Михеј 7:1-20

7  Тешко мене,+ зашто станав како обрано летно овошје,* како она што се дособира по гроздобер.+ Нема грозд за јадење, ниту рана смоква што душата би ми ја посакала.+  Исчезна лојалниот од земјата и нема чесен човек меѓу луѓето.+ Сите демнат за да пролеат крв.+ Секој го лови својот брат и му поставува мрежа.+  Рацете им се на она што е зло за да го изведат вешто.+ Кнезот бара дар, судијата суди за подарок,+ големецот ја изнесува желбата на својата душа,+ и сите во тоа меѓусебно си потпомагаат.  Најдобриот меѓу нив е како трнлива грмушка, најчесниот е полош од трнлива жива ограда.+ Ќе дојде денот на твоите стражари, денот кога ќе бидеш казнет.+ Тогаш луѓето ќе се исплашат.+  Не верувајте му на другарот. Немајте доверба во доверливиот пријател.+ Внимавај што ти зборува устата пред онаа што ти лежи на градите.+  Зашто, синот го презира својот татко, ќерката станува против својата мајка+ и снаата против својата свекрва.+ Непријатели на човекот му се неговите домашни.+  А јас ќе гледам кон Јехова.+ Готов сум да го чекам Богот на моето спасение.+ Мојот Бог ќе ме услиши.+  Не радувај се над мене, непријателко моја!+ Иако паднав, ќе станам.+ Иако живеам во темнина,+ Јехова ќе ми биде светлина.+  Ќе ја поднесувам јароста на Јехова — зашто му згрешив+ — додека не ја заврши мојата парница и не ја спроведе правдата за мене.+ Тој ќе ме изведе на светлина, јас ќе ја гледам неговата праведност.+ 10  И мојата непријателка ќе го види тоа и срам ќе ја покрие таа+ што ми велеше: „Каде е Јехова, твојот Бог?“+ Моите очи ќе ја гледаат.+ Тогаш таа ќе биде изгазена како кал на улиците.+ 11  Во денот кога ќе се изградат твоите камени ѕидови, во тој ден одредбата ќе биде далеку.+ 12  Во тој ден кај тебе ќе дојдат луѓе од Асирија и од египетските градови, ќе дојдат од Египет дури до Реката,*+ и од море до море и од планина до планина.+ 13  И земјата ќе се претвори во пустош поради своите жители, поради плодовите на нивните дела.+ 14  Паси го својот народ со својот стап,+ стадото од твоето наследство кое живееше в шума+ осамено, среде еден овоштарник. Нека пасе во Васан и во Галад,+ како во дамнешни времиња.+ 15  „Ќе ви покажам чудесни дела, како во деновите кога излегувавте од египетската земја.+ 16  Народите ќе гледаат и ќе се засрамат од сета своја моќ.+ Ќе ја стават раката на уста+ и ушите ќе им се заглушат. 17  Ќе лижат прав како змии,+ како земните влекачи ќе излезат со страв од своите бедеми.+ Кај мене, Јехова Бог, ќе дојдат треперејќи и од мене ќе се бојат.“+ 18  Кој Бог е како тебе,+ кој ги простува грешките и преминува преку престапот+ на остатокот од своето наследство?+ Нема засекогаш да се гневи, зашто сака да покажува милост.*+ 19  Повторно ќе ни покаже милост,+ ќе ги згази нашите престапи.+ Сите нивни гревови ќе ги фрлиш во морските длабочини.+ 20  Ќе ја покажеш својата верност како што му ја покажа на Јаков, милост* како онаа што ја покажа кон Авраам, како што им се заколна на нашите прататковци од дамнешни денови.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Са 16:1.
Односно Еуфрат.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.