Осија 13:1-16

13  „Кога Ефрем зборуваше, луѓето трепереа. Тој беше моќен во Израел.+ Но си навлече вина поради Ваал+ и загина.+  А сега греши уште повеќе, си прави кипови излеани од сребро,+ идоли според своите замисли,+ а сите тие се само дело на вешти луѓе.+ И ним им велат: ‚Луѓето што принесуваат жртви нека ги бакнуваат ликовите на излеаните телиња!‘+  Затоа ќе бидат како утрински облаци+ и како роса, која брзо ја снемува, како плева што ветар ја разнесува од гумното+ и како дим што излегува низ отворот на покривот.  Но јас сум Јехова, твојот Бог, уште од египетската земја.+ Не познаваше друг Бог освен мене и немаше друг спасител освен мене.+  Јас се грижев за тебе во пустината,+ во земјата каде што владеат трески.+  Се наситија на своето пасиште.+ Се наситија, и нивното срце се вообрази,+ па ме заборавија.+  Затоа јас ќе им бидам како млад лав.+ Ќе демнам покрај патот како леопард.+  Ќе ги пресретнам како мечка која ги изгубила мечињата+ и ќе им ги раскинам градите до срцето. Ќе ги проголтам таму како лав,+ ѕвер полски ќе ги растргне.+  Сето тоа ќе те доведе до пропаст,+ Израеле, зашто ми згреши мене, на твојот помошник.+ 10  Каде е сега твојот цар за да те спаси во сите твои градови,+ и каде се твоите судии, за кои велеше: ‚Дај ми цар и кнезови‘?+ 11  Ти дадов цар во својата јарост+ и ќе ти го земам во својот гнев.+ 12  Врзан е престапот на Ефрем, зачуван е неговиот грев.+ 13  Ќе го фатат породилни болки како родилка.+ Тој е син кој нема мудрост+ зашто, кога ќе му дојде времето да се роди, не излегува од мајчината утроба.+ 14  Од раката на гробот* јас ќе ги откупам,+ од смрт ќе ги избавам.+ Смрт, каде ти се осилата?+ Гробу,* каде е твојата разорна моќ?+ Сомилоста ќе биде скриена од моите очи.+ 15  Дури и да биде плоден за да го има како трските,+ ќе дојде источен ветар, ветар Јеховин.+ Ќе дојде од пустината, ќе му го исуши кладенецот и ќе му го пресуши изворот.+ Ќе го ограби неговото богатство, сите негови драгоцености.+ 16  Самарија ќе ја носи својата вина,+ зашто се побуни против својот Бог.+ Тие ќе паднат од меч.+ Децата ќе им бидат здробени,+ а нивните трудници ќе бидат распорени.“+

Фусноти

Буквално: „Шеолу“.
Буквално: „шеолот“.