Неемија 5:1-19

5  И се крена голема викотница+ меѓу луѓето и нивните жени против нивните еврејски браќа.+  Едните велеа: „Своите синови и ќерки ги даваме како залог за да набавиме жито, та да јадеме и да останеме живи“.+  Други велеа: „Своите ниви, лозја и куќи ги даваме како залог+ за да набавиме жито додека трае овој глад“.  А имаше и такви што велеа: „Зедовме пари на заем заложувајќи ги своите ниви и лозја+ за да му платиме данок+ на царот.  А нашето тело е како и телото на нашите браќа,+ нашите синови се како и нивните синови, но ние мораме да ги даваме во ропство своите синови и ќерки,+ и некои наши ќерки веќе се робинки. Нашите раце се немоќни, зашто нашите ниви и лозја им припаѓаат на други“.  А јас многу се разлутив кога ја чув нивната викотница и тие нивни зборови.  Откако размислив, ги прекорив+ достоинствениците и намесниците: „Земате камати, и тоа лихварски,+ секој од својот брат“. Потоа, свикав голем собир поради нив.+  И им реков: „Ние сторивме сѐ што можевме за да ги откупиме+ нашите еврејски браќа што им беа продадени на други народи, па зар сега вие ќе ги продавате своите браќа,+ а ние повторно да ги откупуваме?“ Тогаш замолкнаа и не знаеја што да одговорат.+  А јас продолжив: „Не е добро тоа што го правите.+ Зар не треба да одите во страв+ пред нашиот Бог+ за да не ни се потсмеваат+ народите, нашите непријатели?+ 10  И јас и моите браќа и моите слуги им даваме на заем пари и жито. Но, ве молам, да престанеме да даваме заем со камата!+ 11  Ве молам, уште денес вратете им ги нивните ниви,+ лозја, маслинарници и нивните куќи и стоти дел* од парите, од житото, од младото вино и од маслото што го земате од нив како камата“. 12  А тие одговорија: „Ќе им вратиме+ и ништо нема да бараме од нив.+ Ќе направиме точно така како што рече“.+ Тогаш ги повикав свештениците и ги натерав да се заколнат дека ќе постапат според тие зборови.+ 13  И откако ги истресов пазувите, реков: „Така вистинскиот Бог нека го истресе од неговата куќа и од неговиот стекнат имот секој човек што нема да се држи за овие зборови. Така нека биде истресен и нека остане без ништо!“ А целата заедница* рече: „Така нека биде!“+ И почнаа да го фалат Јехова.+ Народот постапи според тие зборови.+ 14  Освен тоа, од денот кога ме постави за управител+ во земјата на Јуда, од дваесеттата+ до триесет и втората+ година на цар Артаксеркс,+ имено дванаесет години, ниту јас ниту моите браќа не јадевме управителски леб.+ 15  А претходните управители, моите претходници, му ставаа тежок товар на народот и секој ден земаа од него по четириесет сикли* сребро за леб и вино. А нивните слуги го угнетуваа народот.+ Но јас не постапував така+ од страв од Бог.+ 16  Освен тоа, помогнав во работата+ околу овој ѕид. И сите мои слуги беа собрани таму на работа, но не стекнавме ниту една нива.+ 17  На мојата маса имаше сто и педесет Евреи и намесници, покрај оние што доаѓаа кај нас од околните народи.+ 18  И секојдневно за мене се готвеше по едно говедо, по шест одбрани овци и птици, а на секои десет дена се донесуваа различни вина+ во изобилство. При сето тоа, не барав управителски леб зашто службата на овој народ беше тешка. 19  Сети се на мене,+ Боже мој, по доброто,+ поради сето она што го направив за овој народ.+

Фусноти

Или: „еден отсто“, кој го земале месечно.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Еден сикел тежел 11,4 грама. Види го додатокот 13.