој гледа во тајност, ќе ти возврати.
19 Престанете да собирате богатство+ на земјата, каде што молецот и ’рѓата нагризуваат и каде што крадци провалуваат и крадат.
20 Туку собирајте си богатство на небото,+ каде што ниту молец ниту ’рѓа не нагризуваат+ и каде што крадци не провалуваат и не крадат.
21 Зашто, каде ти е богатството, таму ќе ти биде и срцето.
22 Светилка на телото е окото.+ Значи, ако окото ти е бистро,* целото тело ќе ти биде светло.
23 Но, ако окото ти е злобно,*+ целото тело ќе ти биде темно. Ако светлината што е во тебе, всушност, е темнина, колку само е голема таа темнина!+
24 Никој не може да им робува на двајца господари, зашто или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го сака,+ или ќе биде приврзан кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да му робувате и на Бог и на богатството.+
25 Затоа ви велам: не бидете загрижени*+ за својот живот,* што ќе јадете или што ќе пиете, или за своето тело, што ќе облечете.+ Зарем не значи животот* повеќе отколку храната и телото повеќе отколку облеката?+
26 Погледнете ги птиците+ небесни, бидејќи тие ниту сеат, ниту жнеат, ниту во амбари собираат, а сепак вашиот небесен Татко ги храни. Зарем вие не вредите повеќе од нив?+
27 Кој од вас може со својата загриженост да го продолжи својот животен век макар малку?*+
28 Исто и за облеката, зошто сте загрижени? Гледајте ги полските кринови како растат!+ Ниту се мачат ниту предат,
29 но ви велам дека ни Соломон,+ во сета своја слава, не беше облечен како еден од нив.
30 А ако Бог така го облекува полското билје, кое денес го има, а утре се фрла в печка, нема ли многу повеќе да ве облече вас, маловерни?+
31 Затоа немојте да бидете загрижени+ и да велите: ‚Што ќе јадеме?‘ — или: ‚Што ќе пиеме?‘ — или: ‚Што ќе облечеме?‘
32 Зашто, со сето ова се преокупирани луѓето од светот. А вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето тоа.+
33 Затоа, барајте ги најнапред царството и Божјата праведност,+ а сето ова ќе ви се додаде.+
34 И така, не бидете загрижени за утрешниот ден,+ зашто утрешниот ден ќе си има свои грижи. На секој ден му е доволно неговото зло.
Фусноти
^ Традиционално: „Оче наш“.
^ Или: „нашите гревови... ние им простуваме на оние што ни грешат нам“.
^ Или: „не дозволувај да потклекнеме во искушение“.
^ Или: „престанете да правите“.
^ Или: „едноставно; справедливо; сосредоточено само на една работа; великодушно“.
^ Или: „расипано; завидливо“.
^ Буквално: „душа“.
^ Буквално: „душата“.
^ Или: „престанете да се грижите“.
^ Буквално: „за еден лакот“.