Наум 2:1-13

2  Оној што растерува се појави пред твоето лице.+ Чувај го утврденото место! Внимавај на патот! Подготви се за бој! Собери ја сета своја сила!+  Зашто, Јехова ќе ја обнови гордоста на Јаков,+ како што ја обнови гордоста на Израел, зашто пустошници ги опустошија нив+ и ги запустија нивните фиданки.+  Штитот на неговите јунаци е црвен, неговите храбри мажи се облечени во пурпур.+ Како оган блеска железото на бојните коли во денот кога се подготвува за бој. Борците замавнуваат со копјата.*  Бојните коли лудо возат по улиците.+ Јурат горе-долу по плоштадите. Личат на факли. Трчаат како молњи.+  Тој ќе се сети на своите јунаци.+ Тие ќе се сопнуваат додека одат.+ Ќе брзаат кон нејзинот ѕид, но веќе ќе биде поставена препрека.  Портите на реките ќе се отворат, и палатата ќе се урне.  Така е одредено. Таа е разоткриена. Ќе биде одведена во заробеништво,+ а нејзините робинки ќе тагуваат, пуштајќи глас како гулаби+ и удирајќи се по срце.+  Уште од самиот почеток, Ниневија+ беше како езеро полно со вода;+ но сега тие бегаат. „Застанете! Застанете!“ Но никој не се завртува.+  Пљачкајте сребро, пљачкајте злато!+ На скапоцените работи им нема крај. Драгоцености од секаков вид има во изобилство.+ 10  Празнина, ништожност и опустошен град!+ Срцето се топи,+ колената се тресат,+ сите бедра се во силни болки,+ на сите им се чита тегоба на лицето.+ 11  Каде е дувлото на лавовите и пештерата на младите лавови, каде што лавот одеше и каде што влегуваше,+ каде што беа лавчињата и каде што никој не ги плашеше?+ 12  Лавот раскинуваше доволно плен за своите младенчиња, го давеше за своите лавици. Своите дупки ги полнеше со плен и своите скривалишта со растргнати животни.+ 13  „Еве, доаѓам против тебе“, вели Јехова над војските,+ „и ќе ја изгорам нејзината бојна кола.+ Меч ќе ги проголта твоите млади лавови.+ Ќе го истребам од земјата твојот плен и никогаш повеќе нема да се слуша гласот на твоите гласници.“+

Фусноти

Буквално: „се тресат смреките“, фигуративен израз за копја направени од смреково дрво.