Осија 1:1-11

1  Јеховината реч+ што му дојде на Осија,+ синот на Веири, во деновите+ на Озија,+ Јотам,+ Ахаз+ и Езекија,+ цареви на Јуда, и во деновите на Јеровоам,+ синот на Јоас,+ царот на Израел.  Јеховината реч почна да доаѓа преку Осија. Јехова му рече на Осија: „Оди,+ ожени се со жена која ќе направи блуд и ќе роди деца од блуд, зашто поради блуд земјата ќе се одврати од Јехова“.+  И тој отиде и ја зеде Гомер, ќерката на Дивлаим, која забремени и му роди син.+  Тогаш Јехова му рече: „Стави му име Језраел,+ зашто уште малку и ќе побарам сметка од домот на Јуј за крвопролевањето во Језраел*+ и ќе му ставам крај на царувањето на домот на Израел.+  Во тој ден ќе го скршам лакот+ на Израел во језраелската долина“.  И таа пак забремени и роди ќерка. А Бог му рече: „Стави ѝ име Ло-Рухама,*+ зашто нема повеќе да бидам милостив+ кон домот на Израел, туку ќе го протерам.+  Но ќе бидам милостив кон домот на Јуда+ и ќе ги спасам јас, Јехова, нивниот Бог.+ Нема да ги спасам ниту со лак, ниту со меч, ниту со војна, ниту со коњи, ниту со коњаници“.+  А кога ја одби од градите Ло-Рухама, забремени и роди син.  И Бог рече: „Стави му име Ло-Амиј,* зашто вие не сте мој народ и јас нема да бидам ваш Бог. 10  Синовите Израелови ќе бидат бројни како песокта морска што не може ниту да се измери ниту да се изброи.+ И на местото каде што некогаш им се велеше: ‚Вие не сте мој народ‘,+ ќе бидат наречени ‚Синови на живиот Бог‘.+ 11  Ќе се соберат синовите на Јуда и синовите на Израел и ќе се обединат,+ па ќе си постават еден поглавар и ќе заминат од земјата,+ зашто голем ќе биде језраелскиот ден.+

Фусноти

Језраел бил царски град од кој владееле царевите на северен Израел, иако главниот град на царството бил Самарија. Види 2Ца 8:29; 9:15, 25, 30⁠-37; 10:1⁠-11.
„Ло-Рухама“ значи „онаа кон која нема милост“.
„Ло-Амиј“ значи „не е мој народ“.