Неемија 8:1-18

8  И сите од народот се собраа како еден+ на плоштадот+ што е пред Водната Порта.+ И му рекоа на препишувачот Езра+ да ја донесе книгата+ на Мојсеевиот закон,+ кој Јехова му го беше дал на Израел.+  И свештеникот+ Езра, на првиот ден од седмиот месец,+ го донесе законот пред заедницата,+ пред мажите, жените и пред сите што можеа да го разберат она што го слушаа.+  И од него читаше+ на глас на плоштадот што е пред Водната Порта, од зори+ до пладне, пред мажите, жените и пред другите што можеа да разберат. И целиот народ внимателно го слушаше+ читањето на книгата на законот.  Препишувачот Езра стоеше на дрвено подножје,+ кое го направија за таа пригода. До него оддесно стоеја Матитиј, Сема, Анаја, Урија, Хелкија и Маасија, а одлево Федаија, Мисаил, Малхија,+ Асум,+ Асвадан, Захарија и Месулам.  И Езра ја отвори+ книгата пред очите на сиот народ, зашто беше на повисоко место во однос на целиот народ, а кога ја отвори, сиот народ стана.+  Тогаш Езра го благослови Јехова,+ вистинскиот и велик Бог, а целиот народ одговори со подигнати раце:+ „Амин! Амин!“*+ Потоа сите се поклонија+ и паднаа ничкум пред Јехова, со лицето кон земјата.+  А левитите Исус, Вани, Серевија,+ Јамин, Акув, Саветај, Одија, Маасија, Келита, Азарија, Јозавад,+ Ханан и Пелаја+ му го објаснуваа законот на народот,+ а народот стоеше.+  И читаа+ на глас од книгата, од законот на вистинскиот Бог, го толкуваа и им помагаа на луѓето да ја сфатат неговата смисла. Така го разјаснуваа прочитаното.+  Потоа Неемија,+ односно тиршата,*+ и свештеникот Езра,+ препишувачот, и левитите што го поучуваа народот му рекоа на целиот народ: „Овој ден е свет за Јехова, вашиот Бог.+ Не тагувајте и не плачете!“+ Зашто, целиот народ плачеше додека ги слушаше зборовите на законот.+ 10  Тој уште им рече: „Одете, јадете најубави јадења и пијте благи пијалоци и испраќајте им храна како подарок+ на оние за кои не е приготвено ништо, зашто овој ден е свет за нашиот Господар. И не бидете жалосни, зашто Јеховината радост е ваша тврдина“. 11  И левитите им наредуваа на сите од народот да молчат, велејќи: „Смирете се, зашто овој ден е свет! Не жалостете се!“ 12  И сиот народ отиде да јаде и да пие, да испраќа храна како подарок+ и многу да се радува,+ зашто ги разбра зборовите што му беа објавени.+ 13  На вториот ден, родовските поглавари на целиот народ, свештениците и левитите се собраа околу препишувачот Езра да ги разгледуваат* зборовите на законот.+ 14  И во законот најдоа запишано дека Јехова, преку Мојсеј,+ им заповедал на синовите на Израел да живеат под сеници+ додека трае празникот во седмиот месец+ 15  и да објават+ и да разгласат по сите свои градови и по Ерусалим:+ „Одете во планините+ и донесете гранки од маслинки,+ гранки од маслени дрвја, гранки од мирта, гранки од палма и гранки од широколисни дрвја за да направите сеници, како што е запишано“. 16  И народот отиде и донесе гранки и си направи сеници, секој на својот покрив,+ и во своите дворови, и во дворовите+ на домот на вистинскиот Бог, и на плоштадот+ кај Водната Порта+ и на плоштадот кај Ефремовата Порта.+ 17  Така целата заедница од оние што се вратија од заробеништво направија сеници и живееја во сеници. А синовите на Израел не го имаа направено тоа од времето на Исус, синот на Навин,+ до тој ден, и нивната радост беше многу голема.+ 18  И секој ден се читаше на глас книгата на законот на вистинскиот Бог,+ од првиот до последниот ден. Седум дена го славеа празникот, а на осмиот ден беше свечениот собир, како што беше пропишано.+

Фусноти

Хебрејскиот збор „амин“ значи „така е“, „така нека биде“.
Види ја фуснотата за Езр 2:63.
Или: „да стекнат разбирање“. Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.