Неемија 3:1-32

3  Тогаш станаа првосвештеникот Елијасив+ и неговите браќа, свештеници, и почнаа да ја градат Овчата Порта.+ Ја посветија+ и ѝ ги ставија крилата, го посветија тој дел од ѕидот дури до Кулата Меја+ и до кулата на Ананел.+  До нив градеа луѓето од Ерихон,+ а до нив градеше Захур, синот на Имри.  А Рибната Порта+ ја градеа синовите на Асенај. Изработија рамка од дрво,+ а потоа ги поставија крилата на портата,+ клиновите и резињата.+  До нив поправаше Меремот,+ синот на Урија,+ син на Акос, а до него поправаше Месулам,+ синот на Верехија, син на Месезавел, а до него поправаше Садок, синот на Вана.  До него поправаа Текојците,+ но нивните угледни луѓе+ не го наведнаа вратот за да им служат на своите господари.  Портата на стариот град+ ја поправаа Јојад, синот на Фасеј, и Месулам, синот на Весодија. Тие ја изработија рамката од дрво, а потоа ги поставија крилата на портата, клиновите и резињата.+  До нив поправаа Мелатија Гаваонецот+ и Јадон Меронотецот,+ луѓе од Гаваон+ и Миспа,+ кои беа под власта на управителите+ од онаа страна на Реката.+  До нив поправаше Узиел, синот на Арахија, еден од златарите,+ а до него поправаше Ананија, еден од мироварците.+ Тие го поплочија Ерусалим дури до Широкиот Ѕид.+  А до нив поправаше Рефаија, синот на Ор, кнез на половина ерусалимски округ. 10  До него поправаше Једај, синот на Арумаф, пред својата куќа,+ а до него поправаше Хатус, синот на Асавниј. 11  Друг дел, кој беше одреден со мерење, вклучувајќи ја и Кулата на Фурните,+ поправаа Малхија, синот на Харим,+ и Асув, синот на Фат-Моав.+ 12  До нив поправаше Салум, синот на Алоес, кнез+ на половина ерусалимски округ, тој и неговите ќерки. 13  Долинската Порта+ ја поправаа Анун и жителите на Заноја.+ Тие ја изградија, а потоа ѝ ги поставија крилата,+ клиновите+ и резињата.+ Освен тоа изградија и ѕид од илјада лакти,* дури до Портата на Буништето.+ 14  А Портата на Буништето ја поправаше Малхија, синот на Рихав, кнез на округот Вет-Акерем.+ Тој ја изгради и ѝ ги постави крилата, клиновите и резињата. 15  А Изворската Порта+ ја поправаше Салун, синот на Колхозеј, кнез на округот Миспа.+ Тој ја изгради, ја покри и ѝ ги постави крилата,+ клиновите и резињата. Освен тоа, изгради ѕид кај Каналското Езерце+ покрај Царевата Градина+ до Скалиштето+ што слегува од Давидовиот град.+ 16  По него поправаше Неемија, синот на Азвук, кнез на половина округ Вет-Сур,+ дури до местото спроти Давидовите гробници+ и до вештачкото езерце+ и до Куќата на Јунаците.+ 17  По нив поправаа левитите:+ Реум, синот на Вани,+ а до него за својот округ поправаше Асавија, кнез на половина кеилски+ округ. 18  По нив поправаа нивните браќа, Вавај, синот на Инадад, кнез на половина кеилски округ. 19  А до него Есер, синот на Исус,+ кнез на Миспа,+ поправаше друг дел спроти угорнината по која се оди до Оружарницата кај Потпората.*+ 20  По него Варух, синот на Завај,+ марливо работеше+ и го поправаше натамошниот дел, од Потпората до влезот во куќата на првосвештеникот Елијасив.+ 21  По него Меремот, синот на Урија,+ син на Акос, поправаше натамошен дел, од влезот во куќата на Елијасив до крајот на куќата на Елијасив. 22  По него поправаа свештениците, луѓе од Јорданската Долина.*+ 23  По нив поправаа Венијамин и Асув, пред своите куќи. По нив поправаше Азарија, синот на Маасија, син на Ананија, до својата куќа. 24  По него Винуј, синот на Инадад, поправаше натамошен дел, од куќата на Азарија до Потпората+ и до аголот. 25  По него Фалал, синот на Узај, поправаше спроти Потпората и горната кула, која се издигнува над царскиот дворец,+ а се наоѓа покрај стражарскиот двор.+ По него беше Федаија, синот на Фарос.+ 26  А нетините*+ што живееја на Офел+ поправаа дури до местото спроти Водната Порта+ на исток и до издадената кула. 27  По нив Текојците+ поправаа друг дел, од спроти големата издадена кула до ѕидот на Офел. 28  Погоре од Коњската Порта+ поправаа свештениците, секој пред својата куќа. 29  По нив поправаше Садок,+ синот на Имер, пред својата куќа. По него поправаше Семаја, синот на Сеханија, чувар на Источната Порта.+ 30  По нив Ананија, синот на Селемија, и Анун, шестиот син на Салаф, поправаа друг дел. По нив поправаше Месулам,+ синот на Верехија, спроти својата соба. 31  По него Малхија, кој беше член на златарското здружение,+ поправаше дури до куќата на нетините+ и трговците,+ спроти Надгледувачката Порта, и до горната соба на аголот. 32  А меѓу горната соба на аголот и Овчата Порта+ поправаа златарите и трговците.

Фусноти

Околу 445 метри. Види го додатокот 13.
Или: „Спојот на ѕидовите; Аголот“.
Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.
Види ги фуснотите за 4Мо 3:9 и 1Ле 9:2.