Неемија 12:1-47

12  Ова се свештениците и левити што дојдоа со Зоровавел,+ синот на Салатиел,+ и со Исус:+ Сераја, Еремија, Езра,  Амарија,+ Малух, Хатус,  Сеханија, Реум, Меремот,  Идо, Гинетој, Авија,  Мијамин, Маадија, Вилга,  Семаја,+ Јојарив, Једај,+  Салу,* Амок,+ Хелкија и Једај.+ Тоа беа свештеничките поглавари и нивните браќа во деновите на Исус.+  А левити беа Исус,+ Винуј,+ Кадмиел,+ Серевија, Јуда и Матанија,+ кој, заедно со своите браќа, управуваше со пеењето на благодарни песни.  Ваквукиј и Униј, нивни браќа, стоеја спроти нив на стражарска должност. 10  А на Исус му се роди Јојаким,+ а на Јојаким му се роди Елијасив,+ а на Елијасив му се роди Јојад.+ 11  На Јојад му се роди Јонатан, а на Јонатан му се роди Јадуа.+ 12  Во деновите на Јојаким, свештеници, родовски поглавари,+ беа следниве: од домот на Сераја+ — Мераја; од домот на Еремија — Ананија; 13  од домот на Езра+ — Месулам; од домот на Амарија — Јоанан; 14  од домот на Малухиј — Јонатан; од домот на Севанија+ — Јосиф; 15  од домот на Харим+ — Адна; од домот на Мерајот — Елкај; 16  од домот на Идо — Захарија; од домот на Гинетон — Месулам; 17  од домот на Авија+ — Зихриј; од домот на Минијамин* ...* од домот на Моадија — Филтај; 18  од домот на Вилга+ — Самуј; од домот на Семаја — Јонатан; 19  од домот на Јојарив — Матенај; од домот на Једај+ — Озиј; 20  од домот на Салај — Калај; од домот на Амок — Евер; 21  од домот на Хелкија — Асавија; од домот на Једај+ — Нетанел. 22  Во деновите на Елијасив,+ Јојад,+ Јоанан и Јадуа,+ беа попишани левитите, родовски поглавари, а и свештениците, сѐ до царувањето на Дариј Персиецот. 23  Синовите на Леви, родовски поглавари,+ беа попишувани во летописите сѐ до времето на Јоанан, синот на Елијасив. 24  А левитски поглавари беа Асавија, Серевија+ и Исус, синот на Кадмиел.+ Нивните браќа стоеја спроти нив за да упатуваат фалби и благодарности, по заповедта+ на Давид, Божјиот човек, едната стража до другата стража. 25  Матанија,+ Ваквукиј, Авдија, Месулам, Талмон и Акув+ чуваа стража како вратари,+ стражареа кај складиштето близу до портата. 26  Тие живееја во деновите на Јојаким,+ синот на Исус,+ син на Јоседек,+ и во деновите на управителот Неемија+ и на свештеникот Езра,+ препишувачот.+ 27  Кога се одржуваше свеченоста+ по повод подигањето на ерусалимскиот ѕид, ги бараа левитите, секаде каде што живееја, за да ги доведат во Ерусалим и да се одржи свеченоста со веселба, со благодарности+ и со песни+ во придружба на чинели, псалтири и харфи.+ 28  И се собраа синовите на пејачите од Јорданската Долина,*+ од сите краишта околу Ерусалим, од селата во кои живеат Нетофјаните,+ 29  од Вет-Гилгал+ и од полињата околу Гева+ и Азмавет,+ зашто пејачите си изградија села+ околу Ерусалим. 30  Свештениците и левитите се очистија+ самите, а потоа го очистија народот,+ портите+ и ѕидот.+ 31  Потоа ги изведов на ѕидот кнезовите+ на Јуда. И поставив два големи хора за да пеат благодарности+ и поставив поворки. Едниот одеше надесно по ѕидот кон Портата на Буништето.+ 32  А по нив одеа Осаја и половина од кнезовите на Јуда, 33  потоа Азарија, Езра, Месулам, 34  Јуда, Венијамин, Семаја и Еремија; 35  а од свештеничките синови со труби:+ Захарија, синот на Јонатан, син на Семаја, син на Матанија, син на Михаија, син на Захур,+ син на Асаф,+ 36  и неговите браќа Семаја, Азареил, Милалај, Гилалај, Мај, Нетанел, Јуда и Ананиј со инструментите+ на Давид, Божјиот човек. Препишувачот Езра+ одеше пред нив. 37  А кај Изворската Порта+ тргнаа право по Скалите+ на Давидовиот град,+ по ѕидната угорнина над Давидовиот дом, и одеа дури до Водната Порта+ на исток. 38  Другиот хор што пееше благодарности+ одеше напред, а по него јас и половина од народот, по ѕидот над Кулата на Фурните+ до Широкиот Ѕид,+ 39  потоа над Ефремовата Порта+ кон Портата на стариот град,+ па кон Рибната Порта,+ кон кулата на Ананел+ и Кулата Меја,+ и до Овчата Порта.+ И застанаа кај Стражарската Порта. 40  Најпосле двата хора што пееја благодарности+ застанаа кај домот+ на вистинскиот Бог, а исто така и јас и половина од намесниците со мене,+ 41  и свештениците Елијаким, Маасија, Минијамин, Михаија, Елиоенај, Захарија, Ананија со трубите,+ 42  потоа Маасија, Семаја, Елеазар, Озиј, Јоанан, Малхија, Елам и Есер. А пејачите пееја+ со својот надгледник Израј. 43  И на тој ден принесуваа големи жртви+ и се радуваа,+ зашто вистинскиот Бог им даде да се радуваат со голема радост.+ Се радуваа и жените+ и децата,+ така што радувањето на Ерусалим се слушна надалеку.+ 44  На тој ден беа поставени и луѓе да ги надгледуваат складиштата+ за резерви, за прилози,+ за првини+ и за десеттини,+ за во нив да се собира од градските ниви делот кој законот го пропишува+ за свештениците и левитите,+ зашто народот на Јуда се радуваше поради свештениците и левитите+ што беа во служба. 45  И почнаа да ги извршуваат своите должности+ кон својот Бог, како и службата за очистување за која беа задолжени,+ а исто така и пејачите+ и вратарите,+ според заповедта на Давид и на Соломон, неговиот син. 46  Зашто, уште од пред тоа, уште од деновите на Давид и Асаф, имаше поглавари на пејачите,+ песни на фалба и благодарности на Бог.+ 47  И целиот Израел во деновите на Зоровавел+ и во деновите на Неемија+ им даваше дел на пејачите+ и на вратарите,+ колку што им требаше за секој ден. И сите одвојуваа посветен дел за левитите,+ а левитите одвојуваа посветен дел за синовите на Арон.

Фусноти

Веројатно истата личност како и Салај во 20. стих.
Во 5. стих „Мијамин“.
Во хебрејскиот текст овде недостасува име.
Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.