Михеј 2:1-13

2  „Тешко на оние што смислуваат злодела и измислуваат сплетки на своите постели!+ Штом ќе осамне утрото, ги извршуваат,+ зашто имаат моќ во рацете да го сторат тоа.+  Посакаат ли ниви, ги одземаат,+ и куќи, ги земаат, го мамат човекот и неговиот дом,+ со измама му го одземаат на човекот неговото наследство.+  Затоа вака вели Јехова: ‚Еве, на овој род+ му смислувам неволја+ од која вие нема да си го извлечете вратот,+ и нема повеќе да одите вообразено,+ зашто тоа е време на неволја.+  Луѓето ќе ве спомнуваат со презир*+ и ќе тажат, ќе тажат над вас со тажачки.+ Ќе се зборува: „Наполно сме опустошени!+ Тој им го дава на други наследството на нашиот народ.+ Како ни го одзема! Нашите ниви им ги раздава на неверните“.  Затоа, во заедницата* на Јеховиниот народ ќе нема кој да ти го измери со јаже делот што ти е одреден со ждрепка.+  Не пророкувајте!+ А тие пророкуваат лаги. За ова нема да пророкуваат. Понижувањата нема да се отстранат.+  Велиш ли, доме Јаковов:+ „Зар духот на Јехова стана незадоволен и дали се тоа негови дела?“+ Зар моите зборови не се за доброто+ на оној што живее* исправно?+  Вчера мојот народ се крена како лут непријател.+ Им ги одземате скапоцените украси што се носат напред на облеката, и тоа на оние што безгрижно минуваат, како оние што се враќаат од војна.  Жените на мојот народ ги истерувате од нивните мили домови. Од нивните деца ја одземате мојата слава+ засекогаш.+ 10  Станете и одете,+ зашто ова повеќе не е ваш мирен дом.+ Земјата станала нечиста,+ и затоа доаѓа пропаста, а пропаста е болна.+ 11  Ако човек што оди по ветрот и по измамата лаже:+ „Ќе ви зборувам за вино и за опоен пијалак“, тогаш тој и ќе му зборува на овој народ.+ 12  Навистина ќе го соберам Јаков, сите вас,+ навистина ќе ги соберам останатите од Израел.+ Ќе ги обединам како овци во трло, како стадо сред неговото пасиште.+ Таму ќе се чуе врева од луѓе‘.+ 13  Пред нив ќе оди оној што продира низ препрека,+ а по него и тие ќе продрат низ неа. И ќе поминат низ портата и ќе излезат низ неа.+ Нивниот цар ќе оди пред нив, а Јехова ќе им биде на чело.“+

Фусноти

Буквално: „во изрека (пословица)“.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Буквално: „оди“.