Осија 11:1-12

11  „Кога Израел беше дете, јас го сакав,+ и од Египет го повикав својот син.+  Колку повеќе ги викаа Израелците+ толку повеќе тие се оддалечуваа од оние што ги викаа.+ Им принесуваа жртви на ликовите на Ваал+ и им гореа приноси на режаните ликови.+  А јас го учев Ефрем да оди,+ ги земав в раце,+ но тие не сакаа да признаат дека јас ги излекував.+  Ги привлекував со јажињата на земниот човек, со врвците на љубовта,+ и им бев како оние што го тргаат јаремот од нивната челуст,+ нежно ги хранев сите нив.+  Тој нема да се врати во египетската земја, туку Асирија ќе му биде цар,+ зашто не сакаа да се вратат кај мене.+  И мечот ќе беснее по неговите градови,+ ќе ги уништи неговите резиња и ќе ги проголта+ поради нивните сплетки.+  Народот мој е склон да ми биде неверен.+ Го викаат кај возвишениот,* но никој не станува.  Како да те оставам, Ефреме?+ Како да те напуштам, Израеле?+ Како да постапам со тебе како со Адма?+ Како да ти го направам истото што му го направив на Севоим?+ Ми се променија чувствата во срцето+ и се разгоре мојата сомилост.  Нема да го излеам својот распламтен гнев.+ Нема повторно да му донесам пропаст на Ефрем,+ зашто јас сум Бог,+ а не човек, Светецот кој е среде тебе.+ Нема да дојдам гневен. 10  Тие ќе одат по Јехова.+ Како лав тој ќе рикне,+ а кога ќе рикне,+ синовите треперејќи ќе дојдат од запад.+ 11  Треперејќи како птица ќе дојдат од Египет,+ и како гулаб — од асирската земја.+ И ќе ги населам во нивните куќи, вели Јехова.+ 12  Ефрем ме опколи со лаги+ и домот на Израел со измама. Но Јуда уште оди со Бог+ и верен му е на Најсветиот.“

Фусноти

Види ја фуснотата за Ос 7:16.